1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Роденденски подарок за партнерот

Дискусија во 'Врски' започната од flower, 25 ноември 2009.

  1. Modernistka

    Modernistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2018
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Здравоо се ближи роденденотна мојот дечко,сепак сме 5 месеци во врска.Што би можела да му купам?
    По професија е фудбалер
     
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.025
    Пол:
    Женски
    Дрес од омилен клуб или играч,карта за некој натпревар ,или сосема различно нешто ,вечера па да одите на кино или на концерт на неговиот омилен бенд ,милион идеи има само да е нешто што ќе ве исполнува и двајцата
     
    На sunshinebabe му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Indigo Candy

    Indigo Candy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2020
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    28
    Каде можам да најдам мечинг пижами за со партнерот?
     
  4. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.616
    Пол:
    Женски
    Провери во Sara Fashion.
     
  5. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Не знам дали има ваква тема, ама што поклонувате на мајката на партнерот за роденден?
     
  6. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.739
    Пол:
    Женски
    Ништо немам подарено на мајките на дечковци во ниедна врска. Не гледам потреба од тоа освен ако не сте верени и ептен да сте веќе фамилијарно блиски.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  7. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    Можеш букет цвеќе, паричник од дуки дасо или друга слична фирма, марама, книга ако е љубител…
     
    На Kimberly11 и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  8. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    600
    Пол:
    Женски
    Паричник, ташна, книга, обетки, марама, пижами...

    Каква врска има тоа дали се верени?
    Може сеуште не се ама се подолго време заедно и се доволно блиски.
     
    Последна измена: 14 ноември 2022
    На cresa-jagoda и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  9. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Не сме верени ама блиски сме.
     
    На Amelia. му/ѝ се допаѓа ова.
  10. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.739
    Пол:
    Женски
    Не знам, чудно ми дојде, пред некое време како да те прочитав дека сте 1 месец, затоа се зачудив од каде поклон за мајка во толку кратка врска.
     
  11. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.513
    Пол:
    Женски
    Не е за роденден, ама не знаев кај да прашам.

    Девојки дали мислите дека е добра идеја на партнерот да му подарам лампиони со наши имиња?
     
  12. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    43.065
    Пол:
    Женски
    Искрено, јас поќе сум за не. Да не генерализирам ама не знам маж колку воопшто му е гајле за лампиони. А второ, ако живее со неговите и китат елка среде соба, дали ќе ги стави е прашање. Ако веќе сакаш лампион, можи да е подобро со некој збор/лик од филм, музика, хоби.

    Општо не сум фан на персонализирани поклони од двајцата шо би биле центар на внимание во собата. Мое мислење, можи грешам, да видиме другите шо мислат. :$
    Извини ако ти расипав ќеф.
     
    На boo3, minne992, Glowy и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Исто мислам. Секогаш гледам нешто покорисно што ќе му користи повеќе да му земам, не гледам да е толку уникатно и персонализирано. Исто и тој, сум му рекла дека нема потреба да се мачи толку за такви подароци кога и нешто што користам секојдневно и онака и не е толку уникатно исто ќе ми се допадне и може повеќе примена ќе му најдам него со имиња, гравирано, не знам што. И тргнувам и од себе плус, лично не сакам такви подароци, незгодно ми е некако дома пред сите да ми стојат. Или не мора да е само за дома, на пример накит со наши имиња, букви, некако не е мој стил. Повеќе сакам нешто класично.
     
    На minne992, Flower27, Amelia. и 4 други им се допаѓа ова.
  14. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.169
    Допаѓања:
    32.556
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е cute идејата :$ Но не мора со вашите имиња поради причините што ги набројаа Агли и Дрим, туку може со лампиони во форма на лимон, или нацртани лимончиња... баш интересна приказна имате при запознавањето, прочитав пред некој ден :lol:
     
    На Glowy, cresa-jagoda, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.513
    Пол:
    Женски
    За тебе со пастрмка ќе ти најдам лампион. ]:) :P
     
    На nextredstyle и f.girl им се допаѓа ова.
  16. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.513
    Пол:
    Женски
    Фала ви девојки. :l:
     
    На Dream-Girl, Ugly Duckling и f.girl им се допаѓа ова.
  17. maaraa96

    maaraa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    339
    Пол:
    Женски
    Девојки да не знаете каде може да нарачам вакво нешто? Привезок за клучеви е но во филм за старине апарати и наши сликички да има на филмот испечатени. Да не сте виделе дали некој кај нас изработува?
     

    Прикачени фајлови:

  18. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    5.891
    Хелп идеја за подарок на дечко ми, спортува и од зимски и од летни спортови. Мислев нешто такво некоја даска за бордање ама тоа е доста скапо, некоја друга идеја..?
     
  19. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.554
    Допаѓања:
    7.471
    Пол:
    Женски
    Друго нешто што му треба освен даска? Можеби костим, опрема. Или можеш некоја книга за спорт или сувенир.
     
  20. Nora02

    Nora02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    35
    Здраво, можеби не спаѓа ова тука, ама сакам да му купам на дечко ми за Нова Година боксерки со новогодишен мотив, знаете ли каде има и да не се премногу скапи. Видов во бонати, ама испод 500 денари нема.