Не знам дали е во соодветна тема прашањево, ама не знам каде да го поставам па решив овде. На дечко ми му е роденден за 2 месеци. Веќе премногу работи му имам купено досега и не сакам да се повторувам, па решив за овој роденден да го изненадам со некое патување. Е сега проблемот ми е што не знам за каде да земам карти.. Сакам да биде некоја романтична дестинација, тука негде во Европа. Ми требаат ваши предлози
Имаш мнооогу опции. Рим, Милано, Прага, Виена, Будимпешта, Барселона, Париз, just name it. Јас би пресметала колкав буџет за трошење имам/ имаме, па тогаш карти. Јер не е исто да отидеш во Барселона и во Париз.
Може не е за тука прашањето. Но сакам да прашам дали може од оние најмалите сликички од фото студио (што нели не даваат помалку од 4 да земеш), дали постои можност тие 4 малечки да бидат различни слики или мора сите 4 иста слика да бидат?
На дечко ми му е роденден за еден месец, ама немам идеја што да му подарам. Што би ми предложиле до 3000 денари? Инаку во врска сме 6 месеци и ова е прв роденден откако сме заедно, сакам да биде нешто убаво.
Зависи на што е љубител дечко ти. Можеш да му купиш некој убав парфем за таа цена сигурно ке најдеш солиден пафем,убав паричник,часовник.
Сакам на дечко ми за роденден да порачам да му направат торта. Јас една најдов на нет, ама се мислам да не е женска Еве слика од тортата само срцињата да ги има тоа доле лента ли е што ли е да ја нема. Така да е бела тортата и црвените срцена само и напишано нешто. На сликата пишуваше Birthday cake for her or him така да може и за женски и за машки. Вие што мислите?
За роденденот на мојот партнер му купив парфем. Го ставив во преубава кутија во форма на срце која ја наполнив со 18 гриоти бидејќи на 18ти му е роденден. Најгоре ставив роденденска честитка со уникатна посвета.
На дечково што излегувам, не сме во некоја официјална врска му е понеделник роденден, се мислам цел месец што да му купам и пак последен ден ќе треба. Некој предлог.. Има 25 години. Сака транс, техно, LOL и тие некои др игрички, Dragonball . Работата е што кратко сме заедно и не знам баш што да земам да не биде и премногу ама ни премалку..
Со дечко ми сме 2 години во врска и за некоја недела му е роденден. Му имам купувано парфеми, блузи, новчаник, и многу други работи, несакам да се повторуваат па сакам да ми кажете некоја интересна идеја. Значи торта, нешто свеќи такви работи не сака, јас мислев слика од нас двајцата да извадам да купам убава рамка, и мислев некое летно маиче да купам и парфем, ама незнам некако се ми е пак исто, затоа и пишав тука.
Купи му ги омилените патики,омилениот парфем,кошула,маичка летна или омилена слика од вас двајца и нека ти направат карикатура.
Можеш да му направиш Explosing box Спојлер: Explosing box Еве видео како можеш да го направиш - Интересни ми се и сликите карикатури, можеш да му направиш некој вид на колачиња, јас му имам направено јаготки со чоколада Спојлер: Чоколадни јагоди Еве и видео и поклонче машничка од bowtie Спојлер: Bowtie Еве на странава можеш да порачаш по 1000 денари се https://www.facebook.com/bowtierepublic/ ... Друго во моментов не ми текнува, ако ми дојдат идеи ќе ти пишам
Што мислите за тоа дека викаат "ако му купиш часовник на дечкото, ако се расипе часовникот ќе ви се расипе и врската"? Баш ме интересира вашето мислење за ова, јас имав предходно еден дечко со кој одев 2 години и му имав купено часовник, кога часовникот му се расипа 2/3 недели подоцна раскинавме Не ми е за верување, но ова чудно ми е
Чисти глупости се тоа. Не верувам. Му имам поклонето на дечко ми часовник, па еве здрави, живи заедно сме. Не се оптерерувајте со такви глупости.
Мноогу ти благодарам, но веќе му купи парфем David Beckham(пошто многу го сака парфемот) и една маичка така шаренка и големо милка чоколада и се тоа е спакувано во убава украсна кутија, и оваа недела ќе му го дадам