Ги викав мамо/тато. Свекор ми почина. Со свекрва ми, како се зближувавме, и' прикачив и други надимци Ја викам и мамо, ама и свекрвич, свекрвиште, името во деминутив и такви некои глупости
Не ги викам никако. Нема шанси да наречам мамо и тато некои кои не ми се родители. А и мајка ми е почината. Свекрвата ми презборе дека не ги викам така.
Стрина ми, одкако се ожени братучед ми и рече на снаата да ја вика тетка(и името нејзино)дека мајка не треба да ја вика не мора а и не сака,мајка е една.
Што кога родителите на вашиот сопруг не сакаат да ги викате мамо и тато? Посебно татко му негодува, се прашувам зошто, ми потенцира цело време дека треба чичо да го викам, а за свекрвата ми вика тетка ти Х.
Различни луѓе различни ставови. Можеби ако претходно си ги викала така, чичко и тетка па се навикнати на тоа. Штом сакаат така, така ги викај, сите си имаме свои ,,мушички,, во глава.
Искрено грдо ми е чичо и тето оти не ми се комшии, а сакав да ги викам така од љубовта кон мојот сопруг. Па ме замислија со нивната реакција.
Kakva ljubov kon soprugot? Kako sprema brat? Oti za da ti se negovite roditeli majka i tatko toj treba da ti e brat mene ova mi e bizarno i neznam koja budala go ima izmisleno. Ljubov i pocit kon soprugot se iskazuvaat na edno cudo nacini dali majka mu i tatko mu kje gi vikas mama i tato ne e nikakov dokaz. I mend svekrva mi me vikase kjerko haha pa sega ocite nejkeme da si gi vidime
Како бе можеш друга жена да викаш мамо ? Стварно сакам да разберам ? Една мајка имаш, те зачнала, те носела 9 месеци, ти се тресела, за да отидеш у друга куќа и од некаква си почит према мажот, друга жена да викаш мамо ?
Ако сте ги изгубиле моралните вредности воздржете се од коментари Тука има и други што стварно почитуваат и можеби можат да одговорат, туку се знае кој се најгласни. Сите знаеме кој ни се родители, а никој не ме тера па ни он. Кај што има слога има и Бога, а да уште понепријтно ми е да не ги викам никако и да чекам да се свртат. Фмп.
Јас си одам по оваа ,,логика'' на болница на кој му викаш докторе - на докторот на шоколо, професоре? - на професорот шефе на работа? - на шефот епа мамо и татo на кој треба да му речеш? ваљда и твоите си мислат дека имаат свои деца кои ќе им викаат мамо и тато, нема потреба некој кој не им е ништо да ги назива така
А какви се тие морални вредности мајката и таткото на жената да бидат викани баба и дедо? Почит кон сопругата не треба?
Во животот ако се сфаќаш логички отиде. И што не ја затворите темава штом сите се едногласни. Јас познавам и жена магистер и доктор што така ги ословува, па треба ли да ги искине дипломите оти не ја школувале они а вие би ја ставиле на бесилка.
Инцестуозно ми личи ова, ко со брат ти да си, чим неговите ти се родители Бар на Серсеј Ланистер и било лесно, немала дилеми околу ословувањето
Пишав ,,Јас''. За мене лично си кажувам. Инаку школото знаење може да ти даде, сељачизам не вади дипломата. А каква врска има кој ја школувал со муабетов?
Ајде бе... демек ако не ги викам мамо и тато, сум ги изгубила моралните вредности, а? Подобро да не ги викам така, ама добро да им мислам, отколку да им викам в лице мамо и тато, а зад грб вештери да ги викам. И вие сте ми знаеле што се морални вредности!!!
Па често има коментари ниту ме родила, ниту школувала Да но го родила и воспитала мојот сопруг како што е и тоа е доволно. За разлика од вас јас од секогаш им се дивев на снаите што така ги викале.