1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родителите на вашиот сопруг

Дискусија во 'Брак' започната од Unfaithful18, 29 јуни 2010.

  1. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.975
    Пол:
    Женски
    Ако на братучетката и е во ред така да ја нарекува тогаш не гледам никаков проблем. Битно е кога ќе ја ословува да не чуствува како кнедла да има во грло. Барем јас лично немам намера да ја нарекувам свекрвата онака како што таа сака туку онака како што мене ми е пријатно. Сите ние имаме некакви желби па не значи дека мора да ни бидат исполнети. Ако не и се допаѓа како и се обраќам тоа е нејзин проблем. :)
     
  2. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.222
    Допаѓања:
    93.768
    Премногу се оптеретуваш со тоа обраќање кон свекрва. И за твојата, па сега и за на братучетка ти.
    Како и одговара, така нека вика. Ќе си тупиме мозоците сега, ко проблемот со глобалното затоплување да го решаваме.
    На свекрвата ако не и одговара како ја викаат, нека не слуша.
     
    На Harper, duffi, elena.mak и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    2.035
    Пол:
    Женски
    И мојата се понаша скоро па како спрема керка ама на време си имаме кажано ние сме снаа и свекрва а не мајки керки:shake: си имам ја мајка жива здрава права и потценување ми е да кажам друга жена мамо покрај жената што ме родила и подигнала на свои нозе. Јас не би се осеќала убаво утре керка ми да вика друга жена мамо. Си ја викам по скратено име. Во случај на братучедка ти Јуле. Во почетокот тетка Јуле подоцна кога се зближив доволно само Јуле. И таа задоволна и јас.
     
  4. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    2.498
    Пол:
    Женски
    Зависи колку се блиски и како сака да ја вика дали на име ,дали мамо, или мајка Јуле,. Отворено нека ја праша свекрвата како сака да и се обраќа не е страшно и срамно. Ако се двете без предрасуди може да ја вика како сака побитна е почитта но сепак мора некако бидејќи не е згодно да и се обраќа со ЕЈЈ или да не употреува ништо ќе испадни како да ја избегава. :)
     
  5. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Фала на сите за критиките. Можеби и мојата реакција не беше соодветна, па навредив некој, ако е така се извинувам. И да, продолжив да ги викам МАМО и ТАТО, иако некои ме направија глупава што се наметнувам, а не постапувам како што ми рекол свекорот. Ми рече не бил навикнат, а сега му е драго, што подраго не може да ми биде. А и јас сега гледам со срцето и ако за вас тие две зборчиња не менуваа ништо, мене ми сменија. Не ми е веќе непријатно од тоа да не ги викам никако, или да ги викам чичо и тето, кога не ми се тоа. Не ми се ни родители, но имам прекрасен сопруг кој сакав да го удостојам така, И не ги погазив моите родители со тоа.
     
    На artemidis му/ѝ се допаѓа ова.
  6. hopes

    hopes Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    325
    Roditelite od maz mi nemozam da gi smislam, mnogu sakaat da se mesaat vo se iako ne ziveeme zaedno ili vo isti grad. Nie sme vo Skopje tie se vo Tetovo idat na sekoi 2 nedeli ama tolku se nepodnoslivi sto edvaj izdrzuvam vo nivno prisustvo. Maz mi e mnogu po niv i oni bukvalno se znaat za nas sto kako sme napravile da ne kazam da se izrazam vulgarno ama oni znat kakvo g.. no pokakal maz mi. Ako kazam nesto ili se sprotistavam za niv posle mazmi so mene se kara. Tie sekogas se vo pravo za se tie znaat najdobro.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Машки
    А што е тоа конкретно што толку те нервира кај нив па не можеш да ги поднесеш. За што ви се мешаат да не речам тебе ти се мешаат бидејќи изгледа на сопругот твој тоа не му смета?
     
  8. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    28.329
    woooow :o колку сум била убедена дека нема проблем во тоа како им се обраќам:tmi: . Ептен сигурно сум звучела тогаш, :^)посебно делот - не сме имале проблеми околу викањето ,, мамо и тато'' - (facepalm)
    Работава излезе дека јас сум немала проблем со тоа како да им се обратам а они и те како сакале да им викам - мамо и тато. ]:)
    После некое време на нивни начин, со лутење покажаа дека по нив не ми биле чичко и тетка, па јас не им се обраќам никако, пошто по мое не ми се ни мајка и татко. :P
    Брзо се помирија, па останавме во коректни односи. Само јас нели помалку сакана снаа - претпоставувам :wasntme:
    И ич не ми е незгодно да им се обратам, ги погледнувам во фаца и си прашувам - кафе ќе пиеме ли? како си? и сл. :angel:
    Овде морам да ги пофалам дека и они не ме ставале во незгодно да се праат на Тошо кога им зборам. :bow:

    За мене тоа викањето- мамо и тато ми е само лице правење.:doh: Нит ги сакаш како мајка и татко, нит те израснале, ни се понашат кон тебе како родители, ни пак они те сакат како ќерка... Само лицемерие. :worried:
    На кој не му е тешко нек си вика, јас не можам.
    Познавам многумина кои викале од почеток па при најмала закачка одма престанале. Едвај чекле да не ги викаат. :x
    Познавам и такви кои ги викаат мамо и тато а во секоја прилика ги зборат за се најлошо|(. Па јас иако не им ја давам титулата мамо и тато, сепак повеќе ги почитувам од многу други снаи.
    Тоа како им се обраќаме не е мерило за тоа колку ги почитуваме.
     
    На gjoker4e, simonagj, Puffy2019 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Rubinka7

    Rubinka7 Активен член

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Во брак сум неколку месеци, живееме во заедница и не им викам мамо и тато на свекрвата и свекорот. Едноставно не можам, не излегува тоа од мене и не ми е воопшто природно. Проблемот е што мојата свекрва сака да ја нарекувам така бидејќи на неколку пати, не мене директно, туку спомнувајќи други примери ми дава до знаење ако не ја викаш свекрвата мамо е срамота, некултурно и пречка за добар однос. Тоа можеби и немаше да биде голем проблем доколку и мојот сопруг не го бараше истото од мене. Постојано ме напаѓа дека не сум била воспитана и не сум ги почитувала неговите родители затоа што не им се обраќам со мамо и тато, а тој на моите им викал бабо и дедо.Ми вели ајде те чекавме месец, два да се опуштиш ама ти си продолжуваш по старо. Утре кога ќе имаме деца мајка ми нема да ни ги чува заради тебе затоа што не си заслужила. Не знам што да правам, не ме сфаќа дека не можам така да им викам, ми вели мора да им се обраќам со мамо и тато.
     
  10. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    При посета на која пештера го запозна мажот ти ?
    Не наведнувај глава, не им попуштај, ќе те згазат. Или нека ги вика и он твоите со мамо и тато, па бар еднакви да бидете.
    Ама гарант нема да сака тоа, јер неговите се едни и единствени а на женското родителите се нели..заменливи.
    2019....
     
    На Taurus777, Nausicaa, gjoker4e и 24 други им се допаѓа ова.
  11. Rubinka7

    Rubinka7 Активен член

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    @lovestoneddd Верувај ни на крај памет не ми паѓаше на ум дека ќе има вакво размислување од причина што тој самиот беше против некои адети во врска со свадбата ама и други работи претходно. Затоа сега ми е уште потешко што со ова негово размислување постојано ми врши притисок. Се си е океј помеѓу мене и неговите родители, со повремени напнатости што сигурно ги има секаде....и колку да не се согласувам со некои ставови и размислувања на свекрвата гледам да не се расправам, напротив ја сослушувам и со саати кога ми образложува за небитни теми, кога за ситници им замерува на луѓето околу неа и прави драми околу тоа и слично. Ова очигледно ништо не му значи на мојот сопруг и секогаш во секоја ситуација неговите ги става на прво место со префлрања врз мене дека тие мене ме третираале како кралица а јас не сум ги почитувала.
     
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.813
    Допаѓања:
    38.290
    Пол:
    Женски
    Почни стварно да не ги почитуваш, не им обраќај внимание воопшто, кога таа ќе зеде да ти збори ти само речи извини имам работа или терај си работа и не и одговарај, може стварно е злобно ама тогаш мажот ти ќе сфати што е уствари непочитување, глупости скроз.
     
    На gjoker4e, cresa-jagoda, Abc07 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @Rubinka7 Викај ги и ти бабо и дедо! :D:bow:

    Воопшто да не чувствуваш вина или што рекоа погоре, немој да наведнуваш глава. Жал ми е што си нападната и немаш поддршка од сопствениот партнер, но не попуштај. Односно, тоа не е сега водење инат, тоа е најнормално однесување во 21-ви век. Зошто да ги нарекуваш мама и тато? Се знае кои се родителите.
    Би ти рекла игнорот е решението, а во однос на маж ти, ако уште еднаш ти пререче, смирено му речи дека штом сметаат дека тоа е пречка за добриот однос и комуникацијата, да не се грижи, нема ни да имаш комуникација со нив и онаа фината за децата, соопшти му дека кој ги прави децата, тој си ги чува 8-|
    Не му дозволувај да те притиска и посебно не се чувствувај лошо поради неандерталци :f::hug:
     
    На Nausicaa, gjoker4e, Puffy2019 и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    955
    Допаѓања:
    2.157
    Пол:
    Женски
    И мене еднаш низ муабет ми спомнаа за некоја девојка што уште не била верена, ама родителите на дечкото ги викала мамо и тато оти често идела кај нив. Срамота било тоа, уште не биле во брак за да вика мамо. Јас само се насмевнав и реков епа не знам јас ништо за тоа :D
    Нити имам желба, нити можам да ги викам. Почитта не е ако им речеш мамо и тато.
     
    На gjoker4e и Animali им се допаѓа ова.
  15. IJAE

    IJAE Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    798
    Здраво девојки, морам да се надоврзам на темава. Ќе се мажам и откако решивме да правиме свадба јас не можам да ги поднесам неговите бидејќи самите си направијаа и претходно лош однос со мене и никаква комуникација немаме чисто формално, а камоли да ги викам мама и тато. Им се обраќам со тетка и чичко така ќе остане и после брак. Една е мајка и еден е татко!!!
     
    На Abc07 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.731
    Допаѓања:
    55.490
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од мама и тато, доволно е да ги почитуваш и со тетка/чичко да не е само на име.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Ова со мама и тато мене ми е затуцано. Нит мајка ми викала, нит свекрва ми ја вика свекрва и мамо.
    Зошто да ги викаме мамо и тато??
    Ме родија?? Ме израснаа??
    Нит па сакам мм да ја вика мајка ми бабо.
    Родител е еден, оној што ти дал кров над глава, те чувал, те школувал, бдеел над тебе кога си бил болен.
    И многу ми е грдо, седат мајка и свекрва, и снајка и се обраќа на свеки, мамо сакаш кафе??
    А мајка и нек си напраи сама... мајка е, кај ќерка дошла не ќе се устручава.
    Мајка е една, за секое дете најдобрата мајка на светот.
    За мене, свекрва никогаш нема да биде мамо, зошто никогаш не може да ме сака како свое дете.
    Зошто па ја да и давам толкаво значење.
    Мада, никогаш сум немала ваков проблем, не станувало ни збор како ќе ги викам. Секогаш викала, доволно е да ме прашаш како сум, да ме поздравиш кога влагаш дома, да ме понудиш кога јадеш, пиеш... е тоа е почитувањето. А џабе ќе ми кажеш мамо кога на другарките ќе им кажуваш онаа вештерката.
    Сега ги викаме со мм, нано, дедо и бабо. А тие се топат.
     
    На mimiiiii, gjoker4e, Amelie1708 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Здраво

    Ние со сопругот планираме и се обидуваме за бебе. Сеуште не бидува. А и кога ќе биди сакаме како изненадување да го кажеме. Некако интересно.

    Е сега неговите кога почнале ајде близнаци. Што чекате?. Зошто чекате?????. Свекрвата ми купила фустан и тренерки за трудници (facepalm)

    Како на културен начин да и кажеме дека ни е рано или нешто такво и да не не прашуваат?
    Преку глава ми е тоа веќе.

    Фала. Поздрав
     
  19. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.975
    Пол:
    Женски
    Фино и отворено ќе кажеш дека ваша работа е одлуката за деца а не нивна и ќе ја замолиш во иднина да не се меша. Не ги мазнете толку, колку по фини сте толку повеќе ќе ви се мешаат и ќе ви налагаат ставови. За се треба отпор во старт а не молчење оти така ќе ги навикнеш па после и за ситници ќе бидеш лошата. Така е тоа, децата по порачка се прават па ај сега музичките желби на свекрвата ќе ги слушате дека близнаци или не знам што треба да имате. Јас би се навредила искрено трудничка облека да ми даде свекрва а да не сум трудна и ќе заврши право во канта, и тоа со нејзино знаење. И не ме интересира мажот што ќе каже, ако не е на моја страна тогаш нека не се жени. Никој нема право да ми се меша во мој живот.
     
    На Lolipop23, SunnyGirl2 и DAngel им се допаѓа ова.
  20. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.840
    Пол:
    Женски
    Маж ти треба сам да среди. Тој што мисли околу тоа? Разговарал со нив?
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.