Јас не памтам кога последен пат на мајка ми, што ме родила, одгледала, пружила се во животот и имам речено мамо, ја завикав некако нагалено од името, ми стана навика и не и се обракам со мамо, а камо ли па некоја што не ми е ништо да и се обратам со ,,мамо,,. Ги почитувам како родители на маж ми али мама и тато се едни и никој нема да биде на исто рамниште како нив. Па сигурни и тие коа зборат за мене не викаат ,,керка ми,,...
Со вие им се обраќам...ем се испочитувани ем си ја правам дистанцата што ја сакам....мамо и тато не доаѓа во предвид да не се лажеме за џабе дека толку се сакаме
Никако не ги викам, нит моите фамилијарни нит пак од другата страна, т.е во такви ситуации сите со сите се викаме по име. Таква ни е навиката. Ете.. почнувањето на секој разговор и надимак ни е често свртен на смешка -шала.
Свекрва ми од мене очекува да ја викам мамо, но не можам, не сакам, не можам да зуцнам... Еве веќњ една година кај што сме верени, еднаш не и имам речено мамо.
Јас не знам како си земаат а право, од вас да бараат да ги нарекувате со епитет кој само една единствена жена може да го заслужи. Абе плесни и во очи и готово. Подобро на свеки ке ја викам “ваше височество“ или “екселенцијо“ отколку МАМО да и кажам. Јас со мм бев 8 год во врска пред бракот и уште тогаш свеки си ја викав тетко ..... а свекор ми чичко ... Еднаш пред 2 год ми рече свеки моја, дека кога ке правиме веридба ( кога ке дојдат да ме бараат), тој ден бар кога ке ја послуам со кафе да и речам повели мамо, ама не и реков и никогаш нема да и речам. И тогаш и се насмевнав и и реков дека мајка ми може само да ја викам мамо, а почитта спрема свеки нема да се мери со тој епитет и од тогаш веке не спомна.
Баш и јас тоа сакав да го напишам, поарно со госпоѓо ќе и се обратам од него ли со мамо Ама не можам оваа мојава е инает магарешки. Ама па и ја не сум ништо поарна. Пред золва ми вика мене исто ми е како сака нека ме вика (за мене). А и читам од очи што мисли...
@jovana03, ако и понатаму напнува да ја викаш мамо, седни ја со кафе и со убаво објасни и дека мајка е една и дека (удри тука на ултра поетско изразување) срцето не ти дава ниедна друга да ја наречеш така. Извези и еден убав речит говор околу тоа и продолжи да ја викаш тетке (или како и да ја ословуваш).
Нареден пат кога ке зазбори на таа тема директно прашаај ја дали те сака тебе исто колку и золва ти. Ако рече не тогаш кажи и дека поентата на зборот мамо е јасна, а ако рече да, само насмевни се ( во стил мижи асан да ти баам) и кажи и дека ти само мајка ти можеш да ја сакаш како мајка. Девојки сечете со време вакви работи, за да не ја полните темата со снаи исвекрви. Верувајте дека е послесно на почеток ( како јас ) да си ги поставите границите, дека кога ја читам другата тема а и кога ја гледам околината, кожа ми се ежи.
Не е до тој степен толку досадна, но ме фаќа нервот кога се прави општ муабет за такви работи. Фала на советот ќе се потрудам да и дадам до знаење. И таа свекрва и не си ја вика мамо, и се обраќа со "ти"
^Таман тргнав да го пишам истото, ама @okcenzi ме претркна @jovana03, ти секако ќе мора да најдеш начин како да и се обраќаш. Знам дека мислиш дека подобро е прво да помине свадбата па после ќе се снаоѓаш ама тоа е само одолговлекување на проблемот.
Jas im vikam mamo i tato , samo koga treba da gi prasam nesto , i toa onaka kako so polovina glas .. Eve veke 3 ipol godini sum vo kukjava , i nikako da se naviknam da gi vikam mamo i tato . Ne me napnuvaat mnogu , ama nezgodno mi e sto sveki mi ima nekoi naviki od tursko vreme za ovie raboti . Inaku , onaka opst muabet so nekoj na ime si gi vikam , dodusa i moite roditeli si gi vikam na ime , ili na nadimaci koi jas i najbliskite si gi razbirame megjusebno .
5 гoдини oдкaкo сум вo брaк сo "ТИ" и се oбрaќaм бидејќи тaкa зaслужилa "финaтa мoјa свекрвa" А свекoрми кoгa тaтo кoгa ти , кaкo ми текне тaкa , aмa зa "тaтo" кoгa ќе гo речaм секундaрнo грaди ми се стегaaт и тaкaдa вo 5 гoд. гo имaм нaреченo едвaј 3 пaти
Ние уште кога се веривме свеки рече дека не мора да ја викам мамо си имаш мајка ми рече мене секако дека ми одговараше и тоа е една од ретките работи во која се сложуваме еднаш и да ја пофалам
Јас свекор ми и свекрва ми си ги викам тетка и чичко, а јартва ми си ги вика свекор и свекрва. Дури смешно ми е по некад коа ке рече “ свекрво да ти сварам кафе“. Вчера со малата на ортопед и пред мене една млада мајка, со бебушот во раце, а со неа една постара жена. И цело време и со обраќа со мамо. Арно ама женава се нешто ко со наредба и се обраќаше на мајкава. Влеговме сите внатре и низ муабет јас и викам ете мајка ти нека го префрли бебето на масичката и оваа коа рипна “ јас сум и свекрва“. Се осети голема нетрпеливост меѓу нив, па морав да и речам “ зошто тогаш те вика мамо, мајка е само една“. Одговорот беше “зошто така треба“. Не можев да издржам и пак и реков “ зошто така треба? Кој рекол така? Науката, библијата или општеството?“ Немаше поим што ја прашав, па само ја сврте главата и почна да претка во ташната. Е ваква беше жената Снајката под мустаќ се смееше. Многу глупаво ми беше поради докторот па не го продолжив разговорот, инаку имаше да ја попарам да бевме само ние внатре. Ем се понаша ко идиот, ем мамо требало да ја вика. Овца.
Јас не ги викам мамо и тато, ни пак ми пререкле нешто за тоа. Едноставно несакам така да им се обраќам.