Може, на женско никогаш не му се доста ланчиња и обетки, а место букет јас мислам една црвена ружа или кала.
Ако е љубител на ланчиња и знаеш дека ќе го носи, земи и. Омиленото цвеќе и чоколадо се одличен додаток. Јас дури и повеќе ќе се израдувам на букетот и чоколадото,
@kjukli @Elence93 Ви благодарам многу на советите и одвоеното време. Навистина ми значеше. Се надевам дека ќе и се допадне сето тоа.
Што може да се купи за Дечко кој е 30 години ( а сака ДРОН) Божее..ем мн скапо ми е 3,500ден е..а друго сака трки такви работи.. Механика.. Бојадисување.. :/
Jas mislam deka podobar podarok od dobra partija seks i romanticna vecer nema za rodendenot na sakanata/ sakaniot Pa se drugo e trosenje vreme , pari , i misli dali ke mu se dopadne ili ne ...
Здраво девојки, сакам да му купам на дечко ми каиш за роденден (24ти), па дали знаете кај можам да најдам некој убав каиш? Спортски тип е инаку така да прашувам за некој casual каиш..
Наставник е по струка би било ли убаво да му купам пенкало од оние модерните, во кутифчиња убави?! М, што велите?!
I na mm mu se blizi rodendenot . Nemam ideja sto da mu kupam .. Predlozi ? Blagodaram odnapred za odvoenoto vreme i vlozeniot trud
Би била благодарна доколку и ти одвоиш време и го цениш моето време за постот и кажеш мислење.. Гледа то нај што сака да носи, кошула, дукс, пр рамка со слики ваши..
@Marojo budalO Мислам дека е одличен поклон тоа со пенкалото. Ептен ми се свиѓа бидејќи сум љубител на такви фенси пенкала. Инаку, на дечко ми досега му имам парфем поклонувано, пижами, книга, слика, чаша со натпис интересен, еден куп уметнички дела и сите си ги сака така да пробајте нешто нацртајте му, изработете му, нека не биде типичен подарок, бидете креативни. @elenkata20 и мојов сака дрон, ама не сум во состојба да му го купам така да пижами му купив и чоколадо. Штом сака трки и коли еве некоја феминка спомнала за трки му уплатила на дечко и. Не знам колку чини тоа ама ако ти е скапо купи му парфем, кошула, почести го со ручек/вечера...
@WarriorAngel а бе знаеш се што сака веќе се сум му изнакупила немам што веќе, како за старт на работата велиш убаво е .. Ќе биде Fala
Можеш и вечера да му зготвиш, ако оди по концерти купи му карти, ако имаш повише пари на располагање уплати викенд за вас двајца на Пониква, во Берово, било каде, секаде е убаво. Ем ќе се одморите, ем поубав поклон здравје! Јас милион идеи за поклони имам оти ногу сакам да поклонувам. Нема проблем
Охоо и јас имам идеи и јас сум ко тебе за тоа ама и факултет да си плаќам и да работам, луксузни поклони, за жал не можам засега да си дозволам
Најубав поклон за моиве заедничко прославени родендени со дечкото беше чинам лани беше. Се испративме ,веќе нели после 12 , се спремам да легнам и тргам јорганчето (преку сестра ми дхл ) завиткано поклонче. Ејј викам како се најде ова ,прво мислев од неа е. Отварам хартија , огрооомен албум , внатре слики од прва заедничка ,до последната до тогаш ,до секоја слика дата,дешавка и емоции како ни проаѓале 5год... Буквално сите битни работи запазени ! Мислам ниеден накит и др скапи не се споредува со секоја слика и искрена емоција. Еве ви моја идеја, поклон највреден до сега ,деф! секако оставен е пола празен ,дај Боже со поважни слики да се наполни цел , да гледаат правнуци
Се согласувам, јас му поклонив за првата годишнина албум со 10 слики а он во 4год го преполни, редно е да се купи нов . И машкиве им се радуваат на сликите
@Marojo budalO i jas mislam deka e sovrsen poklon moderno penkalo ubavo spakuvano , ili mozebi ( ako saka da cita knigi i bara nekoja dolgo vreme ) mozes i kniga da mu kupis , mislam deka bi bilo dobar poklon za eden profesor inaku mm kosuli nosi mn retko , samo za vaznite momenti . Nesto vo posledno vreme mu se uvrtelo da kupi plaslivec pistol , za koga ke se rodela kerka ni da proslavel . Arno sve toa , ama vo oruzana baraat lekarska dozvola i nekoi drugi dokumenti sto bi cinele okolu 6000 a pistolot e 8000 i e preskapo za moj dzeb . Mislev da mu kupam set koj bi sodrzel multinamensko dzebno noze , bateriska lamba i takvii slicni stvari , bidejki ima periodi koga ima tereni , prezivuvanje i snaogjanje vo priroda skoro bez nikakva oprema .. Sto mislite , dali e dobra ideja ?
Паа и не е лоша идеја, јас искрено секогаш гледам да е пред се корисно, ем да значи, ем да го потсеќа дека е од тебе кога ќе го носи. И секогаш гледај да купиш раб кои ги сака. . Инаку ништо, ќе се разочараш зошто така ќе стои на надкасна ..