Е добро е, мило ми е на крај што ти помогнав , се надевам ќе и се допадне и дека убаво ќе си поминете. Па, за запросувањето секој пар различно. Јас скоро 4г врска имам и млади сме, ни на крај памет не ми е сега да ме запроси, ни па заеднички живот. А, има други што помалку од нас имале врска, па се земале. Секој пар си знае за себе најдобро, сам си одлучува, не зависи од времето на врската... Ако живеете веќе заедно, којзнае може и да очекува нешто повеќе веќе. Сте разговарале до сега на тема брак, што мисли за тоа она? Може и не е многу по подароци, па затоа така ти делува. Вака како што кажа специфична е, гледам многу работи не и се свиѓаат. Може и нема врска со тоа да чека запросување... Сепак ти најдобро ја познаваш.
Ако сака после од болница да ни пишува како изреагирала, оти многу е веројатно тавата по глава да ја добие..
Хахах леле бе... јас имам купувано тави и кујнски реквизити и направи ама не за роденден сигурно. Кога се работи за подарок личен не можам да и земам нешто такво. Ќе изедам ќотек стварно
Фала ти. И јас се надевам дека убаво ќе си поминеме. Инаку на тема брак сме разговарале ама повеќе во смисла како би сакале да ни биде животот за десет години или слично. Не дека јас не сакам или нешто само ете се осеќам како малку рано да е. Сепак тоа е одлука за цел живот, сакам и двајцата да сме 100% сигурни дека тоа е тоа што го сакаме пред да се одлучиме.
@Dreamer 777 се согласувам со идеите на @Dream-Girl и @Ugly Duckling за безжични слушалки и прошетка/пикник за викенд. Ако сака многу тигри јас би предложила и плишан тигар. Или некоја маичка, шолја испечатени со тигар. Кажувам од моја перспектива дека би се израдувала многу да добијам плишана играчка/маичка/шолја од омиленото животно, не знам таа како гледа на овие работи. Мене ми се ептен кјут. Мада најбитно е вниманието, помислата според мене. А за предлог за брак не можам да кажувам, тоа вие најдобро си знаете. Како и да е, мислам дека треба да имате зборувано колку толку на оваа тема, бидејќи сепак е нешто сериозно.
Некои слатки пижамки со тигар и плишан тигар ,можеш и некое слатко тепихче за во соба или прекривачи нешто така може ќе и се допадне.
Можеш да и спремиш романтична вечера со нејзиното омилено јадење, ама ти да го направиш, не да го нарачаш, не мора секогаш да и купуваш поклони, или да и земиш нешто што има кажано дека сака, знаеш некогаш уз муабет си кажваме што ни треба, можиш да ги имаш во предвид и претходните предлози што ти ги дадоја
Девојки здраво, сакав да ве прашам за идеи за роденденски подарок за вереникот цена до 100 евра да е. Досега се и сешто сум му купила, имам и организирано тури надвор од градот и слично, па сега немам ниту една идеја и не сум многу креативна периодов Би сакала ваше мислење, би ви била благодарна.
Хмм можиш за тие пари да искомбинираш нешто од спортскиве продавници дуксер, патики, можиш да му купиш кафемат(таман заедно ќе си го користите),акустична гитара како украс, карикатура со вас двајца
Здраво, ве молам дајте ми идеја за роденденски подарок за дечко (29) до 100-150 е. Само да не е гардероба, парфем, машинка за бричење и патување. Некој пијалок ќе земам сигурно, но друго што би земала немам идеја…
Zdravo dali ke moze da mi predlozite sto bi mozela da mu napravam i kupam na decko mi sa godisnina,ovaa ni e prva i sakam da bide nesto poubavo.
Треба да пишеш каков тип на човек е за да ти предложиме подарок, вака од око никој не би знаел што да купиш и што да направиш да ти даде предлог.. Дали сака изненадувања, дали сака технологија, сака брендирана гардероба, сака шетање, мора да знаеме за да ти дадеме добра идеја.
На дечко ми сакам пури и интересна запалка да му земам за роденден. Каде да најдам? Не сум пушач и не сум баш упатена во ова