Da ama pravi 18 godini i imam okolu 4500 denari i ke najdam ushte ako treba . No nemam nikakva ideja ne znam shto da kupam a da bide originalno nekako./
Па ова и не е многу оригинален подарок но ако не бива никаква друга опција тогаш може некој парфем или нешто слично.
На дечко ми му е роденден за неполна недела а после некој ден ни е годишнина. Јас вчера уплатив летување за двајцата преку групер и планирам да го испринтам купонот да го свиткам со мала панделка и да му го дадам. Мислам дека ќе додадам и чоколадо или нешто друго. Едвај чекам да дојде денот Мислите ли дека е добар подарокот? Сепак пред да се одлучиш за тоа треба да знаеш од прилика што планира и дали би можел да го поднесе финансиски патувањето бидејќи ќе му требаат пари за таму.
1 месец сме заедно,но не идеме,за 2 недели му е роденден Не сакам ништо премногу да му купувам како сат,а каиш,новчаник тоа пак ми е па премалце хахах
кај може да најдам оние како рамки со некоја порака? такви некои перничиња со пораки, и слично..?? Значии знам дека има неколку продавници по Скопје, али у момент на ниту една не можам да се сетам
Девојки, ми треба ваше мислење за мојава идеја за подарок за годишнина Порачав од интернет дуксерки за мене и за него, мојата е розова и пишува Mrs. а неговата е сива и пишува Mr. Мноооогу се слатки, знам дека ќе се изненади бидејќи тој ми ги имаше пратено и вика аа преслатко е и одлучив јас да ги купам од интернет ^^ Друго, планирам наша слика да ставам во убава рамка со срциња и на голем хамер во форма на срце да залепам пораки со причини поради кои го сакам..Си имам смислено многу убави пораки Што мислите?
Не е лошо, ама мислам дека подароков ти е посоодветен за ден на заљубените отколку за негов роденден.
А, да. Се извинувам, не обврнав внимание на тој дел зошто темава е подарок за роденден. За годишнина е супер
Девојки ми треба помош за поклон за матурска на дечко ми, сакам да биде нешто скапо, ама и нешто што ќе може да го искористи, да не биде пример како парфем да го искористи и потоа да го заборави...Мислев за вино,но не пие вино, и некако нема логика ве молам некоја препорака? Благодарам однапред
За роденден на дечко ми сакам да му купам некое убаво стило и ме интересира каде можам да најдам и од прилика како му се движат цените дали некој купувал? Видов имаше во Божиновски ама не прашав за цена.
Kupiv parfem za decko mi, ama ne znam sto uste nesto so parfemot da zemam. Predlog nekoj za rodenden?? Glupo mi e I kolekcija so parfemot ili da zemam? Sekoja idea dobrodojdena
Јас не прашувам за роденден туку за годишнина, знам (конечно) неколку работи шо сака и се думам меѓу ѕиден часовник со стара винтаж мапа од светот на неа или блуза за која кога му ја дадов да ја проба (тактиката ми е му давам рандом блузи постојано и онаа која ќе речи дека е уба знам во иднина ако сакам да го изненадам да ја земам), ми рече дека ако имал пари ќе ја земел до сега. Шарата на блузата е скоро иста како часовникот. Да имав пари ќе му ги земев двете ама сега веројатно ќе земам во комбинација со книга која ја нема читано а према описот ми има кажувано дека му звучела интересна да ја чита. Е сега уште не знам шо да земам часовникот или блузата... За роденден му дадов дуксер кој исто претходно знаев дека го сака па сега повеќе се клонам кон ѕидниот часовник зошто навистинс му треба и долго време бараше некој кој доволно ќе му се допадни и кога да го види овој часовник го гледа и подзастанва, ама па исто и за блузата. Мислење?