Здраво ,на девојката му купив ланче за нејзиниот роденден,но сакам и уште нешто да му земам плус ,некоја идеја?
Можеш да и купиш некоја убава маичка или новчаник можеби и приврзок со нејзиното и твоето име изгравирано, можеш исто да купиш и долна облека имаш убави колекции секако доколку се познавате добро ако сте на почеток на врска не го купувај тоа. Парфем не би ти препорачала да и купиш бидејќи тоа е стандард сите купуваат и воопшто не е уникатно.
Pomosh zenski...Za eden mesec so dechko mi slavime godishnina pa sekoja ideja bi mi bila dobredojdena Ne sakam da kupuvam parfemi, novchanici i takvi raboti...Sakam da bidit neshto unikatno nekoja ideja so sliki ili neshto slichno jas da go napravam
Купи секси долен веш, уплати вечер во хотел, направи му стриптиз и мани му еден секс за паметење. Многу повеќе ќе му значи од било која 'уникатна' слика.
Мака намачив мислејќи се што да му купам за роденден. Некој предлог давајте, помагајте. Да не биде паричник, часовник или каиш. Минатиот роденден му подарив Sony слушалки, многу му се допаднаа. Ајде девојки, помагајте
Женски, ми треба некоја креативна идеја за подарок за годишнина на дечко ми.. Му купив убав поклон (нешто што знам дека му треба) и сега сакам нешто плус креативно и романтично да направам.. Само по можност да можам сама да го направам бидејќи само уште утре имам време
Почнав да размислувам за подарок за дечко ми, нешто сакам да биди интересно и романтично...нешто гледав како корпи со чоколатца украсени, ама кога ми ја кажаа цената - а си реков ќе ти купам трењерка уба дебела за тие пари....дали знаете некој да прави нека е и помало, до кај 600 денари барем...стварно ми е безвезе да таква работа преку 1000 и нешто да ми побараат....или ако имаме членка што се занимава со таква изработка уште подобро
Можеш сама да си направиш. Купи украсни кутии со различни големини, исечи ги рабовите, стави ги една водруга, можеш слики ваши да залепиш на страните и внатре да ја наполниш со чоколатца.
Може исто така каиш, новчаник, кошула, дуксер, перница некоја, чаша украсена, постери, привезоци, завиди какви интереси имаат. Ама во главно едните исти работи се вртат .
Е да видиш не ми текна на тоа, ама у секој случај полесно е да се купи за машко ние покомплицирани сме @Mony18 да видиш у рамстор молот горе кај книгите имаше некои привезоци
Можеш и сама Во Џамбо има убави кутии или од цвеќара. Ако е помал поклон можи и него внатре во кутијата, ако не само ќе ја наполниш со чоколада, вино и слично. И нека биде отворена. И поевтино и интересно за тебе. Спојлер: Пример Јас ова со чаша сум го правела, внатре во чашата чоколатца и нацртав две малечки слики со наш портрет како украс наместо панделки и ствари.
Абе рака на срце - барам некој да ми направи оти за декорации сум не нула, минуссссс сумммм....немам дарба, тоа е....ќе излези како некое дете мало таму да си играло и направило глупост.