Кога прв пат му беше роденден откако сме во врска му направив пооригинален подарок. Па може ќе ви биде инспирација ако немате идеја. Ова е единствената слика што ја пронајдов од тогаш: Му го подарив ова плус дебела блуза за во зима. На шолјата стои овој натпис: Спојлер Шолјата ја печатев во една печатница баш за такви намени каде печатат блузи, шолји и слични работи по желба. Им однесов само слика и ми ја направија шолјата. Потоа исеков ливчиња бели и на нив напишав кратки љубовни пораки, она што ми дојде од срце, плус исеков и обоив срциња па со нив ги залепив ливчињата со пораки. Купив и чоколатца и заедно со ливчињата ги ставив во чашата. Ова ми беше најоригиналниот подарок што сум му го подарила. И него многу му се допадна. Е сега, по 10 дена му е роденден и стварно не знам што да му подарам. Немам никаква идеја. Она што се подарува обично сум подарила. Па пред некој ден му реков да појдиме некаде да си одбери тој што сака да му купам. Па не може секоја година да имам оригинални идеи. Освен ако ви текнува нешто вас, можите да ми предложите.
Многу е тешко кога ќе ги исцрпеш сите идеи. Ние престанавме да си купуваме подароци. Може по некое чоколатце. Знаеме и да излеземе сами и да си се почастиме. И некако не ми фалат тие подароци. Многу подобро него ли да купам нешто без врска. Иначе овака и без причина си купуваме нешто, ако пример уз пат видиме и ни се допадне.
Ќе ти предложам една идеја па ако имаш трпение и ако ти се допаѓа, сметам дека е многу добар подарок. Јас му направив албум со наши слики од сите места кои сме ги посетиле заедно. Баш во Џамбо имаше таков албум со натпис Let's travel the world together или нешто слично, па испечатив слики и ги ставав во албумот по ред, од првата година па се досега. Се намачив доста со оглед на тоа дека имав милион слики од цела деценија. Под секоја слика го пишува месецот, годината и државата во која сме сликани. Многу му се допадна и сега заедно го полниме албумот, додаваме слики после секое патување и остануваат преубави спомени.
Супер идеја, ти благодарам, не ми текнало ова досега. Можам да се обидам да направам без тој да знае, не верувам да кошта многу, сум печатела слики и порано за други намени. Па тој нека си одбери нешто друго и нека мисли дека само тоа му е подарокот.
За роденден поклонувам нешто што ќе му користи и некоја ситница "романтична". Последниот пат си побара чанта и доби чанта, плус перце за гитара изгравирано и омилените колачи. @Amellie13 еве еден предлог, сега можеби немаш време, но за во иднина. Love letters from around the world се викаше мислам. Побарав од познаници, рандом луѓе од инстаграм, фб групи, да напишат порака за него и да сликаат со некоја знаменитост од градот каде што живеат. Потоа ги споив во видео. Можеби глупо изгледа, ама јас би сакала некој вака да се потруди за мене, поклон што се памети. Спојлер: Слики И кажи шо ќе одлучиш и мене ми треба
Албумот не беше нешто скап во случај да го земаш истиот, а слики зависи колку ќе ти требаат. Јас бидејќи имав многу слики ги правев како колаж и ги сечев после тоа, па можеш и така ако имаш повеќе. Зависно и која големина ќе сакаш. Мило ми е ако ти служи идејата Јас овој подарок го правев за годишнина, а за роденден секако подобро е нешто по негова желба и нешто креативно од твоја страна. Преубав предлог, браво за вложениот труд
Komentarov go imav pisano i vo druga tema , se izvinuvam sto se povtoruvam deckoto so kogo odev 6 god voopsto ne mi obrnuvase vnimanie, ni da me iznenadi, ni da se potrudi, za rodenden i sl, samo ke mi dadese pari i "kupi si sto sakas" ...p.s. jas za negov rodenden prvata godina mu kupiv casovnik ( ne bese kojznae kakva marka kostase okolu 1500den na mojata plata od 10000den sto ja zemav, nvm) mene licno mnogu mi se dopagase i so kef go birav, i koga mu go podariv ne bese bas iznenaden a jas insistirav da go stavi, a toj kao " ubav e ama mojov mnogu si go sakam i ne bi go vadel 100 evra e " nekoja marka bese ne se ni sekavam...i bas me povredi toa ..odtogas i jas taka pravev ke mu dadev pari i "kupi si, sreken rodenden" ...nikogas dodeka odevme ne go stavi na raka casovnikot nitu ednas... Sega imam nov decko so kogo sum okolu 3 meseci pa mi treba nekoj sovet sto da se podari? Iako se plasam i ovoj da ne ne mi go bendisa podarokot hah
Еве една идеја од мене: -упете 1 мала кутија во форма на срце ја има во VERO JUMBO -наполнете ја со кондоми -облечете се попровокативно -во домашна атмосфера една вечера згответе или купете нешто, свеќи и вино. -најсреќен роденден под чаршавите
Месеци пред роденденот мислам што му треба. Ама да не е нешто секојдневно, туку нешто што ќе го израдува. Дури и си запишувам идеи, пошто една глава за се, и за фризури и за памтење, и за работа, и за сабота...
Девојки, хелп. Ми треба мислење за идејава. Сакам на дечко ми да му земам 2 или 3 работи за роденден, зависи од финансии. Едната работа, видов една шолја во Преплет, баш пишував за тоа, пишува на неа "Љубов си ми" и цртеж две мечки како се гушкаат, а и фразава ми е мила пошто си ја користиме често. Втората работа, тврд шампон од Лаш, зошто има ептен проблем со првут, и косата и не наоѓа чаре со обични шампони а и + е што се од Лаш прекрасно мириса. Третата работа, се мислам некоја кошула со интересен дезен да му купам или џемперче. Ако немам доволно пари, би го скратила шампонот најверојатно. Вака, доста носи качкети, ама не знам кај да му најдам, плус да не му утнам. Фризер е по професија, се мислев и нешто поврзано со тоа, ама си има и алат, не му треба, а во тоа па ич не се разбирам.. Поклониве се мислам да ги спакувам во некоја поголема кутија, со машна со све, поубаво ми е него ли во ќесичка. Знам дека сум ко дете некое кога зборам за ова, ама хајпната сум ептен. Ок ми се идеиве или да мењам нешто?
Дали е океј за неговиот поклон за роденден направам нешто со заедничка слика или само него да го фаворизирам дека е негов ден?