здраво феминкии ми треба идеја за подарок, со дечкото правиме година и сакам да му подарам нешто стварно убаво и уникатно а да не биде од типот парфем, паричник... он си сака коли и аниме исто гледа. размислував да му уплатам за картинг амаа се мислам тоа за роденденот да му го оставам (му се ближи) ии сега сум без идеи паа предложете
@bluebaby немаш многу помош од моето, ама машките не се грижат за тоа..така да немаш потреба од поклон. Поарно оди и купи си нешто за себе.
Види нешто од Goblin games. Не сум нарачувала, но знам доста машки што купуваат од таму. Има и аниме работи.
Приврзок за кола,предмет што ќе го асоцира на вашата љубов, романтична вечера или ручек,патување некое,на изложба,кино или театар,омилено цд од некоја музичка група .Има многу идеи,само треба да си креативен а исто прашај го дали има нешто желба или потреба од нешто во моментот ,можеш и одредена сума пари да заштедиш па тој да си купи што сака.
Здраво треба да купам подарок за дечко ми за пола месец му е роденден. Се мислам помеѓу патики и часовник. Часовник има еден со платено ремче и сакав да купам со метално ремче, но тој татко ми што го има мн го скуби на раката од влакната. Од друга страна патики знам дека му требаат, но ќе ги износи и ќе се скинат и ќе ги фрли. Не знам што да правам. Буџетот ми е 100€ макс. Предложете онлајн продавници за часовници освен mytime.. или некој друг предлог
Види на инстаграм The watch club Skopje, мислам имаат дуќан во Гтц. Имаат доста избор и многу попусти.
Casio nemaa chasovnici? Za patiki si vo pravo denes i taka materijalot e nikakov i se pravat taka ama za chasovnik e ubavo.
Идеја за подарок, не ми е дечко уште официјално, уште сме на почеток но сепак сакам да му подарам нешто, повеќе да биде како знак на внимание. Сама не можам да смислам бидејќи материјално има баш се, нешто што повеќе емоционално би можело да му значи
Јас би му зел патики. Часовници ако има свој и мислам дека не би го носел, а и ми делува како лош знак во смисла ко да времето да истекува не знам... Јас имам подароци како часовници од бивши девојки (не ме заебавајте, ете истекло времето ) и ги немам клаено од проста причиниа што мојот часовник ми е најубав и не го менувам, не дека се лоши, напротив ама ете.. А патики од друга стана не ти е лоша идејата и за 100 евра можеш да најдиш добри патики.
Здраво женски Следнава година дечко ми дипломира и сакам да му подарам нешто поскапичко ама истовремено уникатно и да има сентиментална вредност. Знам дека е рано ама сакам подрагоцен поклон и треба уште сега да собирам пари. Само да не е часовник пошто се договоривме нема никогаш да си купиме еден на друг (нели тие бабини деветини што викаат дека го броело времето колку сте заедно или кога ќе прекине да чука ќе сте раскинеле...) Идеи?
Портрет од вас двајцата,нешто што ќе му значи некој предмет што ќе го потсеќа на вашата љубов,патување за вас двајцата (нема поубаво од спомените).Што и да му подариш направи му го денот специјален ,со љубов и тоа ќе го направи среќен,нема нешто повредно од времето поминато со љубов и внимание од саканата личност.