Ej, ме потсети.... мм ако ги викаше моите баба и дедо, ќе се разведев од него Среќа сите ние дома така неморални, па ни тој сакаше ни моите сакаа така да ги вика. Синкир син ми е, па баба и дедо да ги вика.
И ние од неморалните сме, сите на име и тоа у демунитив. Пример Трајанка - ТрајанЧЕ. Така понагалено ...
Zosto navreduvas? Pobara mislenje ti pisuvame mislenje. Nikakvi moralni vrednosti nemam izgubeno. Da, ne gi vikam mamo i táto, no ziveeme mnogu dobro i imame korekni odnosi. Mi pomagaat za decata kolku mozat, jas niv im pomagam kolku mozam. Imame normalna komunikacijalm, sekoj problem covecki sme go resile.
Зошто форсирате нешто од 20ти век, кога и тие самите не сакаат да ги викате мамо и тато? Испаѓа стариве понапредни сфаќања од младите имаат.
Не бре какво викање мамо, ќе си ја викам по име другарка ќе ми е - ќе ја подмладам Како ќе почниш од почеток така ќе тераш до крај. Ако почниш со мамо - цел живот ќе си ја викаш така. А и не сакам никако тој мајка ми да ја вика бабо.
Седни ги свекрва ти и свекор ти и речи им: Кај ви се моралните вредности, има да ве викам мамо и тато и точка!
Ни мајка ни татко не ги викам. Си имаат тие едно дете-маж ми. Знаат за нас во множина да кажат "нашите деца",но мамо и тато ниту ме терале ниту некогаш ќе им кажам.а маж ми многу си го сакам-не ја мерам љубовта со тоа што неговите ќе ги мајкосувам и таткосувам Ете тој на моите им вика бабо и дедо и мене тоа ми смета а моите уште жолтко да пуштат кога тој ќе им рече бабо и дедо. Изгледа така се они воспитани Што да им правам кога сами си сакаат така да бидат викани. Кога сум лута на свекрвата и се обраќам со "СВЕКРВИЦЕЕЕ"-Иронично Инаку чекам да ја сврте главата да ме погледне за да ја прашам нешто
Не се прашува тоа, секој сака. И свекрва ми така ја викала свекрвата Она нема ништо против, само на свекорот не е навикнат. Нејсе, нели од мали ве учат дека свекрвата не се сака и дека е крива за се, и темата за свекрви е преполна така ќе биде.
@mynameislove не, не ме учеле така, мајка ми немала свекрва никогаш и сме немале такви муабети. Кај нас се е природно, па така и на свекрва ми и беше најнормално да не ја викам мамо, па и сама ми рече дека нема потреба од такви застарени работи и уште помило ми беше. А ти реши го проблемот со нив штом не си расположена за поинакво размислување од твоето.
Ниту мамо и тато, а уште помалку тетка и течо. Јер ниту ти се родители, ниту ти се рандом комшии или пријатели, па ај сеа од култура да не биде само името, ке вметнам тета и чичо. Ме збуни со делот кај моралните вредности?
Најгрдо или не,сепак добро функционираме барем знаат дека позади грб не им зборам лошо. Неможам мамо да кажам на друга жена ниту тато.ни пак сакам утре ден мамо да ме викаат снаите. Арно си живееме досега.ги почитувам како родители на сопругот а со мамосување и таткосување нема ништо помила да им станам
Јас од никогаш не можам да сфатам како може други луѓе да ги нарекувате мама и тато. Некогаш на моите родени родители им се обраќам по имиња, а не па туѓи луѓе што НЕ МЕ РОДИЛЕ. Се знае кои се мајка и татко. Тој нека си ги вика неговите, а јас моите. Нормално тие се родители на сопругот ама ако дошло време да му докажувам колку го сакам со тоа што мајка му ќе ја викам МАМА, ќе си пукам во колено. А тој ич ли не ме сака и почитува со тоа што би ги викал моите БАБА И ДЕДО? Кое понижување е ова. Они упорно да ми викаат да НЕ ги нарекувам мама и тато, ама јас да терам инат од љубов спрема него, ќе се запрашам сама WHAT THE FUCK? Значи, не сакат така и нема што да форсираш. Крај.
Од ова можам да сфатам дека твоите свекор и свекрва се помодерни од тебе/вас. Ако нешто најмногу ми пречи кај нас е тоа жената на сопругот да им се обраќа со мамо и тато. Или овој на нејзините, уште полошо, со баба и дедо. Јас моите ги викам мамо и тато и она моите исто и на што личи тоа? Божем брат и сестра сме. Не сум во брак уште, ама не би сакал мојата сопруга така да ги именува моите родители ниту пак јас нејзините со бабо и дедо. Со име само или со тетка таа и таа и чичко тој и тој и ајт.
Јас не знам што толку се замарате како ќе ги викате родителите на сопругот. Зар е битно тоа, мора ли да се условуваат со „мамо и тато“? Порадо би ги викала тетка Х и чичко Х. Мамо и тато не доаѓа предвид, а да чекам да ме погледне некој во очи за да му се обратам ми е малку безврска мене. На крај краева, што е битно како ќе се нарекуваат, најважно е да знаете да функционирате заедно и да имате убава комуникација покрај сето друго.
Trying to figure out зошто жената треба родителите на мажот да ги вика мама и тато, а тој нејзините - баба и дедо... Бесмислена традиција која нема ниту логика, ниту некакви вредности зад неа. Повеќе би рекла дека станува збор за принципи, цврст став и почит кон своите родители - кај оние што не ја прифаќаат. Секому едни се родители во животот. Ни под разно не би се обратила на друга жена со мамо, и тоа не значи дека верувам во стереотипот дека снаите и свекрвите секогаш треба да се мразат - баш напротив.
Абе и мамичке најмила викај ја, ако не те сака, пак нема да те сака.. Не мешајте називи со слога и почит
Ако ја викаш мамо па некој аир ќе видиш,па мислиш дека ќе ти ги мие нозете,абе акде тами пва е само улизнување.
Не знам на чие мислење се однесува ова, ама јас не реков дека тоа е исто. „Мамо и тато“ не е показател за почит, за мене е само застарен адет и ништо повеќе.