Мене искрено многу ми е чудно,ама ептен чудно кога прашувате : -Со дечко ми сме во врска една година(значи пример за најмалку го земам) помогнете што да му купам за роденден? И добро сега вака гледано од моја перспектива,ако ти во рок од една година не си го запознала дечко ти што сакат,како можеме ние да ти кажеме што поклон да му купиш и притоа да му се допадне? Не знам ја сепак се водам според ова правило,ако ги знам кои се неговите афинитети зошто би прашувала некој друг што да му купам...Кога знам веќе што сака во животов и што би го правело среќен.
Најубав поклон за роденден - домашнма атмосфера шампајн торта малечка колку да се обележи денот нека биде облик срце рамка со ваши слики кошула часовник и неколку парфеми дездоранси се тоа наместено на масичка и запалени свеќи нормално во темна соба
исто така може да се направи некој уникатен поклон како што е шише со вино со слика од двајцата некоја убава порака и шишето добро украсено две чаши во кои се наоѓаат по неколку чоколатца со слика од двајцата и некоја убава порака на нив ели едноставо само да пишува ТЕ САКАМ. торта во вид на срце и свеќи се разбира за да биде романтично
Идеа за поклон во "достава"?!? Нема да бидам во државава кога му е роденден, а сакам нешто да му подготвам и организирам, па оставам. Се мислам меѓу торта или некое симболично поклонче. Можеби имате идеа или предлог околу реализацијава?
@Rubiii убаво од тебе што сакаш да го изненадиш на таков начин те подржувам да симболичен поклон може но јас би испратила едно писмо во кое би напишала нешто убаво би напишала за сите моменти поминати со него и секако да му го честитам роднденот
Можеби албум со ваши слики и по некоја порака од тебе до него ..и некоја ситница што него ќе му значи ти го познаваш најдобро и знаеш што би го изненадило најдобро..на што е љубител..можеби некое парче облека или часовник или нешто спортско..изненади го..што и да направиш верувам дека ќе го изненадиш бидејќи нема да бидеш во државава а сепак ќе помислиш на него
se soglasuvam so @DiamondGirll album so vasi sliki.jas na decko mi mu prirediv takvo iznenaduvanje za godisnicata na spomenar tetratka lepev sliki od ednata strana a od drugata pisuvav sto koga kako se slucilo togas za sekoja slika po nesto i mugo prativ po kargo....bese mn iznenaden....ako seuste si ovde mozes slicno nesto ostaj na drugarka nekoja ili drugar pa taj den neka se potrudat da stigne do nego.....
Обично за родендените му купувам нешто само за него мислам каиш, кошула, новчаник, парфем, нешто што знам дека го сака или дека му треба. Она слики и албуми од нас, љубовни писменца ги чувам како подарок за годишнина. Бидејќи нели годишнината е наш ден а роденденот си е само негов.
Со дечко ми сме 2 години и 5 месеци заедно Сега му се ближи роденденот па сакам да го изненадам нешто претходниот роденден му купував џемпер а еднаш рамка со наши слики сега сакам да му купам торта во облик на срце со интересен натпис, дали е тоа добра идеја и дали црвена да биде со фондан поубави се ? предлог каква торта ??? а освен тортата ќе напишам љубовно писменце
@srce-9 можеш да му купиш торта во облик на срце и да биде црвена ми се допаѓа идеата може да пишува на неа те сакам или нешто друго по твоја желба
@srce-9 торта е ок, али подобро купи големо колаче или ете мала торта има од канела, а со остатокот од парите нешто покорисно. Сепак 2 год сте заедно и некако ми е мал поклон тоа и откако ќе ја изедете нема да му остане ништо освен писменце. Види некое капче, шал, кожен ремен, новчаник, маичка, кошулка... Такви те сакам-ме сакаш, срциња работи се повеќе за годишнина, според мене.
Со дечко ми сме скоро 6 месеци заедно и би сакала да му купам парфем и некоја бомбоњера во вид на срце. Сакам уште едно нешто да му купам ама не знам што. За да ви олеснам за да ми помогнете, не би сакала да купам торта и да одам кај него, не би сакала нешто каиш, кошула. Сакав некоја книга бидејќи сака книги ама он ми купи книга за мојот роденден ( ме превари ). Сака Star Wars ама не знам дали би нашла нешто со тоа во мојов град. Си слуша рок/алтернативна музика и скромен дечко е. Често пати кај и да отидам надвор негде му купувам некое сувенирче. Стварно не знам што би му купила што би му се допаднало, иако знам дека што и да му купам ќе му се допаѓа ама сакам по негов мерак нешто да биде, пошто нели, негов роденден е. Направив еден портрет од него, тоа е handmade ама не го сметам за поклон, тоа е плус од чиста љубов. Ако има некој некаква идеја би сакала да сподели
Бидејќи слушат рок испечати му маица со неговиот омилен бенд Мислам дека најмногу би му се допаднало тоа Инаку на дечко ми бидејќи воопшто не му текнува да ми се јави ми текна еден креативен,а можеби и глуп подарок. Купив моливче со натпис "Јави ми сe" планирам да го спакувам во кутија за накит и внатре да напишам некоја порака,во смисла дека девојката има потреба од љубов и внимание. Па ако може некој предлог... Или не,глупа ми е идејава? Ај ве молам итно ми е... Фала
На дечко ми за 1 недела, му е роденден па планирав нешто вакво да направам: Со свеќи тие што се малечки да направам срце ,на некој картон или хамер да напишам среќен роденден и така натаму...една наша слика или неколку во албум 5 до 7 некој посебни..,една масичка да поставам со столчиња ,и да порачам пица бидејќи тоа сака мнг некој пијалок и на крај некое како ролатче со свекичка колку години ќе прави Сакам да ми кажете совет дали е премногу?Да не дојде ептен глупо :/
зошто не земеш да нарачаш или сама да направиш cap-cakes и на некоја од нив да има буква од (те сакам) и една со свека колку да си дувне.. тоа е нешто по романтично.. или во зависност од колку години има можеш малце по сериозни работи да се направат.. форма на бебе, пенис, срце, бурми.. што знам.. )
Видете девојки машките не се толку по романтиката,мој совет повеќе да се потрудите околу храната и после да му пружате орал па секс,и да бидите перверзно облечени,глумете некоја сцена од порнич.Мажите тоа го сметаат за најдобар начин на искажувајне љубов.Верувајте нема да згрешите
ПРЕКРАСНО само би додала наместо албум да направиш како колаж од тие слики во фото студио и да го урамиш мн добро ќе изгледа секоја чест, дај Боже сите вака да се трудат и сакаат ***