Присуството не мора да биде секогаш физички. Ете на пример во твојот случај родителите на твојот сопруг се присутни како извор на стрес, негативна енерија и нервоза. Значи присутни се во твојот живот по некаков начин, инаку немаше да ја бамкаш свекрва ти по темиве. А сигурно пред брак не си мислела дека ќе биде така нели?
Знаев дека ќе биде така. Од старт ја проценив. Јас со неа се гледам 2 пати годишно и избегнувам комуникација. За да не се нервирам, бегам подалеку.
Немa пoглупaвo нештo oд тoa дa ги нaрекувaш мaмo и тaтo луѓетo кoј ниту те рoдиле ниту изрaснaле. Дaли дa беше oбрaтнo aдетoт и нaшите мaжи дa требaше нaшите рoдителите дa ги нaрекувaaт мaмo и тaтo, дaли ќе гo прaвеa тoa. Или ќе беше рaбoтaвa синкo јaс те исчувaв ли зa другa дa викaш мaмo. Ниту ние ќе бидеме нивни децa, ниту тие нaши рoдители. И синoт и снaaтa се oбрaќaaт сo мaмo и тaтo кaкo дa се брaт и сестрa и пoсле тoa aјде зaеднo вo кревет. Акo не ги нaрекувaш мaмa и тaтo незнaчи декa не ги пoчитувaш. Јaс не би дoзвoлилa другo дете дa ме нaрекувa мaмo.
Па тоа и јас викам, секоја жена знае колку и било тешко да вика мамо и тато на родителите на сопругот и после дваесетина години го бара истото од друга жена. Зошто? Декек јас се мачев сега и таа нека се мачи или повеќе од срам пред народот?
Тоа со викањето мамо и тато останало уште од времето. Срамота било (некаде уште е) да не ги викаш мамо и тато. Демек, идеш во нивна куќа и мора да ги почитуваш како да ти се родители. Маж ми знае дека тој филм нема да го гледа. А и не ми ни рекол да ги викам така. Едниот девер инсистираше да ги викам мамо и тато (јатрвата така ги вика), ама му плеснав во фаца некои работи.
Tocno taka. Demek ides vo nivna kuka, i svekrvata ti e sega majka. Plus porano deka pretezno mali se mazele, i da ima koj da slusaat i od kogo da ucat vo noviot dom, i za se se konsultiras so novata mama. Ucis domakinski raboti, ucis kako se odgleduvaat deca itn a mazite se cel den na niva. Denes e mnogi poinaku. Ni vo nejzina kuka odis, ni maloletna si, tuku se mazis za soprugot i dvajcata se nosite so odgovornosta za se, pa nikomu ne si dolzna mamo da vikas. Barem taka treba da bide, ako se dvajca zreli vozrasni licnosti sto ke imaat 2 svoi sobi i svoj zivot.
Јас немам мајка и при самата помисла на неа ми се насолзуваат очите. А да речам мамо, тешко да се случи тоа. Една е мајка. Покрај жив татко, како да го наречам свекорот тато? Кој сака нека ги нарекува мамо и тато. Јас сум против. Они не направиле проблем, ама свекрвата еднаш ми рече - Ти не ме викаш мамо. Јас си преќутев.
Nemozam da gi smislam.. . Koa sum u nivna blizina sum nervozna i napnata... Decata mi se voznemireni... I taka nataka....ne ni vredi da se zborattt....
Mojot svekor e slaknat so se. Go vikav tato edna nedela dodeka ne vidov kolku e saat a sega ni muabet ne pravi so mene samo so sin mu.. a majka mu ostana mila kako od pocetokot nema kerka i saka da ja vikam mamo se raduva epten..
Сметам дека адетов е бааги застарен и денес ретко кој ги ословува свекорот и свекрвата со мама и тато. Мајка имам една и никој друг не можам да наречам така. Ниту пак свекрва ми очекувала да ја викам мамо. Си има таа ќерка и сигурно да и кажам така ќе се збуни. Машко дете имам и секако дека не сакам утре снаа да ме вика мамо. Се знае мајка што е, и на кого му е. Почит се искажува на 100000 други начини. Еве да ви кажам дека имам бизок спротивен пример. Снаата уште од веридба им се обраќа на свекорот и свекрвата со мамо и тато (така е воспитано девојчето). На свекорот и свекрвата им е навистина непријатно (млади луѓе се) и неприродно и отворено и кажуваат да не си ја мачи душичката и да ги вика по име. Девојчето тера по старо. Неколку пати и повторуваат дека не мора така да ги вика ама девојчево е така воспитано и продолжува. Дали и е нејзе убаво или не- не знам ама знам дека на луѓево секако не им е. А многу се сакаат и почитуваат обострано. Така да ситуацијава немаше ни да постои да не беа адетиве од времето.
Овој адет се практикува по селата. Таму е срамота да не ги викаш свекрвата и свекорот мамо и тато. Тоа значи дека не ги почитуваш. Уште ги има оние сфаќања дека треба да ги гледаш како мајка и татко.
Јас свекор ми го викам тато , пошто никогаш за ништо не ме одбил и ми е фер човек , а свекрва ми не ја викам никако , од тие сум што не и се обраќам никако и не ми е незгодно воопшто , после се што се издеси помеѓу нас две , не заслужува да ја погледнам а не па мамо да и речам. Уште од старт ептен ретко ја викав мамо а сега никако. Секој по заслуга.
Кај мене моите прво ќе се навредат ако утре кога се оженам сопругата да ги вика мамо и тато, дури јас ќе се противам на тоа, така на тој начин си ги омаловажува нејзините родители, а од друга страна јас нејзините родители ќе си ги викам по име а не дедо и баба, веројатно ќе се чуствуваат навредено да ги нарекувам како дедо и баба, но и на мене ќе ми биде незгодно, сега живееме во модерно време тие адети, обичаи биле некогаш кои сега не соодвестуваат со денешно време, како и она по обичај снаата доаѓа кај мажот, тоа не ми се допаѓа, утре кога ќе се оженам со сопругата од прв ден ќе се осамостоиме па макар и под кирија да бидеме, јас и мојата сопруга ќе си бидеме свое семејство и како семејство ќе си живееме самостојно, дури и моите ми велат штом се ожениш ќе си живееш на само со жена ти и во право се
Kako prvo postovanje e prema negovite roditeli da gi vikas mamo i tato nema nisto loso vo toa ako lugjeto navistina te gledaat kako nivna kerka a ne snaa. A vtoro ne e pristojno da se vikaat postari lugje na ime. Pa togas kako bi gi vikale ? Sigurno nema da gi vikas tetka/cicko Ne e do toa deka vekje e toa babini devetini i zastareni adeti tuku vie nemate pocit za postari lugje so koi ziveete nitu kon soprug/a .
А ако ги викаме мамо и тато тоа значи дека повеќе ги почитуваме? Може така да ги викаме и очи да не сакаме да се видиме. Почитта не ја прават зборовите мама и тато. Би им се обраќала со тетка и чичко ако знам дека искрено ќе се почитуваме и сакаме отколку некое лажно мамо и тато.
Не е до поштовањето, до тоа дали е старомодно или нешто трето. Некако "мора " да се ословат. Нај глупо ми е никако да не им се обраќам . Моите свекор и свекрва теоретски може комотно да ми бидат баба и дедо ( постари се и од моите баба и дедо) . На име не можам да ги викам, со чичко и тетка не иде да им се обратам на скоро 90 годишни луѓе. Мамо и тато никако не ми излегува од уста. Ги викам мајче и тате. Тоа ми е полесно . Мм пак татко ми го вика на име, а мајка ми ја вика строго бабо ( а генерација се ) Ама човекот си поштува "правила " Се осеќа помлад така де
Не сум можела да ги викам така затоа што сметам дека тоа е од времето само останато и реално нема причина зошто така да ги нарекуваме. Другата снаа што им е ги вика така ама таа е лицемерна. Јас не правам лице ако не се чувствувам така не кажувам така. И тоа не значи дека не ги почитувам. Почитта се гледа од делата а не од именувањето. Што ќе им е лицемерното мамо и тато ако им зборувам зад грб пример? Познавам такви што секакви муабети кажуваат за нив а ги ословуваат со овие зборови. И едно ќе кажам колку сака нека се добри и фини- никогаш неможат да те гледаат како мајка и татко. Секогаш ќе има мигови во животот кога ќе го почувствувате тоа.
Морам да постав едно прашање поврзано со свекрвите ама мислам дека ова е поидеална тема ако не нека префрлуваат коментар. Познато е дека кога ќе се омажиш свекрвата требало ли или морало да ја викаш МАМО. Како е кај вас? Јас колку и да сакам не можам. Ниту па свекор ми да го викам татко.