Родителите на вашиот сопруг

Дискусија во 'Брак' започната од Unfaithful18, 29 јуни 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Порано било редот родителите на мажот, невестата да ги вика мамо-тато.
    Каков е вашиот став околу тоа? Дали вие би ги викале така?
    Јас не можам да се замислам некоја друга жена да ја викам „мамо“, кога јас си имам мајка, и многу ми е глупава таа традиција што останала. Се надевам дека додека стасам за мажење целосно ќе се искорени, за да ако ми се погоди свекрвица некоја лутка па да не можам на крај да излезам :lol:
     
    На SexyGirl2, Jenny22, SummerGirl12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    21
    не би можела да ги викам мамо и тато, и дечко ми тоа го знае..... па не ми се тие родители.. не можам секој пат кога ќе речам мамо или тато да ми застанува кнедла на грло... :)
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    21.820
    Јас ги викам мама и тато. Традиционална жена :D
    Порано сум немала став околу ова. Пред да се мажам и спомнав на мајка ми дека сакам да ги прашам идните свекор и свекрва како да ги викам, а она ми рече - нема потреба, сум правела муабет со куп луѓе на моја возраст, сите сакаат да ги викаат мама и тато.
    Јас тоа го сфаќам како знак на почит на родителите на саканиот, и за мене е сосема ок и го сфаќам како форма на обраќање - мамо, тато, име, тетка, чичко... сеедно. Важно да им одговара на сите.
    Имав кнедла што е право, мислам сите имаат на почеток, и тоа мене ми траеше долго. Ама се навикнува, ништо страшно.

    А се знае кои ми се мајка и татко, и ако викам други така - не значи дека ги заменувам моите или ги израмнувам со нив.
     
    На anagjorgjievska1, Umbrella22, S-girl и 3 други им се допаѓа ова.
  4. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.148
    Пол:
    Женски
    Не ми смета ги викав мамо и тато . Посебно му се првеше голем мерак на мојот свекор , на секое мој збор -тато.. тап марка во рака , во тоа време беа марки ..па така ми стана незгодно што мојот збор се наплатува па избегнував да го употребувам. :) :lol: Мислам дека од прво е малку тешко но со време се навикнуваш ... а и полесно е да ги прифатиш како такви без да очекуваш дека можат тоа да ти бидат во права смисла на зборот.
    На оваа тема имам разговарано со пријателки кои станале свекрви -односно све-криви, а и нивни снаи па ме изненадува тоа што и покрај тоа што снаите се изразиле дека не можат да замислат некого да викнат мамо , тато сепак кога дошло време згазнале на својот збор и им се обратиле со истиот кој им бил неприфатлив претходно.Јас лично кога ќе бидам свекрва нема да ја условувам мојата снаа ..како сака така нека ми се обрати ,мене ми е важно да се има добар однос и разбирање а се друго само ќе си дојде . :)
     
  5. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    549
    Немам некој посебен став за ова, сум имала потенцијална свекрва која не заслужувала ни со мори да и се обратиш а не па со мамо, зошто е се само мајка не. А сум имала и таква која со душа би и викала мамо, бидејки ме гледала исто ко и мојата сопствена мајка, Ама ако ме тераат со сила да ги викам мамо/ тато, епа на св. никад ке дочекаат.
     
    На mizerija и stilas7 им се допаѓа ова.
  6. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    41
    Мене никогаш не ми кажале дека сакаат да ги викам така. На почетокот дури свекрвата ми кажа ако не можеш,не мораш да не викаш така. Ама со тек на време се навикнав и ги викам мама и тате (тато не можам),знам дека и е убаво кога слушаат така,а и мене не ми смета. Инаку кога прават муабет дека некоја снаа не викала мамо и тато,викат па зошто да не ги вика,па нема устата да и се исуши. Ама и повеќе ме сакаат така,знам осеќам. И заслужуваат да ги викам,посебно свекрвата како другарка ми е.
     
    На Lady-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    370
    И ја на дечко ми родителите нема да ги викам мамо/тато. 5 год сме заедно и си ги викам по име т.е тетка таа а него чичко и не верувам дека ќе се смени. И со неа имам правено муабет и ми има кажано да си ја викам по име. Не можам да се замислам а ги викам мамо/тато ја моите си ги в икам по име не па други :lol:
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    4.252
    Пол:
    Женски
    Ако треба ќе ги викам Господин Бурхан и Госпоѓа Надиде , само да не мора да живеам со нив. :D
    Не дека се лоши, ама си сакам сама , и знам дека посебно ќе живеам, дечко ми едвај чека да се тргне од дома.
    Не ми пречи и да ги викам мамо и тато. Мене ништо нема да ми смени, како сакаат ,така ќе ги викам. Малку е чудно некој друг да викаш мамо , ама па и него ќе го терам татко ми да го вика ДЕДО, и немој случајно на мајка ми да и рекол БАБО :D
    Се шалам, сеедно ми е како ќе ги викам. Или како он ќе ги вика моите родители.

    Со дечко ми бевме на одмор , и користевме еден телефон-неговиот. Му ѕвони телефонот и јас читам дека ѕвони МАМА, не знам како се помешав дека тоа е мојот телефон си се јавив и викам: Мами што правиш? Слушам некој ќути. Јас пак: Мами ме слушаш? Пак ми ќути. Па си почнав : Мами , Мамииии ,кажи нешто, слушаш. И кога кажа нешто слушнав дека уствари тоа не е мајка ми туку мајката на дечко ми, се усрамив, му го тупнав телефонот на дечко ми и сакав во земја да пропаднам :D :D :D Така да, јас веќе ја имам наречено МАМИ :D
     
    На kjukli, flowersss, S-girl и 4 други им се допаѓа ова.
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.269
    рано ми е мене уште,но вала кога ќе размислам самоиницијативно сигурно нема да ги викам,единствено ако сакаат и ми речат.
    знам дека моите баба и дедо од двете страни,сами се изјасниле кон мајка ми и татко ми дека нема потреба од викање мама,тато,баба,дедо што е исто сосема во ред
     
  10. maried

    maried Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    Svekrva mi ja vikam mamo i ne mi e voopsto tesko....a svekor mi nemozam da go vikam tato neznam zosto....se zavisi od lugeto...ako te pocituvaat..kako i da gi vikas tie pak ke te cenat...ako se nekoi tersene po sto pati reci im mamo i tato..dzabe ti e...jas za sreka gi imam najdobrite svekor i svekrva....
     
  11. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    59
    ja imaa taa sreka dva dena posle svadbata da gi vikam mamo i tato,no ne samo knedla sto imav vo grloto tuku svetot se rusese pred mene koga gi izgovarav tie zborovi-mi se temnese sve crno pred mene stanuvase ;) ...odma prekinav i vise nikad nemam namera da gi izgovoram tie zborovi mamo i tato na svekor mi i svekrva mi.nikadddddddddddddddddddddd..............a tie samite si znaat zosto :hai:
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.693
    Јас порадо би ги викала на име, но ќе ги викам како што тие сакаат. Нема да ми пречи, а и нив душата полна.
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.144
    Допаѓања:
    68.837
    Пол:
    Женски
    Ми рекоа дека можам да ги викам како што сакам, како што ми одговара. Ама дека би им било мило да ги викам мамо и тато. И така и ги викам. Тешко ми е сеуште на други луѓе да им се обратам со мамо и тато, затоа што мајка и татко се едни. Ама мислам дека ќе се навикнам со тек на време. Немав притисок од никого, а мојот иден сопруг одбра моите родители да ги вика баба и дедо. Тогаш и јас можам неговите да ги викам мамо и тато, ама во секој случај, од нив не можам да се пожалам, ме прифатија како свое дете, и многу ми се мили.
     
    На Βικτωρία, mizerija и April87 им се допаѓа ова.
  14. iki.35

    iki.35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    jas sum poveke godini vo brak i koga se zedovme mojata svekrva mi rece sakam da ne vikas mamo i tato a jas prifativ ama so sila i toa mi e najglupavo da pravis nesto so sila ednostavno da izigruvas dvolicnost i da se boris sama so sebe i badijala vikav koga ne bese od srce i mi se smaci seto toa i poveke ne vikam a pak mi e neprijatno koga moram nekako da im se obratam .ali toa e kaj nas se uste preovladuva patrijrhalnoto vospituvanje
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    615
    мајка ми му кажа на дечко ми дека не сака кога ќе се земеме да ја вика бабо,туку тетка В... а татко ми па сака да го викат дедо...мене ми е сеедно како сакат нека ја редат.Јас идните свекор и свекрва ќе ги викам со тетка и чичко,ќе се правам на Тошо дека ми е во навика влезено и затоа така ќе си се смешкам,ово оно...и така ќе си се правам на удрена :Dне ми се верува дека ќе прават проблеми не се лоши по душа :$
     
    На elenkata20, Kim-Dash и stilas7 им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    16.716
    Допаѓања:
    34.008
    Ани, ама најискрено што си пиела? Немам прочитано пост со повеќе печатни грешки. Земи редактирај таму :)
    Јас нема да ги викам мамо и тато. некако не ми иде. Па они како сакаат.
     
    На blagica1991 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    615
    се брзав....ама не си ги забележувам толку грешките,каде се.... :lol:
     
  18. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    115
    никогаш никого нема да наречен мамо или тато си имам родители кои заслужиле да ги викам така
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.803
    Пол:
    Женски
    Татко му на дечко ми веќе го чувствувам како втор татко. Точно дека тато никој нема да ми го замени, ама па искрено да ви кажам другарка ми кога се омажи првото викање по свекор и беше со чичко. И на тоа татко и реагираше-јас ти сум татко, ама и тој отсега ти е татко. Па таа со задоволство така си го вика. И секако ако заслужи да го наречеш така. Мене не ми е воопшто проблем, ако тој се постави како родител кон мене, и ме вика ќерко, што досега било, не баш буквално ама знае да го искористи тој збор од срце, зошто тогаш јас да не можам да го израдувам него? Не ми е тешко. ДА го викам чичко, не ми е тој комшија, да го викам по име, прво од култура не чини, срамота е. :?:
    И мислам дека нема врска со патријархалноста кои доста често ја спомнувате. До тебе е.
     
    На ...Arthemisia... му/ѝ се допаѓа ова.
  20. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    617
    Не ги викам никако... кога им се обраќам тоа е директно нема ни чичко ни тетка, ни име, а камоли татко или мајка... имам еден татко, имав една мајка,и толку... мајка ми не ги викала нејзините свекор и свекрва со тато и мамо, мајка му на мажот ми исто не, така да немаше лице да посака јас да ја викам неа мамо, едноставно не ги чувствувам како такви, според мене лицемерно е ако некој не го чувствуваш како таков, така да му се обраќаш...
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.