Пижами, боксерки, дукс... Зависи што му треба и за што изразил желба. Лани му купив баскет пошто сам си рече дека му треба и сакал да си земел. Годинава планирам дуксер бидејќи и тоа кажа дека му треба ама никако да се натокми да отиде да купи.
Каиш, кошула, боксерки со супермен, новчаник, часовник, слушалки за телефонот, некоја интересна футрола за телефонот, домашно милениче (маче, куче, желче, папагалче, рипче и тн.), тренерки, новогодишна фотосесија од вас двајца, машинка за бричење...
Јас не сум за тоа на партнер да му се подарува часовник. Не знам дали верувам или не, ама до сега што сум видела, а и лично искусила, се остварило. За во брак можеби да, ама во врска не.
Јас имам купено, истите дилеми ги имав пред да го купам, си реков сигурно еден подарен саат нема да ми го дефинира односот со партнерот и текот на врската ако претходно се било во ред, сега веќе ми е сопруг . Имав една врска, тинејџерска љубов, дечкото ми подари часовни, после еден месец се скаравме, но таа врска и претходно беше осудена на пропаст, не беше саатот главниот "виновник" за прекин на врската.
Не освен ако не е паметен часовник, класика часовник не би зела, ретко кој ги носи, имам земено и не го сака.