Затоа и не викам никако за да не морам да се навикнувам поново Имелда ме изнасма,и обично така разговарам со нив или чекам да ме гледа во очи па да прашам нешто да не морам да викам било како
Мене не ми е природно да ја викам мамо. Ја викам тетка ____ и и персирам, иако и тоа ми е глупаво, да се прашувам јас би ја викала само по име. Така јас би сакала да ме вика мојата идна снаа. На телефон ретко се слушаме, му се јавува само на мм, а многу ретко мене. Воопшто не сме блиски и многу малку ја познавам. Јатрва ми на пр. живее со неа и не и се обраќа ниту со тетка, туку само со ти...многу ми е глупаво и грубо ми звучи кога и се обраќа, моево е некако попитомо што знам.
А зошто не би ја викале свекрво, впрочем нели и тоа е? Како што таа вас ви се обраќа со снао, така и вие можете да и се обраќате со свекрво? И за да не ве сфати негативно можете тоа да го изговорите како на шала, пример свекрво моја, ќе варам кафе, сакаш ли и ти? Или свекрвиче/чко , па кај си ти, цело време те барам за... итн. Јас вака кога ги разгледувам сите опции, мислам дека оваа би ја применувала.
Јас да се пријавам во темава дека еве, по четири години откако сум пишала во темава, уште никако не им се обраќам. Барем се обидувам да не им се обраќам со персирање, тоа па некако уште поголем јаз создава. Едноставно далечината си го прави своето, нема некоја посебна близина и тоа е тоа. Ќе се видиш два-три пати во годината на некој ден и колку може да се сменат работите? Друго е да се гледате почесто, да живеете заедно, што знам, ама вака... Важно секогаш кога ќе се видиме ги почитувам, никогаш не сме се скарале, па можеби и затоа не ми се замериле за обраќањето...
Тотално ми било неприродно родители на (тогаш) дечко ми да ги викам тетка ____ и чичко ____. Така што не заклучувајте за сите. Сум ги персирала едноставно и готово. Јас пак, ако некого веќе ословувам со тетка и чичко, глупаво ми е да продолжам на ти, освен ако не ги викам така поради сродство. Секој со своите навики, дајте да земемe сите да се осудуваме тука и да се надмудруваме според еден смешен критериум како што е ословувањето. Не ја покажува тоа нивната вредност туку нашето воспитување. Мене пак ми е глупаво со „еј“ или никако да не им се обраќам. Шо демек, ги ставам од старт у листа на личности со пониска вредност пошо на дечкото/мажот се родители. Никаква почит од старт, па после ќе цвикаме у темине. Понезгодно ми е така да им се обраќам, одошто на име, затоа им е ставено од кумот мислам. Дај да земеме со „бе“ и „мори“ да им се обраќаме. Разбирам да не се викаат „мамо“ и „тато“ прв противник сум на тоа ако не се чувствуваш така, но да не ги удостоиш ни со нивното име. Демек некултурно е по име да им се обраќате, а покултурно е никако да не се обраќате или со насочување на внимание.
Тие не се мои родители така што нема да ги викам мама и тато... Ќе ги викам Тетко??? и Чичко ??? Е ако сме во иста соба се знае на кој ке зборувам.. Стварно ми е чудно некако ама тоа е
Имам многу кул маж кој уште во првиот месец откако ги запознав неговите ни предложи да не им персирам повеќе и да им се обраќам по име, и така и остана. Среќа луѓево се многу културни и урбани и отворено им кажувам кога нешто ми се допаѓа/ не ми се допаѓа. Не се наметливи и секогаш пред да направат нешто не прашуваат дали сакаме или дали смеат. На пример и за внука им прашуваат дали смеат да ја подигнат во раце
јас на моите свекор и свекрва му имам само по еднаш обратено со мамо и тато. А не го заслужуваат ни тоа едно, затоа што поклета свекрва од мојата нема . а свекорот е мирен ... ама како свире свекрвицата така играе свекорот (односно го врте на малиот прст) еве скоро година дена како сне венчани со мм јас не му се обратувам никако само ке чекам да ме погледнат, па да ги прашам нешто ако ми треба .
Во мојот крај освен персирање на училиште кон наставник/професор речиси никој никого не персира. Кога тетка на шалтер во полиција, во банка, во пошта, ти се обраќа со Ти, повеќе ќе ја удри по уши свекрвата ако снаата и се обрати со Вие отколку со кроки. Арно на времето се знаело како се ословува, и крај, од утре маме, тате, клањај им се(како млада невеста ). Од чалам еве проблеми си отвараме
Niti mama i tato,niti cicko x i tetka x. Retko se doveduvam vo situacija direktno da im se obratam,a koga i toa ke se sluci,zboruvam opsto(kaj e toa i toa,ima li nekoj za kafe,sto ke pravime sega...).
Не сум мажена, па сега од оваа страна сметам дека нема да имам проблем да имсе обратам со мамо и тато, што ако им речам така, јас а и сите ние си знаеме кои не се родители, ако неа ја прави среќна да и речам мамо ќе и речам, само да има мир во куќа. Со викање мамо и тато не се покажува колку некој се почитува и сака, ама ете останало, па све за љубав. Не сега па дека од уста нема да го извадам мамоо, татоо, ама кога нема како да им се обратиш, кога има луѓе, зошшто да не, оти кај нас е многу важно што ќе речат луѓето!Абе да си посака некоја за снајка да ме земе.
5God sme vo brak.pocnav da gi vikam od pocetokot mi broea kolku pati ke im kazam tate svekor mi .eden den ako nemu kazese pocne nesto mana da naoga da se dere ko netacen i kazav kraj.gi slusnav kako me ogovaraat so zenamu i cao prijatno.aj sikter pa nikako ne se blagodarni.mamo tato uste od samata pomisla mi se zgaduva.gospod grev neka mi pise ama ne se ljuge.tie se ljubomori posto dodeka se bile sinovite ergeni im davale komanda i sega dosla e nekoja si i go komanduva sin mi koja e pa taa.pozz do site snajki i ne se zamarajte sekoj spored zasluzenoto
Неможам да сватам како свекорот и свекрвата ке се викаат мамо и тато,а другиве баба и дедо Инаку секој си знае која му е мајка која го родила и тоа место според мене никој неможе да го завземе свекрвата мене неможе да ми биде мајка ниту свекорот татко досега само 1 им имам речено мамо и тато и тоа со половина уста на мм му беше непријатно поради тоа шо јатрвами си викаше мамо а девер ми горд на тоа ама се навикна па фала богу веке и она не ги вика мамо тато...
Dosta delikatno prasanje. Mojte se okolu 80 i si gi vikam babi i dedo. Im odgovara. Taka jas go resiv moeto prasanje. Naj nedolicno e da cekas da se svrtat, da ne im upotrebis ni eden zbor so koj ke znaat deka se obrakas na niv.
Јас нема шанси да ги виκам мамо и тато. Толκу ми е тоа вештачκи што не можам да ја сфатам логиκата и смислата. Сум за почитување и гρадење на хаρмоничен, семеен однос, но тоа зависи од двете стρани. Ме интеρесиρа што би напρавиле оние κои не саκаат да ги виκаат мамо и тато, доκолκу сопρугот баρа од нив да им се обρаќаат таκа бидејќи во нивното семејство имаат таκви сфаќања и очеκувања?
Јас уште од старт кажав јасно и гласно дека мамо и тато не можам да им викам. Им викам тетка... и чичко .... И двајцата уште од старт го разбраа тоа и немам никакви проблеми и негодувања,туку баш напротив тоа го разбираат дури и како шала на моменти ќе речат кажи теткино или чичкино.Не е битно како им викам,битно е да ги почитувам и да има взаемна слога и разбирање,а фала богу сега за сега е во ред од таа страна.Секако не може да биде се сјајно има м али недоразбирања,но се се решава со добар разговор,а не со карање и лутење ако ми кажат да ја фатам чашата од масата .
Моите свекор и свекрва не ги викам никако, само ја почнувам реченицата или прашањето. Не е паметен изборот, знам, а и бара многу пешачење до човекот за кого е наменето прашањето, ама што да правам? Не се навикнав никако да ги викам, смислував смислував верзии каде немаше мамо и тато ама ништо. Кога ќе станат баба и дедо може ќе ги викам баба В.... и дедо К.... А може ќе продолжат да ме болат нозе од муабет правење )))) Што е право, свекрва ми ми има кажано: не ме викај никако, само почитувај ме, од викање мами и чувтсво на измачување да седиме заедно немаме фајде ни јас ни ти. И така е, ја почитувам многу, одиме со добра воља кај нив на гости барем еднаш во неделата, ни помагаат, односот ни е коректен.