Али експрес има се и сешто. Јас пуштам линк од xiaomi кој шо порачал било шо од нив знае дека е квалитетно, ако е кинеско. Баш кај нас по продавници продаваат секакви неквалитетни работи за тие пари. Ако сакаш нешто поарно земаш филипс и тое.
Па на филипс има за 2200-3000 ден само за бричење, .. која е логиката да земеш шаоми? Не потценувам кинеска електроника, ама додека стигне во МК со шипинг и ако се на лева нога станати па ти ја царинат пратката пошо е над 22 евра.. дупло ќе ти излезе. Дури и на Браун има за 3700.. Плус тоа имаш 2 год гаранција ако купиш во МК..
Јас од Нептун земав машинка за скратување на коса и брада, околу 3500 денари беше пред 3 години и сеуште функционира задоволен сум.
Над 45евра царина се плаќа. Сакам да споредам шо имам земано за поклон. филипс до 2500 ќе брка работа но xiaomi за тие пари се далеку подобри. Ете ако си во можност купи и спореди ги. Имам земано и од таму и од тука. Е сега филипс поскапите се друга работа.
Немам намера да се расправам, само ќе го ставам ова тука по 100ти пат.. Пред 3 недели платив еден куп пари поради тоа што пратката ми беше 22,07 евра, а мал град сите се знаат.. Една теткица што не ме сака нешто многу, ми направи да ја преплатам пратката.. Во неа имаше органски семки од домати и пиперки Така да.. подобро да не зборам што се имам пропатено со мк пошти
Те имат заокружено на ддв над 22евра, шо досега кај мене се нема случено, баш за стрижење машинка земав пред некој месец 40 евра нешто беше , ни ддв платив ни царина. Можеш да му нагласиш на продавачот да не те означува на ддв уствари да го означи под 20. До сега од подобрите продавници на алиекспес сите ги пишат под 20 ддв, не му одговара, сакат да си продадат. Вина е на продавницата, следи коментари на луѓе и бирај добри продавници.
На али експрес имам порачувано и над 22 евра, некои прифаќале да ми пишат вредност на пратка со се шипинг под 22 евра, а некои не прифаќале.. Некои имаат и многу нарачки, не ни читаат пораки.. Тоа не го наоѓам како вина на продавницата, тие најправедно си работат Тоа што нашава држава е лакома за пари е друга работа.. Иначе семките не беа од Али, туку од Холандија од специјализирана продавница за тие работи со нив нема шала, пиши ми 20 или 22е
Дечки ми треба идеја за тоа што да и поклонам на девојка ми за роденден. роденденот и е на 18ти април па веќе почнав да барам идеи. Не е воопшто 'женствена' девојка така да било што од шминка и накит, па дури и таква облека отпаѓа. Пред 8 месеци дојде да живее со мене во Малта, така да отпаѓа секоја идеја за подарок што би го имало само во Македонија. Инаку досега за било што да сум пробал да ја изненадам или да бидам романтичен кај нејзе не извадило никаква реакција и заради тоа и пишувам тука за идеја, пошто очигледно или јас не знам да изненадам и да одберам подарок или не знам што може да е проблемот стварно. Отворен сум за секакви предлози
Книги сака ли да чита? Ако вежба, нешто за вежбање може да земеш... Ако е пушач некој интересен уникатен упаљач.
Епа тешко ти е стварно тогаш... Да не е по гејмање? Филмови сака? Музика ваљда слуша? Можеш карти за концерт, за кино... Што хоби има?
Не гејма воопшто, филмови сака ама не премногу повеќе заради мене мислам дека гледа некогаш... Музика слуша спрско нешто ама не е по концерти и такви работи. Порано играла фудбал ама заради повреда морала да прекине (пред 5 години ова е сега е подобро ама не игра). Пробав дрес, патики за фудбал и професионална топка да и купам еднаш за подарок меѓутоа само тогаш го облече и толку. Хоби и е фотографирање и во слободно време седи на фб и инста така да ништо посебно. А околу фотографирањето има добар фотоапарат, неколку објективи, трипод и торбички за носење така да не знам што би можел баш за тоа.
Заборавив да спомнам, сака тигри многу па ја однесов еднаш во wildlife park каде што можеш да ги галиш и да се сликаш со нив одблиску и тогаш беше возбудена, ама мислам дека не можам пак на истото место да ја однесам, се осеќам како да нема да биде доволно нешто што веќе сме го направиле претходно и не би било плус некакво си изненадување...
Организирај кратко патување за двајцата тогаш некаде или ако не можете на повеќе дена, тогаш еднодневен излет во природа може или во некој убав ресторан надвор од градот. Ако сака благо може и да порачаш од страниве персонализирани подароци кај што прават да направат некој интересен подарок со благо, тие како кутии што ги прават интересни се. Може и заеднички фотографии да извадиш, албум ваш да направиш, ако сака фотографирање може и ова да и се допадне. Не ми текнува веќе и мене ништо друго.
Да ја однесиш некаде на викенд пример, каде што ем ќе си поминете убаво, ем ќе слика. Да тргнам од мене, не мора да е изненадување ниту пак голем гест. Доволно е вниманието. Ако еднаш си се сетил на убава идеја, не ќе можиш секоја година да се натпреваруваш да е уште подобро, некогаш ќе е само парфемче и чоколадо, некогаш галење тигри.
Не е баш по благото, од искуство знам А за патување не можеме да излеземе од Малта моментално, барем до мај. Можам да ја однесам во ресторан на убаво место ама не е многу по рестораните искрено... А сакам баш да ја изненадам, да направам да се чувствува преубаво затоа што ја сакам и знам дека заслужува. Можеби можам да и направам како ден-авантура да прошетаме на неколку убави места, ама сакав да и дадам и некаков подарок а стварно немам идеја што. Од се што и имам земено освен телефонот добро и привезок за клучеви друго ништо не носи. Би сакал да ја однесам и на некаква масажа или спа третман и и спомнав еднаш оддалеку ама ми рече дека не би можела од срам
Ќе патуваме летоска сигурно ама баш сега нема да можеме. Внимание и љубов ќе добие секако Фала ти на мислата дека не можам да се натпреварувам сам со себе секој пат пошто мислам дека тоа и го правам. Ама во право со вниманието и љубовта се најважни.
Епа да, мислам идејата за прошетка е убава. И ќе може и да фотографира како што кажа @Ugly Duckling. Тоа е супер. А, за подарок можеш и нешто од технологија тогаш, штом телефонот и се допаднал. Бар тоа сите денеска користиме. Можеш некој интересен маус, слушалки, безжични слушалки, USB од тие интересните што ги има, со уникатен изглед, не класични... Да отидеш кај што продаваат такви ствари сигурно и појше идеи ќе ти текнат кога ќе видиш што се има.
Е можам нови безжични слушалки да и земам да и уште нешто од гаџети ако најдам Топ, фала ти за идејата. Тоа и ќе го направам, дополнително на другото. Инаку не знам дали е океј тука да прашам, ако не е океј се извинувам. Ме има закачнато еднаш за зимање и нешто во тој контекст. Јас ја сакам и заедно сме 2 години и 3 месеци, од кои 8 месеци живееме заедно меѓутоа мислам дека е рано за запросувања и слично или можеби сум грешка и тоа очекува па затоа тешко е да ја импресионирам со други изненадувања?!