@8765 не е глупаво, зависи до која цена, јас би зела новчаник некако тоа ми е најприкладно затоа што парфем е специфично, можи и марама али треба да прашаш дали носи
Jas i deckoto bevme 12g zaedno pred da se zememe. Dur bevme u vrska na majka mu i kupuvav saksisko cvekje kako shto spomna clenkata prethodno ona si saka cvekjenca epten. I imam zemeno i mengjuski onie so svarovski elementi na lila deka i e omilena boja i ednas lancence isto takvo
Знам дека е за роденден темава, ама мене ми треба предлог за подарок за дипломска за дечко ми, доктор. Може да биде поврзано со професијата, но не мора..
Уплати викенд некаде за двајца со спа, кажи му Да се опуштиш од учењето. А на прославата таму однеси пијалок.
Девојки ај хелп. Му иде брдеј на дечко ми па планирам да му земам парфем... но не се разбирам ич во парфеми. Па ако имате некој предлог парфем да ми дадете нека биде до 50 евра.
Искрено мислам дека парфем е многу лоша опција за подарок. Шансите дека ќе ми се допадне се мали. Замисли сама за себе колку долго бираш, а не па да погодиш вкус на друг. Подобро купи му некое парче облека.
Во право си до некаде. Големи се шансите да погрешам со парфемот. Може да му земам тренерки и некој дуксер. Иначе фалаа ти за советот
rodenden mu e na deckomi slednata nedela i mu porachav karikatura i sega sakam i ushte neshto ama nemam nekoja dobra ideja, se mislev brendirani bokserki poshto toj nosi brendirana obleka ama neznam, samo da ne bidi novcanik, parfem, kaish i da ne e mnogu skapo poshto karikaturata sakam da bidi kako glavniot del, a i da ne bidi nekoja obleka kako na primer dukserka, koshula i slicno….????? helppp
Здраво, предлог за поклон за роденден на партнер 35+? Нешто уникатно не е важна цената. Да напоменам дека има се и е скромен, па затоа ми е тешко да смислам нешто...
А каков тип е твојот партнер? Што сака, какво хоби има, професија...? Вака може да предложиме и да утнеме скроз
Секогаш кажува дека малите работи го прават среќен, сака адреналински спортови , не е машна-ташна типче ама пак поминува голем дел од времето во канцеларија... Идеи за други имам еден куп ама за себе вака кога е за близок незнам ☺️
Ако е авантурист носи го на стрелаштво или параглајдерство (иако не сум сигурна дали преку зима е возможно). Можеби картинг би му било исто интересно?
Кај нас дали работи картингот во зима? Верувам дека до роденденот ке има снег така да параглајдерство отпаѓа, а за стрелаштво веќе сме биле. Добри идеи имаш
Со мм сме заедно 11 год ( 3 год врска и 8 год брак) и за секој роденден си купуваме патики. И некако стана традиција, кога се ближат родендените мојот и неговиот се знае што се купува патики и ништо друго, дури знаеме и да се шалиме на таа тема патики не купуваме до роденден
Сакам нешто посебно да му земам на сопругот. Полни 30г па планираме да направиме малку поголем роденден. Е сега јас незнам што би можела да му купам. За викенд размислував но не е некој кој обожава патувања. Повеќе е тип кој сака сите заедно да сме дома одколку некаде излезени.
Ако прашуваш за Скопје, во Лептокарија имаше една продавничка, не се сеќавам на името, но беше во редот кај Стружанка, имаа нешто слично.