Поглупаво нешто од тоа да не ја викаш свекрвата никако - НЕМА. Имаме некои нови невести во фамилија (од младиве генерации) и не сакаат да ја викаат мамо, им е сра тетке или по име, незгодно им е свекрво...и не ги викаат НИКАКО. Чекаат во очи да се погледнат за да им се обратат и незгодно им е кога и како да прозборат (зошто не секојпат можат да се видат во очи). Едната свекрва е многу модерна и кул женичка, и постојано се жали колку и е незгодно пред гости и општо, зошто невестата не ја вика никако, а веќе 2 години им е во домот. Сега имаат бебе, па бебето го користи како инструмент: ај кај баба ти, ај баба млеко да ти даде, ај баба да те подржи.. Свекрвава вели отворено, не мора да ме вика мамо, ама по име нека ми рече бе, па не сум јас безименка. Во ред е да не ја викаш мамо (скроз го оправдувам тоа), ама викни по име, не за џабе имаме имиња.
јас никако не ги завикав. Мојот татко не е меѓу нас и премногу тагувам по него, не можам ни да помислам ‘тато’ да викнам, мислам срцево ќе ми се откорне. Свекрва ми исто не ја завикав мамо, уствари ни мајка ми не ја викам мамо, туку на име нагалено, некако помило ми звучи и ми останало така од дете. Може затоа не им сум мила
И јас не ги викам мамо/тато. Можеби и јас тагувам по мајка ми и години немам речено мамо па тоа ако го речам сега ќе ми биде многу тешко. Ама јас не се замарам со нив. Не живееме заедно ниту нешто се зближив посебно. Сега за сега е многу културна нашата ретка комуникација. Само времето кога сум на гости/ручеци/прослави. Не би можела да и речам мамо. Ама не знам што ќе се случи во иднина. Како читам тука некои мои постови во рок од 7 8 години колку само мислењата ги имам променето, може и за ова да го сменам. Жената си е многу коректна сега за сега и немам лош збор, а и не се оптеретувам да придавам на значење, ама не побарала од мене такво нешто. Плус таа ќе биде единствена баба на моето дете (здравје ако имам) и морам мудро да го искористам тоа ако дозволи, ако не здравје. Како во животот до сеа така и од сега. Имам мажи еден куп околу мене фамилија, кои ми се доста блиски, па би дала шанса и женско да имам за било што утре ден, а дали по цена да викам мамо, е тоа сега за сега не. Ама никој не бара. А можеби и е кејф, не рекла
Sosema si vo pravo. Majka mi po baba mi nikako ne vikase i gledajki od strana mi bese mnogu glupavo. Megutoa i jas iako mnogu sakav ne uspeav da gi zavikam nekako svekorot i svekrvata. Mislev ke e lesno ama ete ne uspeav od usta zbor da otkinam. Pa taka i jas zavrsiv kako majka mi. Na pocetok cekav da se pogledneme vo oci, a sega preku deteto, babo i dedo.
Нагалено ги викам и двајцата Не се лутат зошто не ги викам мама и тато, и сами знаат дека е глупо. Ги почитувам премногу, ги познавам доста долго, исто и они мене, така да нема потреба од глумење лудило.
Мамо и Тато ги викам. На почетокот ми беше тешко и секогаш кога сакав да ги викнам ми застануваше грутка во грло и обавезно чекав во очи да ме погледнат за да ги прашам нешто, а тоа најчето беше -Сакате кафе? И по 10 кафиња у денот варев само за да се охрабрам да речам Сега веќе немам проблем, ги викам најмногу зошто од старт се изјаснија дека им е желба така да ги викам и прифатив. Маж ми моите ги вика Бабо и Дедо. Не ми иде да ги викам по име или да ги викам Чичко и Тетка, не ми иде па ни никако да не им се обраќам, постојано да им бркам поглед за да ги прашам нешто.
Исто е и кај мене. Немам мајка и не можам друга жена са наречам мамо. А и да беше жива мајка ми, ќе беше исто. Една е мајка. И двајцата не прават проблем, ама знам дека не им е сеедно. Никако не ги викам. Ако нешто ми треба, одам до нив и ги прашувам.
И јас никако не ги завикав а живееме во заедница еве веќе 1 година и 5 месеци. На почетокот пробував да му речам мамо и тато ама никако не излезе зборот од уста никако. Потоа и со време се навикнавме и туркаме некако, а сега нема шанса да ги завикам со свекор ми се имаме законтрано и ми има згрешено 2-3 пати, со свекрва ми сме во подобри односи ама касно е сега за мамо и тато. Исто и сопругот не ги вика бабо и дедо на име ги вика.
Најверојатно никако нема да ги викам. Јас сум личност која не сака никакво зближување со свекор и свекрва и времето поминато со нив би се трудела да биде сведено на минимум а со тоа и обраќањето кон нив. Моите родители имаат огромни заслуги и посебно место во моето срце. Душата би ме заболела на некоја друга жена да и се обратам со мамо. А богами нема да дозволам ни идниот сопруг да и се обрати на мајка ми со бабо.
Многу е глупав тој адет што останал од старите, едните да се нарекуваат мама и тато а другите баба и дедо.
Свекрва ми ја викам мамо и ич не ми е тешко,но свекор ми никако не го викам ни на име ни чичко.Татко ми прерано почина,не дочека да му речам него ТАТО па на некој друг да му велам нема шанси.
Не знам ете како твојот иден сопруг би реагирал на твојата изјава, ама како што твоите родители за тебе имаат посебно место во твоето срце, сигурно и неговите имаат посебно место во неговото срце. Што ќе правите ако и он одлучи комуникацијата со твоите да ја стави на минимум. Како ќе ти биде на тебе? Аман немојте одма толку остро. Да не бидам оф топик. Родителите на мојот сопруг ги викам мамо и тато, не заради нив туку заради него. Уште кога бевме дечко и девојка еднаш ми кажа дека многу би му значело ако неговата невеста ги почитува неговите родители и ги вика мамо и тато. И воопшто не ми е тешко, а гледам и колку многу на нив им значи тоа.
Тој знае за ова мое размислување и го почитува. Јасно сум му нагласила дека не сум од тој тип на жени кои туку-така ќе тераат гости со неговите, дека ќе дозволам да ми се примешаат во некоја моја одлука или во воспитување на мое дете. Ако ми треба помош од некој, тогаш јас радо би се обратила кај моите оти не сум на улица најдена. Повеќе доверба имам во мајка ми отколку во неговата. Не сум му забранила да ги почитува, ги почитувам и јас. Ако не сум блиска со нив не значи дека ги навредувам и дека работам против нив. Истото што го барам од него е и тој да ги почитува моите дома а дали ќе седне да пие со нив кафе е негов избор. Јас имам една и единствена мајка и со тој збор никогаш нема да се обратам на свекрва без оглед на тоа колку би им значело.
Во ред. Секој со своето мислење. Само многу често есапот дома и тој на пазар не е ист. И не значи дека ако една девојка одлучила да ја нарече свекрвата со мамо по автоматизам сите нешта што ти ги наброја се дозволени. Едно е почит и комуникација со неговите родители, а друго е мешање во бракот. И на секој неговата мајка му е најмила и најдрага. А почита кон моите свекор и свекрва се должи и на фактот што тие го израснале и направиле мојот сопруг таков каков што е и кој јас сум го избрала. И фала и на свекрва ми што израснала независен и самостоен маж, а не го направила мамин син.
Точно, секој со свое размислување. Иако сметам дека почитта и начинот на обраќање немаат никаква врска. Познавам жени кои коси корнат со свекрвите ама битно кога се смирени со мамо им се обраќаат. Што се однесува до комуникација, јас лично не наоѓам заеднички теми на разговор и заеднички интереси со нив и од таа причина не сакам чести средби.
И јас не би можела да ги нарекувам мамо и тато.Многу ми е старински некако,или по име или свекрво/свекоре.Он моите нека ги вика како сака.Едни мајка и татко имам никој друг не заслужува да им се обраќам како да ми се родители.
И тоа шо викаш. Заборавам какви се (не') има . Ама тоа веќе друга тема е. Не знам како никако не можат да сфатат ваквите снаи дека свекрвите не им се криви туку мажите. Јас и на мојот му имам речено дека ако некој ден дојде до расправија меѓу мене и мајка му, нема да ми биде мајка му крива туку он што дозволил такво нешто. А искрено се надевам дека такво нешто нема да се случи. А за нарекувањето, секој нека ги нарекува како сака. Негов избор, негово право. Само едно имајте на ум, дека родителите на вашиот сопруг ќе се многу по присутни во вашиот живот отколку што си мислите, па макар и да живеете 2000 км подалеку од нив.
Зашто срамота да ги викаш тетка/чичко? Јас до душа ја викам или по надимак или тетка таа, дм исто моите. Какви мајки, шајки, па мајка ми повеќе ја викам нагалено отколку "мамо".
@CameliaMiller А кој рекол дека е срамота да се викаат чичо или тетка ? Мене ми е едино глупо никако да не ги викаш. Пошто знам примери какде што до години се дел од заеници и снаата чека да ја види свекрвата во очи па да и каже шо има да и каже . Јас пред брак викав чичо/ тета. После брак сменив од причини кои погоре веќе ги наведов.
Кај мене не е така. Им е гајле за нас. Јас никако не ги викам. И не мислам дека е глупаво. Не ми се ниту мајка, татко, чичко и тетка за да ги викам така.