Здраво мајки. Поканети сме на роденден на детенцето кај едни пријатели што скоро се запознавме. Е сега не знам што да му земам поклон. Се работи за 2 годишно девојче.
@Luna♡ Сега бидејќи е зима можеш да му купиш капче волнено. Дебели пижамчиња, џемперче, меко плишано ќебенце исто мислам се добар предлог и не се скапи.
https://forum.femina.mk/threads/Дет...и-храна-декорација.15759/page-15#post-3428642 Еве тука прашај, побрзо ке ти одговорат.. Имам слики и од мојата, за синчето.. со Мики Маус на сино ми беше, на google пишав baby 1st birthday cakes, па две во една си споив
Кума сум на 5 годишно дете, женско е. Е сега и е роденден, алишта имале многу, велосипед има и незнам што да купам. Лани и купував убава постелнина, па да не биде исто пак оваа година. Ништо не ми иде во глава, некој предлог?
Штом има се ја би некоја играчка на која знам дека ке и се израдува и парички на сметка. Така и правам. Конкретно мојов одамна збореше за ксилофон ( го гледаше по цртани) тоа му купив се изнарадува дете и нешто на сметка му ставивме.
Носев тетратка, молив и смоки кај другарчињата... се гледаше кој ти купил поубава тетратка Не гледавме колку, битно ни беше да се забавуваме. Колку се променети времињата....
Женички, кажете идеја за поклон за 9 годишно девојче за роденден. Што е ИН моментално на таа возраст? Сакам да си ја израдувам внукичката со нешто убаво.
Мајки на кумашинчето овој месец му е роденден, полни 2 години. Јас освен облека немам идеја што др да му купиме. Лани му купивме пд точачињата што се туркаат одзади ги знаете стандард се секаде ги има. Годинава немам идеја. За поголемо точаче мал ми е 2 годинки има, коли на акумулатор ми се нереално скапи и немам идеја што. Ајдр помогнете ми вие што сте купувале ичи вашите деца што добивале за роденден.
Покрај алиштата можеш да му земеш количка на батерии што се ушравува со далечинско. Мојот доби за роденден тоа па од сите подароци на тоа нај се израдува.
@Angel.girl зависи од детето на што најмногу се радува и сака. Можеш книга, коцки, автомобили, животни, роботи и сл. Ти најдобро го знаеш со што би се израдувало. Доколку сакаш попрактичен поклон доколку има детска можеш некое убаво ќебе со некој јунак од цртан филм, постелнина. Исто така сега можеш топлинки (сегс сигурно ќе им треба), некоја јакна. Доколку често патуваат во просветно дело има интересни мали куферчиња со јунаци од цртаните филмови.