Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родителите на вашиот сопруг

Дискусија во 'Брак' започната од Unfaithful18, 29 јуни 2010.

  1. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    Jas mn gi mrazam isto kako i tie mene..... pozadi moj grb osobeno sveKRIVATA koj i da sretne moj muabet prai se najloso od mene...pa sto ima da te pocituvam koga ni ti mene ne me pocituvas roditeli ste na mm a ne moi.....
    Ne mora svekoj da me saka, Ni jas ne sakam sekogo!
     
    На stevemila, Meckicja, Glasna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Andri62

    Andri62 Активен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Јас им се обракам со мамо и тате и на почетокот срам ми беше како тие ке го сватат тоа да не правам грешка а мене меракот ми беше голем ги доживувам блиски посебно свекрвата како најдобрата другарка ми е. Би сакала сите да ја имаат мојата среќа.
     
    На elimkd, kuc и anaja1 им се допаѓа ова.
  3. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.268
    Допаѓања:
    170.282
    Пол:
    Женски
    Citajki ovde iskustva so svekrva i svekor,duri nezgodno mi pagja da si se pofalam od moive S i S. Dobro,moite se epten stari imaat nad 80god,jas sum 2 god mazena,ama od prviot den im se obrakjam so mamo i tate. Ziveeme kukja do kukja,gi gledam skoro sekoj den po ednas,ne mi se mesaat vo nisto,dodusa ne mi pomagaat koj znae sto,ama stari se. No mnogu mi se raduvaat , veruvam i deka me sakaat. Ni dadoa kukja naredena po niven vkus od pred 20-30 god. Se bese novo. Ama staromodno:D. Zbor ne ni rekoa koga renoviravme od koren, duri i ni pomognaa so kjes. E za edno mi naogjaat zamerka,zosto mi svetela lambata vo dvor cela nok. Sekoj den me "opomenuvaat" da ne ha zaboravam:D;)... Ama ne im zameruvam, nekolku pati im objasniv deka namerno ja ostavam,ama nekako ne me razbiraat.
    Ama toa ne e precka da si gi vikam mamo i tate. Pa uste koga gledam kolku e kefen mm radi toa,uste polesno mi ide taka da im se obrakjam
     
    На Dust, tina-63, kuc и 3 други им се допаѓа ова.
  4. suzimuzi

    suzimuzi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2015
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Јас се обраќам на моите свекор и свекрва со мамо и тато ,но искрено само ради што моите цел живот тоа ми го збореле.Какви се ,такви се, да имаш почит и да ги викаш така.Иако моите биле многу современи околу рамизлувања општо во животот,на таа тема и двајцата она старинското,што ме чудеше , али го прифатив и така ги викам. Но дали заслужуваат ? хммммм. Свекрва ми можеби , политичар е и знае некој баланс да направи, али свекорот иако има скоро 60 години,се однесува како дете кога станува збор за инает терање. Поинает човек во живот немам видено. Тие учени се на расфрлано да живеат ,а јас се нервирам и чистам и тој спремен е цел ден да изгуби нкоја побитна работа само да дојде и со извинување ,посере на тоа што си го исчистил. Кофи и алати на екоја страна и јас му ги собирам на едно место ,тој станува сабајле и од инает ги фрла пак и после му се гинат и мене ме обвинува ,а и самиот незнае кај става.Јас му викам, да ги оставиш средени како што ти ги средувам ќе знаеш кај ти се, ама не тој неговото си го тера. И општо за многу работи ми се меша,поготово женски , во смисол готвење,чистење,правење торти...... уквално се. од јатрвата моја се плаши и ништо не и вика и за се ја поддржува. А тоа мене не ми е ич гајле ,бидејќи не ни сакам да му с еумилкувам на таков човек за да ме сака, бидејќи не сакам да ме сака :D Ради него едвај чекам да се одделиме више од нив.Љубоморен е многу на моите. Моите цел живот се труделе за нас да излеземе на прав пат,а тој за децата негови ништо не направил, цел живот во корито се бањале и свекрвами надвор миела садови , а не дека немал. Девер ми многу интелегентен е и од мал пишувал песни , овој си палел чумбето со листовите,наместо да го поддржи детето , тој наназад го враќал.
     
  5. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    Не е битно како ќе ги викаш. Битен е односот. Да ги викам тато и мамо ама не чувствувам ништо со тоа што така ќе ги речам. Исто како да сум рекла петко и станка. Ми беше тешко на почетокот од чичко и тетка на мамо и тато ама..
    Пак ќе речам битен е односот, а и ќеифот нивни е голем. Е сега ако не заслужиле...
    Јас мислам како ќе биде првиот впечаток што ќе го оставиш така и тие ќе се понашаат со тебе.
    Ако си позитивна нема зошто тие да не бидат.
    #секојсосвоето
     
  6. anas23

    anas23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Пред неколку месеци кога се веривме ја прашав снеки како сака да ја викам фино ми одговори дека не и е битно тоа туку како сакам јас така.океј им се обраќав со чичко и тетка..по некое време ми рече дека не ми била комшика за да ја викам тетка,сакав да почнам да им се обраќам со мамо и тато ама неможам како да немам уста да го кажам тоа и го отфрлив тоа тетка и чичко и не им се обраќав никако,незнам колку пати ми го става на нос тоа се додека не ме начека сама и почна да ми зборува дека морало да ги викам мамо и тато не било убаво инаку не ми била другарка...дојде мм и заќуте по ѓаволите зарем уште постојат вакви стромодни луѓе о.О не гледаат и не ценат која почит ја имам кон нив и се друго ми дава наредба да ги викам така..цел ден се нервирам и со тоа направи само да се оддалечам од нив и мислам дека никогаш и никои други нема да ги наречам мама и тато освен тие што стварно ми се тоа
     
    На AURUA, eli25 и Dadusicka им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.803
    Допаѓања:
    325.324
    Пол:
    Женски
    зошто воопшто си ја прашала како да ја викаш?
     
    На Rose96, TutiFuti, AURUA и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Rechi I da bila iskrena ushte od sam start za kako sakala da Ja vikash (koga chovechki bila prashana) do sega mozebi I ke Ja zavikashe nekako,ama poshto na "pederskoto" go zaigrala veke i nema poenta poveke...
    Mene lichno mi smeta koga nekoj mi nareduva kako "jas" treba nekoj da go uslovuvav/obrakam..sepak lichen izbor e toa..nit taa mene majka nit jas nejze kerka,Ne ke glumime teatar..Mojata neshto beshe ufilmana vo toj fazon pa pochna prvin indirektno da mi vrti kao muabetov za drugata nejzina snaa,pa mene demek mi Se zali kao Kako Ne Ja vikala mamo,I taka celata zasilena ko taa mene mamo ne me vika bla bla I jas I vikam ,a shto navistina si I majka :DI taa tuc muc, pa probuva da me ubeduva Kao demek ne sakala I mene I nea Ko kerki (iako Si ima nejzina kerka).. AMA sve e vo red vikam ama koga pochnuvash za kerka ti da zborish stalno pochnuvash so "moja " Stanka,moja Stanka(drugachije Se vika;))zoshto vikam za snaa ti taka ne zborish,nego odma pochnuvash so Onaa :D..Shto znachi ludilo ke glumime ajt:emo:..dosta vreme stoeshe nadurlena :makeup:
     
    На Spidy, Meckicja, AURUA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум ја ословила мамо нит свекорот тато,едноставно не ми се родители и толку. Мм нормално така да си го ословува. Од старт на брак ми рече сега ми се они родители. И да на муабет,потпомагање според нив т.е.одмагање според мене(ти даам ама низ нос ќе ти се извади или ќе те командам како-што даправиш со подареното(facepalm)) се прави дека е МАМА. Мене ми смета ова. Кога ми прави муебет почнува со мама денес стана.зготви бла бла мама денес нерана беше. И сега муабетов со мене лично го прави, ај да е мм до мене па општо да збори разбирам. Многу пати ми дошло да речам не бе мама ена ја на пазар купува не ја прашав дали зготви како е итн. Иако уз муабет ќе ме праша и како е мајка ти итн. Инаку другата снаа ја вика мама и сите адети и се тоа и свеки си мисли и јас така треба,ама јас никогаш нема мама да речам на некоја што не заслужила таква придавка да и додавам. Си имаме историја. Реално не сум и пререкла само за да не се скараме и да не ме кодоши и измислува глупости кај мм па после јас со мм маки да имам. Иако многу ми пречи тоа мама ова,мама она и што 2пати у ден врти на тел. Што може за 10 саати на изнад 40степени(рачунај ограничено движење) да ми се случи па да и раскажувам??:^)
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Не може на родителите на маж ти да им се обраќаш со тето/чичо. Тие луѓе се се', ама не твои тетка или чичко.

    Викај ги на име, не ги викај никако, едноставно обрати им се директно, ама срамота е да ти кажуваш тетка Миро или чичо Столе.

    Никој не може да те натера свекрвата да ја викаш мамо, а свекорот - тато, ама тие не ти се комшии за да ги викаш тето/чичо.

    Е сега, тоа што свекрва ти нема попаметна работа па те малтретира и ти наредува да ја викаш мамо е сосема друг проблем.
     
    На Rose96, stevemila, Meckicja и 2 други им се допаѓа ова.
  11. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.876
    Допаѓања:
    25.378
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам дали имам пишано на темава , ако да , мислењево нека лета во канта .

    Јас на свекорот и свекрвата им се обраќам со " мамо/тато " ако треба директно да им се обратам нив . Инаку по име ги викам . Никогаш не ме притискале да ги викам мамо и тато , се додека се почитуваме меѓусебно и не им е многу важно тоа како ќе ги викам . Ама ете мене ми е глупаво да им се обраќам со тетко и сл , или пак по име , веројатно бидејќи мојте секогаш ги викам мамо/тато , па така сум и навикната ..
    Мајка сум на машко дете и еден ден секако ќе имам снајка , нека ме вика како сака , само да имаме почит и хармонија . Пред се за среќата на моето дете , а потоа и за среќата на таа снајка која ќе дојде да го трпи син ми ( каков инат покажува од 3 години , до 20 мене ќе ме полуди а камо ли некоја што не му е мајка , ќе летаат флаши и чаши изгледа :lol: мала шега :D ) . Секако дека ќе ми биде мило кога би ме викала " мамо " но сепак ако не сака нема да ја терам со сила .
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    А што има врска кој како се обрака?
    Што дека на некои секој збор им е тато / мамо , а дома очи вадат......
    Јас не им се обраќам така , но функционираме супер,што значи дека тоа не е мерило за ништо.
     
    Последна измена: 25 август 2017
    На stevemila, forumce и kukla21 им се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Не ги нарекувам мамо и тате и немам желба така да ги наречам, иако ги почитувам и гледам да си притраам и покрај некои работи. Свекор ми повеќе пати ме има брецнато за тоа, а пред народот зборува дека тој не ми дозволувал така да ги нарекувам. |(
    Убаво кажа ilyan, некои очи си вадат, ги оговараат свекорот и свекрвата и не ги поднесуваат, а ги нарекуваат мамо и тате. Тоа ли е почит? За мене не е.
     
    На SunnyGirl2, Momichka, kukla21 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Vip83

    Vip83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    242
    Јас од почеток почнав со мама и тато. И, тоа го изговарав со полна уста! Но,за кратко време тие луѓе многу ми згрешиа. Уште ги викам мамо и тато,но веќе не од ќејф. Само е прашање на време кога ќе почнам да ги викам по име или еј ти. Од искуство знам тие што ги викаат еј ти повеќе се почитувани!
     
    На mKdevojce, VladeMila и SunnyGirl2 им се допаѓа ова.
  15. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Зошто да не може?
    Пред брак така им се обраќав па така и во брак. Супер однос имаме не ги ни прашав како да ги викам, некогаш по име некогаш плус тетка, никој не ми замерил нити пак се замарам така ми иде природно.
     
  16. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека објаснив - тие луѓе не ти се тетка и чичо, вие сте во многу поразличен однос.

    Не си единствена која така им се обраќа на свекорот и свекрвата, ама тоа не е коректно, барем не за мене.
     
  17. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.406
    Допаѓања:
    8.436
    Пол:
    Женски
    Мамо и тато во никој случај, па нека бидат и совршени. Каква почит, какво глумење, нека се лутат колку сакаат, ако треба лути ке сме цел живот ама да ги кажам така не не. Зарем не се чувствувате лошо спрема сопствените родители? Се знае едни се мајка и татко, едни и единствени и никој друг не може да се споредува со нив. Па тоа е титула, а не прекар.Црева ми се превртуваат од страна кога ке чујам како снашката им се обраќа ко родители да и се.

    Чичко и тетка ми е сосема ок.Во врска сум и така ги викам неговите родители, така и би продолжила.
     
    На lovely91, RedRevolution, blackwave и 6 други им се допаѓа ова.
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    @Rebecca_R Ако одиме според именувања треба свекрво да ја викам.:D

    И маж ми им се обраќа на моите со тетка/чичко, па на нив им е подобро така.
    Ако тебе не ти е коректно ок, тоа си е твое, ама ете на нас на сите ни е ок така да не е дека не може туку кој како му одговара.
     
  19. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    25.559
    Пол:
    Женски
    И јас сум од тие што мислат дека мајка и татко се едни и не сакам друг да наречам така. А обраќањето со тетка и чичко ми е сепак покултурно отколку обраќањето на име, генерациски гледано (иако и обраќањето само на име може да значи и голема блискост). И тие ми се блиска фамилија, па тетка и чичко ми е прифатливо, на страна што со години сум се обраќала така, за сега одеднаш да променам.
    Што се однесува до почитта, воопшто не е поврзана со адресирањето, верувам дека сите имаме бројни примери од околината.
     
    На lovely91, oblace1 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Никогаш нема да прифатам туѓи деца да ме викаат мамо, не сум ги родила ни изгледала па така да ме викаат. Јас тоа не го разбирам од поглед на родител а не како снаа. Сега да имам ќерка и снаа и двете мамо да ме викаат а таа втората прв пат во животот ја гледам на мои 60 години :wasntme:. Па зарем можам како свое чедо да ја сакам? Абе за свое дете живот се дава дај не зезајте.
    Да не е смешна ќе беше трагична ситуацијата.
     
    На *Ench@nted* му/ѝ се допаѓа ова.