Јас ги викам мамо и тато тоа не ми претставува проблем ама да сум многу блиска со нив не сум.Јас мислам дека срамота би било да му се обраќам со тетка и чичко
Јас по име ги викам, ни мајка ни тетка ни ништо..... И сите сме срекни и задоволни, додуша и мајка ми и татко ми си ги викам по име нагалено, а родителите на маж ми кога го слушаат тоа се уште позадоволни, можеби си мислат- кога на мајка и и вика по име зошто мене да ме вика мајка ахххаааа
Да бидам искрена, ни една личност на светов не може да ми ги замени мајка ми и татко ми. И од дното на душата мислам дека оние снаи што викаат мамо и тато по свекор и свекрва СТРАШНО ГЛУМАТ, мене тоа ми е повеке како потсмевање него што стварно треба да е така.
Свекор ми и Свекрвами ми кажаа дека сакаат да ги викам мамо и тато а и маж ми па мораше не дека ги сакам ама поубаво да ги викам од колку да си имам проблеми
Кај нив било срамота невестата да не ги вика мамо и тато свекорот и свекрвата демек ке ме исмеваат а и гледав и тие сакаа а и не е убаво како ке им се обрајкам еј не е лично или на име
А зошто за тоа не си разговарала со маж ти пред да се земете? Јас со маж ми разговарав на оваа тема уште пред веридбата. Му кажав дека ако не му одговара, да си бара друга. Тие работи се решаваат на време. После е касно.
Моето мислење е,кој може да вика мамо и тато,добро е Сите ние знаеме кој ни се мајка и татко,ама така останало Традиција или не,како ќе си се договорите,така треба да биде Верувам дека родителите на вашиот сопруг,сакаат снаите да ги викаат мамо и тато Ама секој не може...
Ама и не ми е проблем и мајками и се обраќа на баба ми со мамо и дедо ми со тато и така и ме советуваше не значи дека ако јас им се обраќам така ги сакам како моите родители а и нема потреба јас да го оставам зарати тоа знаеш ако го сакаш све би прифатила
И моите свекор и свекрва сакаат да ги викам мамо и тато, ама јас никако не ги викам. Не ми се мајка и татко за да ги викам така. А и не заслужуваат.
Sto patite od tradicii i koj kako ke kaze? Koj sto saka neka lae, ja si teram po moe! Svekrva mi na svekrva i (uste e ziva, i smrtot bega od nea od sto e kleta starka haha dusata i ja izede) ne i se obraka so mamo, ednas uz muabet rece deka mladive ziveeme vo moderna doba ne se obrakame so mamo, jas samo rekov : i vie postarite ne ste toa sto bevte i vie stanavte moderni kako nas haha i od togas zaboravi na taa tema.
И моите немаат заслужено ама така ги завикав од почеток многу чудно ми беше дури гледав да бидат до мене да ги прашам нешто но со тек на време се навикнав
Да,познато ми е тоа Мислам дека тоа е само навика.....еднашка ако кажеш,после ќе биде по лесно Јас лично успеав да кажам неколку пати,ама кога видов дека мажот ми почна да не ја вика,престанав и јас Некој треба да заслуши за тоа Со свекор ми не бев многу во контак,пошто беа разведени
Јас имам две јатрви и само едната ги вика мамо и тато. Нејзино право е тоа, ама на мене ми е многу чудно. Мојата мајка е почината и чудно ќе ми биде ако на друга жена и речам мамо. Маж ми не ми правел проблеми до сега. Тоа го решив со него уште додека бевме во врска. Кој што сака нека збори. Не ми е гајле. Едниот девер (маж на јатрвата што ги вика мамо и тато) се дрзна да ми одржи лекција како треба да ги викам свекор ми и свекрва ми. Убаво го подбрав. Друг пат не му текна да рече такво нешто.
Јас ве подржувам секој не може да ги вика мамо и тато и јас од почеток дури се навикнав ми беше многу тешко тоа е дури викниш еднаш потоа е лесно
На почетокот ми беше многу чудно, но се навикнав. После веридбата ги прашав свекор ми и свекрва ми како сакаат да им се обраќам ми рекоа како мене ќе ми биде пријатно така, па си ги завикав мамо и тато, а тие ден денес докажуваат дека го заслужуваат тоа.