Јас стварно не знам што да му купам не сум многу при пари, а немам никаква идеја. Дајте ми некој предлог освен паричник, тоалетна вода , лосион после бричење, мече, срценца што да му подарам
Слика заедничка во некоја интересна рамка? Ако е спортски тип можеш и капче и привезок од омилениот тим, или слично..
Имам многу малку време до роденденот на дечко ми, но немам идеа никаква, значи долго време сме заедно и до сега му имам поклонето ама баш се што ми паднало на памтет (новчаник, каиш, книги, слики, албуми со заендички моменти, летни палтенца, дуксери, маички и слично.) е сега ќе ве замолам да ме посоветувате за некоја идеа но да биди нешто практично. Знам дека само јас си го познавам момечто и треба сама да одлучам но секоја идеа би била добредојдена. Ви благодарам
Срцката ептен ми олесна околу бирањето на роденденски подарок. Недела пред роденденот бевме во Солун на недела дена. Имаше спомнато дека сакал/барал некоја компјутерска игра. Јас кутрата се изнапрашував низ германос за на крај да му кажам што сум барала и неможев да најдам. Од Икеа ги бендиса една масичка (мобилна)- за лап топ, за книги,ептен практична. Таа му ја земав. Инаку до сега му имам подарено:патики,фармерки,сако,џемпер,масичката,маска за телефон,едно мало кожено и внатре има мали ливчиња бели,слики,во тегла со мали најлепше жеље и 50 причини зошто те сакам,боксерки,мало кутивче нешто со имитација лондон за кондоми.Ако се сетам на уште нешто ќе допишам,се надевам ке помогнам некому околу изборот за поклон.
Здраво девојки. Јас на дечко ми му земав парфем, маичка и интересни боксерици, сега сакам да му ги ставам во некоја кутија и во кутијата да има мали чоколатца,убаво да ја спакувам и да ставам голема машна. Сега сакам уште нешто да докупам ама немам некоја идеа, па ке ве замолам за мала помош да ми дадете уште некој предлог. Ви благодарам!
Напиши му некои пораки, ако е романтичен тип ќе му се допаднат.. Можеш некој купон да му земеш од страниве, групер, купинапопуст и др, има се и се што, пр. миење на кола, проверка на некои уља и чуда, масажи, и сл.
Фала ти многу kjukli. Може да му земам рамка со наша слика и некој купон од групер, таман да бидат 5 работи
епа вака...заедно сме 2 месеци а он за кратко ќе има роденден и не знам стварно што да му купам...ептен дечкото е на висока нога....и не сакам мечиња торти или слично....дајте идеја нешто
Следната недела му е роденден на дечко ми што да му купам освен саат, парфем, слика од нас во рамка и алишта некаква идеа?
Се согласувам, можеш часовник, новчаник, парфем некој од тие поскапите, убава колекција, има комплети во кутија убаво запакувани каиш, вратоврска, марама, пенкалце..
Јас имам една идеа. Ако е многу по благото, можеш во некое украсно кесе да му ставеш секаков вид чоколадца, бомбони, што ти душа сака.
јас купив во waikiki , а убави барем според мене имаше во tudors ( тука малку по класични модели ). Е другото сепак е се во вкусот, и до тоа какви раб. носи дечко ти ) се надевам дека помогнав... И п.с паричник не најдов, па купив машка колекција