Кога сме кај изненадувања и поклони јас на женсками со која за 2 недели ќе славиме годишнина од врската планирав да ја изненадам со романтична вечера во некој луксузен ресторан потоа да ја однесам во некој по елитен хотел каде што вечерта ќе ја поминеме со шампањац лежејќи гушнати во џакузи.Романтична атмосфера,свеќи,јагоди,топено чоколадо.Што мислите девојки?
Ви благодара многу на тие што ми помогнавте...но бидејќи не можев тогаш на тој ден да му го дадам поклонот,сегa мислев нешто како колекција од нивеа што идат понеколку (мислам ме сфаќате на што мислам) би било убаво такво???
Девојки, помош! За шеснаесет дена му е роденден на дечко ми и немам идеја како да го изненадам. Сакам да биде нешто креативно и посебно. За жал во врска на далечина сме и не можам да го викнам кај мене дома а сакав да му направам нешто како филмска вечер. Во кино не ми се оди, така што можеме да се сретнеме само надвор. Тој е многу емотивен, многу романтичен, многу сака метал и аниме. Знам само дека ќе му направам торта, но што друго? Сакам да биде нешто оргинално и романтично ама сепак не премногу, тазе е врската. Нешто да си чува и да го потсеќа на мене. Предлози?
Поклонот се купува затоа што личноста ти значи, не за да се очекува нешто за возврат. Не се работи тука дали е некој должен или не да купува. Мислам дека не треба да се гледа дали некој ти купил нешто, што ти купил, колку чинело и сл. А доколку ете не купил за роденденот, ќе има други прилики, па можеби не бил во можност или му излегло друго тогаш, не треба да се прегледува.
Јас ги гледав само на амазон. И тоа има за цела фамилија. За жал кај нас не видов. Ако сепак има и јас би сакала да знам
Па зависи, ако сакаш нешто поскапо може некоја машинка за бричење, или некој квалитетен паричник, каиш. Или ако пуши зипо запалка? Еве имаше погоре и шише вино со 2 чаши и порака.
Дали знае некој отприлика колку се движи цена на златна белезница обична едноставна сакам да му купам за роденден на дечко ми
А од кај знаеш зошто не ти купил? Си го прашала? Можеби нема пари за да ти купи. Немора одма да му враќаш со иста мера или да му се налутиш. Сигурно има некоја причина што не ти купил.
Азашто да не и купи? Па и да немал пари, на светов не е сам можел да се зајми 100 денари или 50 денари едно чоколадо да и купи како гест дека му текнало дека и е роденден. Да си себичен за 50 денари да не можеш да се снајдеш тоа не можам да го разберам.
- Ташна, новчаник, убава кошула,џемперили друго парче облека. Можеш и убава перница за спиење, сет за мажи, патики во зависност од буџет, колку го познаваш, каков тип на човек е... Како и да е нека му е среќен )) а и што и да одбереш ќе му се допадне најважно е што се трудиш, прашуваш, мерак ти е
Јас му купив дебел џемпер со копчиња и кожни закрпи на лактите. Беше смешно што немав многу време за мислење и бирање, баш тој ден без негово знаење се договорив со свекор ми да ме земе од работа со кола, бевме до Сити мол по џемперот, па до Веро центар по малечка торта црвено срце, и свеќи од тие дречливите една 3ка и една нула. Среќа го прелажав дека морам подолго да останам на работа
Затоа што после 'истата таа' ке дојде на форумот и ке пишува во темата Најглуп подарок до сеа..ке рече ете ми купил нешто од се за сто ,копук еден не се ни потрудил нешто посаглам да најде,зар толку му вредам јас-ете затоа може ич ништо не купил.На балканот тоа ни е во крвта маани да фаќаме на се.
Ако врската се базира на постојани романтични изненадувања на, за вас, посебни датуми, скапи поклони итн, тоа по дифолт не значи дека во врската има премногу љубов. Ја сум му кажала на дечко ми сто пати, не ми требаат wow изненадувања, не ми требаат обележувања на месечнини со подароци и слично. Ништо од тоа за да знам дека ме сака, затоа што кога ми е најтешко, он е секогаш покрај мене, тој ме поддржува, тој верува во мене. Тоа е мерило за љубовта, во најтешките ситуации некој да е покрај тебе, а за роденден може и некој вчера што те упознал да фрли 100 евра (пошто има одвишок пари) на некој парфем, а утре нема ни да те познае на улица.
Jaс мислам дека не треба да си враќате еден на друг кој што наравил па јас сеа на него.... Ако имаш желба купи му, ако не (а чим пишуваш така?) значи очекуваш потврден одговор не му купувај... ,, должна у никој случај за ништо не си''. Се е сопствена волја ...