Zdravo..Za edna nedela mu e rodenden na partnerot..2 meseci sme zaedno..Bi sakala da mi pomognete okolu idejata i kreativnosta..Gledav idei na pinterest za sliki kako mal megjutoa nema koj da mi prati...razmisluvav za maicka od polo ili od replay ili paricnik od zara? Blagodaram odnapred inaku 23 polni..
Здраво дечки. Нова членка сум на форумов па ми требаше време додека да ја најдам соодветната тема. За десетина дена правам со дечко ми 1 година, сакам да му направам нешто интересно, не само да купам и да му дадам. Па би сакала да ве прашам за некој предлог за поклон. Мене ми текна на портрет или катикатура од нас и уште нешто ситно, но би сакала да чујам и ваше мислење Баш и јас тоа си размислував И јас моментално треба да најдам некој поклон. Не знам што му се допаѓа на твојот партнер ти најдобро си го познаваш. Може ќе ти се допадне мојата идеја да направиш портрет или карикатура ... ама ако ти текне нешто интересно кажи ми и мене
Паричник од massimo dutti или ralph loren..so baloni kolku sto polni godini i torta vo forma na srce kolku sto polni godini tolku svekji...i se spakuvano vo nekoja kutija unikatno...
Здраво, Денес е роденден на дечко ми,и сакам да му честитам роденден и преку радио но незнам како да смислам честитката да се многу изненади.Може помош
Уште малку му е роденден на сопругот. Ве молам идеја за поклон по можност да може да биде нешто персонализирано.
Тие персонализираните сега се "ин" на фб кружат еден куп страни што работат на тоа верувам и надвор, како шољи на пример со некој исказ романтичен или ти и тој испринтано или маица некоја, последно ми остави впечаток весна што прави рамки со цртање по желба и со искажана мисла.. јас би тоа на пример.
Уште 2 недели нецели му е роденден на партнерот,ама што се вика се му имам купено...И кошула,блуза,каиш,дуксерка,патики,саат....Така да идеи за нешто друго
Еве од мене една идеја, ова последно го праев јас т.е. сликава е превземена од интернет, но нешто слично изработив. За секое сетило, по едно поклонче. Изборот е преголем, имаш еден куп опции, а и не мора да биде нешто скапо, но симболично. Беше воодушевен.
За роденденот му купив парфем и кошула. Нема многу голем избор за машки. Пример сум му купила блузи, новчаник, слика од нас двајцата, парфеми... Не бирам дали е годишнина или роденден. Така ми доаѓа и оп ке му купам.
Можеш да и купиш: кожна ташна, кожен новчаник, сет од природна козметика, накит, саат, блуза, марама, апарат за домаќинство, обувки и сл. Можеш да купиш: сет, машинка за бричење или потстрижување, рачно изработена лептир машна и копчиња за кошула (копчињата можат да бидат со негови иницијали).
Не видов ваква тема ако има префрлете. Се ближи роденденот на дечко ми и нашата годишница,во ист месец роденденот на 11ти ама незнаеме датум за годишницата(негде после роденденот-една или две недели). Ми треба интересни мислења за подарок и како да направам. Инаку дечко ми полни 18. Се мислиме дали да ги прославиме двете заедно(што мене би ми било полесно со подарок) отколку посебно и треба два подароци... незнам како да направам,ако сте искусиле ве молам помогнете❤(за подарок повеќе префирам homemade, а него се ќе му одговара што и да му земам освен книги..)
Веќе некое време се мислам што да му земам за роденден, имам некои идеи ама би сакала некој совет. Она што е сигурно е дека планирам да му нарачам ЦД од неговиот омилен рапер, цело време ми збори за тој албум, така да тоа би ми било полн погодок, ама се мислам да му земам уште нешто зошто вака ми е многу штуро. Размислував да купам или нарачам некоја украсна кутија (ако нарачувам сакам да биде кутијата прасе themed ) и внатре да го ставам цд-то и уште нешто, можеби рамка со наша слика и плус нешто благо. Другата идеја ми го вклучува цд-то и торта или cupcakes во форма на прасе. Ако имате некои дополнителни идеи, добредојдени се.
Направете нешто вакво интересно, лично вие, па да видите колку ќе се испорадуваат на вакви работи. Еве ви една интересна идеа што јас исто ја подарив на дечко ми за роденден со наши чоколатца и испадна доста интересно.
Еве ви предлог за еден интересен поклон за партнер Купете му убави боксерки,шаренки Ги имате приметено оние како џеб внатре на боксерката што се?Епа таму ставете пакетче кондоми и земете убава картичка на која ќе напишете PULL DOWN INCASE OF EMERGENCY.Спакувајте ги во некоја кутија и во неа ставете мали чоколада.
Здраво.. Сакам да прашам дали некој од вас знае, каде би можела да купам постелнина од фудбалски клуб или нешто слично