Не, имаше замислено поклоно врзан за балоните а они у кутија и коа ќе отворе кутијата да излезат балоните ама не бива така и сега незам шо
Врзи ги сите балони заедно со некој конец или сл. Заврзи му ги очите со марама и кога ќе му кажеш да ги отвори пушти ги да летнат. И дај му го поклонот. Инаку мислам дека освен ако не е премногу загреан за балони дека идејава нема нешто многу да го воодушеви. Ама направи така како што ти сакаш и чувствуваш. Тоа е најбитно.
Батали ги моите идеи. Направи како што ти чувствуваш. Можеби грешка сум. Може баш ќе му се допадне. Битно да е твоја желба и идеја и да си задоволна со тоа.
Девојки, му купив боксерици и ги испечатив. Сега сакам да ги ставам во кутија во форма на срце и со многу чоколадца внатре. Ама имам проблем. Не можам да најдам кутија во форма на срце, а да не е за женско. Може да ми кажете каде може да најдам таква кутија и да е за машко, не знам да не е розева или црвена затоа што сите се такви нека е некоја сина, зелена боја нешто така.
Во Веро Џамбо по скалите кај што се продааат незнам некој керамички украси одма има до него се пордаваат балони и gift картици јас за бифшиот купував ги има во различни големини јас најголемата ја купив 400 денари црвена во форма на срце .
Здраво женски, на дечко ми му се ближи роденден, ми треба некоа идеа, комбинација за поклон. Бидејки блузи, кошули, часовник, мече, чаши, алка, парфеми, рамка со слика....веке му имам дадено... И немам идеа што би можело друго!
размисли за нешто практично што би го користел.еве јас на дечко ми сеа му купив за роденден бокал со филтер за вода мислам на здравјето него,а и така он само флаширана пие цело време купува. можеш машинка за бричење. можеш некои интересни кригли за пиво. ако има хоби некое, нешто поврзано со тоа. еве дечко ми свири гитара, му имам разни реквизити купувано за гитара. исто и шах стаклен (игра шах). ти си го познаваш најдобро, мора да знајш на шо би се радувал. Блузи, парфеми е ептен досадо и поклон за секој.
не знам дали е соодветна тема ама ај ке си прашам..шо мислете дали треба да се купе поклон за роденден на бивши кој немате никаков контакт а сакате тоа да биде последно нешто шо правите за него...башка се шо ми имам купено не знае да го цене и не е благодарен......
Ништо не му купувај. Прво ти е бивши, второ немате никаков контакт, и последно и најважно не цени и не е благодарен. Просто и едноставно не заслужува.
Ако заслужува и ако мислиш дека и тој сеуште има чувства кон тебе подобро е да му се јавиш да му честиташ роденден да му посакаш се најубаво итн. отколку да му праќаш "тајни" подароци. Па може утредента ке те побара, ќе знае дека сеуште мислиш на него. Да не одиме офф топик. Ако ти треба некој совет пиши лп.
Devojki, kade pravat ubavi torti taka za rodendenski podarok? Sakam na decko mi da mu kupam torta so amblemot od klubot za koj naviva, no ne kiznaj kolku golema, pa sakam da ve prasam kade bi ja napravile ubava i kolku bi cinelo otprilika torta taka mala do sredna golemina? Vi blagodram!