Тоа за што ти зборуваш не е морална вредност Премногу се оптеретуваш со глупости, и ти, а и тие што не ги викаат никако Викај си ги како и до сега, тоа нема никаква врска со моралот, и не барај проблем каде што го нема.
Точно е дека адетот е стар ама јеби га наш македонски е. Денешните млади повеќето ни своите родители не ги викаат мамо и тато туку по име или нагалено името што секако не е почит како што треба спрема родителите. Инаку кај американците свекорот и свекрвата ги викаат мајка по закон и татко по закон. Јас мислам дека кога веќе сакаме да превземаме многу западни навики редно е сегашните баба,дедо,свекор,свекрва да се ословуваат со господине Х и госпоѓо Х.
Ако некогаш се омажам,колку и да го сакам сопругот и да ги почитувам неговите родители,нема да има ни теоретски шанси неговите да ги викам „мама“ и „тато“. Јас си имам мои родители,кои какви и да се-и токсични понекогаш,се мои родители и ги сакам и само на нив им викам „мама“ и „тато“.Колку и да ми идат на нерви,тие ми се најблиски,тие се луѓето кои двојат од нивните усти за јас да имам за јадење и пиење. Ако им се обраќам на други со „мама“ и „тато“,тоа било искажување непочит кон моите родители. Е,затоа нема да го правам тоа. Тој обичај е престар и преглуп !
Викај си ги како ќе ти се сака Објасни им зошто сакаш така ги викаш Јас на свекрва ми со полна уста и срце и викам мајко,не заради сопругот Ја почитувам неа како личност и заслужила да ја наречам мајко За свекре не би да коментирам
Јас уште ги викам тетка и чичо, ептен ретко на име да ги кажам, уште сме само верени и пробам да им се обратам само на име, не можам некако тешко ми е. За мамо и тато не доаѓа предвид ниту јас сакам, ниту тие сакаат. некогаш ја велам свеки ама пак не можам да се одвикнам од тетка. Вајда ќе морам, не личи.
Утре кога ќе се оженам, родителите на мојата сопруга никако нема да ги викам, директно муабет ќе започнувам исто како што правам со луѓе на кои не им го знам името, и тоа е тоа
Истото! Истото му го имам кажано на мм и ме поддржува 100%. Ми рече, ако ти преречат кажи им дека јас не ти дозволувам да ги викаш така, оти едни се мајка и татко. Ниту јас викам мамо и тато, ниту тој бабо и дедо. По име, нагалено. Е како да и речам мамо, кога и тој самиот си ја вика по име Мајка му никогаш ми нема преречено, ама татко му знае да спушти, да ме научел како требало да го викам мало сутра кучињата лаат, караванот си врви...
Веќе одговорив на темава, ама ме нервира што мислите дека ако вие не викате 'мамо' и 'тато', дека така да ги нарекувате не чини.. и обратно, ако ги викате така, дека другото не чини.. А во реалност, нема благе везе со почит, ни едниот избор, ни другиот. Секој ќе си одбере како што си сака, како што му е лесно и како што му одговара. Јас ги викам мамо и тато (односно го викав свекор ми... кога беше жив) И не мислам дека грешам, исто како што не мислам дека грешат оние кои не ги викаат така нивните. Мојот избор не е ваша работа, и вашиот избор не е моја работа. Крај на муабетот!
Свекрва ми по име, убаво име има, и таа мене по име. Свекор ми никако, а и тој мене само директно ми се обраќа. Јас и по мајка ми не сум мамкало, пола од времето на име и се обраќам
И јас не ги викам никако свекор ми и свекрва ми, сами си доаѓаат Оти вториве се второстепени по важност Сега сериозно, јас со тетка и чичко им се обраќав уште кога бевме дечко и девојка со мм. Последниве неколку години, не им се обраќам, затоа што не се ни гледаме. Али јас сум за име, само име. Најкултурно и наједноставно.
@1209 викај ја тетка Свеки @NarCis@ хаххахаа ме изнасмеа Многу ми е интересно кога мажи коментираат на тема ословување на свекрва и свекор, земање на презиме и други обичаи кои реално ја засегаат само жената. Први се да ги бранат традициите, а тие ниту мора на други луѓе да им се обраќаат со мамо и тато, ниту семејното презиме го менуваат, дури најчесто ни од дома не се селат при склучување на брак. @mynameislove и од други теми сум добила впечаток дека си доста патријахално воспитана, што не значи дека тоа е нешто лошо. Ама не сите ги поимаат моралот и вредностите на ист начин. Ако свекорот не сака да го викаш тато, не мора да значи дека не те почитува, туку едностано не се чувствува пријатно така да го ословуваш. Исто како што не значи дека снаа што се обраќа со мамо и тато ги почитува свекрвата и свекорот. Јас лично би го гледала тоа како предност Секогаш велам дека многу ќе си ја сакам и почитувам свекрвата, само да не ја викам мамо и да не живеам со неа Најдобро разговарај уз кафе со свекрвата, пробај да дознаеш зошто тоа тато му пречи на свекорот. На крај краева прашај го како сака да го викаш и мирна глава
Јас на мајката на дм првите 8 години од врска ја викав тетка Х (нагалено). Сега ја викам по надимак, а и таа мене, минативе 2 години. И искрено, со неа имам баш таков отворен однос, не е другарски, ама отворен, кога не ми чини - викам не ми чини, и тоа е тоа. Е, кога се зезаме, јас ѝ викам “свекрвиштето“, а таа мене “снаиштето“. Ниту живеам, ниту ќе живеам со неа, а да ми рече мене ќерко, ќе цркнам од смеење веројатно... таа синовите родени не си ги вика “сине“, по надимак ги вика, мене ќе ме ќеркосува а и јас да ѝ речам “мамо“ веројатно непријатно ќе се изненади Така што, не гледам логика во буквалното силување на некои работи. Комплицирање каде што нема потреба од компликација. За мене ова е некако една од најпростите работи на светов.
Уште пред да дојдат да се запознаат со моите и збор да си дадеме и двајцата ги прашав како сакаат да ги викам. Свекор ми (за жал сега покоен) рече тато никако си имаш ти татко и го викав чичко Х, додека пак свекрва ми рече како сакаш така, пробав неколку пати нешто нагалено мајче да ја викам ама не ми одеше и си продолжив со тетка Х. Маж ми моите ги вика бабче и чичко Х ( татко ми не сакаше дедо, "млад" бил за дедо)
Јас си ги викам тетка Х и чичко У...воопшто немаат нишо против...Битно да имаме разбирање и почит...не им менува нишо тоа како јас ќе им се обраќам.
Никако не им викам.Колку и да сакаат, нема мама и тато да слушнат од мене мислам, незгодно ми е други луѓе освен моите мајка и татко да нарекувам. Свекрва ми можда и би ја нарекла “мамо” ..некогаш.. Заслужува, ко втора мајка ми е. Ама ќе видиме. Свекориштено нема шанси тато да слушне, никогаш. Он не заслужува муабет да му правам не па татко да го наречам.
Ги викав мамо и тато до пред 10тина години- ради реда -никад не воспоставив некоја близина или соживот некој да имавме иако 6-7 год.у заедница живеевме. Сега после се -на презиме од извод му се обраќам на стариот ,а на неа со г-ѓо Х
Братучетка ми има некој солиден однос со свекрва и, се имаат карано ама пак се во добри односи иако свекрва и е тежок карактер и она за се има мислење и мисли за се во право е, ама добро и мисли се грижи за неа и купува фармерки блуза, хулахопки, може не како ќерка ама пак така и обрќа внимание. Само има проблем не може никако да ја рече да и се обрати и таа како мене мака мачи, и свекрва и и има речено зошто никако не ме викаш сакам да ме викаш некако, и сеа оваа се мисли да ја вика мајка Јуле, така се вика свекрва и, пошто не можела мамо, бара совет од мене јас незнам што да и кажам, вие што мислите за такво условување?