Значи да, каква тешка глупоштија ми е тоа мамо и тато. Ми се кревало коса од секогаш, која е поентата да викам некого мамо и тато ,а притоа да немаме почит и разбирање? Мамо и тато не е мерило за мојата љубов или нељубов према нив. Свекрва ми и свекор ми се прекрасни луге, ги сакам и почитувам и имаме супер однос, никогаш не побарале од мене да ги викам така и пред свадба јас се изјаснив и им кажав : отворени карти на маса, не планирам никого тато и мамо да викам, ве сакам , ве почитувам и тоа е најбитно. Можам да те викам мамо или тато а позади грб да те колнам и да зборам се и свашта која е поентата? Една е мајка и еден е татко, во моја глава такви работи во предвид не доагаат, поготово во 21ви век кога работите се тотално сменети.
Фино и културно прашај ја дали е трудна што купила фустан и тренерки. Кажи му прво на маж ти нека седне нека збори со нив. Ако не напиши и на лист тоа што ти лежи на душа.
Мораш со него да разговараш и тој да среди со нив. Вака, ти испаѓаш лошата и дека тебе ти смета, а него му е прифатливо ваквото однесување.
Здраво, и јас сум во брак веќе неполна година, ние живееме сами, мојот сопруг е од друг град, па и ретко се гледаме со неговите родители. Јас немам проблем со тоа да ја викам неговата мајка мамо, бидејќи во мојот круг на пошироко семејство, мајка ми, ја викаше баба ми мамо, вујна ми исто ја вика мамо, и некако ми е природно и тоа ми доаѓа исто како што веќе некоја од од девојките спомна еден вид на почит како (чичко, тетка...) Но некако во денешно време тоа се повеќе се искоренува, мојот проблем е што некако ми е срам така да ја ословувам, бидејќи, се чуствувам чудно, мислам дека кога ќе цујат луѓето дека така ја ословувам им изгледа тоа како да јас сум паднала од друга планета или нешто се праам многу добра... Иако имам снаа која никако не ги ословува мајка ми и татко ми и тоа е многу глупаво, и несакам да го следам нејзиниот пример
Што е битно што ќе помислат и ќе речат другите? Штом си почнала веќе еднаш да ја викаш мамо и не ви смета тоа и на двете, продолжи си така, најтешкиот дел веќе си го поминала.
Ако сакаш да ја викаш така викај ја. Снаа ти ете не ги вика никако, ти за тоа мислиш дека е глупаво и сигурно заради тоа што ти мислиш дека е глупаво нема да почне да ги вика мама и тато. Така и ти. Прави како ти што сакаш. Јас никако не ги викам исто како снаа ти. Мама и тато никогаш не би ги викала! Ама секој ги вика како што му одговара. Или никако.
Мм има само татко,мајка му починала додека бил мал.Многу фин и мирен,тивок човек.Имаме почит голема меѓу себе,покрај моето минато и приказна и се,ептен ме прифати.И ќерка ми ептен ја сака како негова сопствена внука ја чува,дедо го вика она.Како втор татко ми е,но сепак не го викам тато,туку чичко и неговото име.Го викавме и да живее со нас,за да не е сам,но не сакал да ни пречи.Речиси секој викенд го викаме кај нас на ручек или пак одиме кај него,ја оставаме да ја чува малата.Свекор за пример.
Здраво на сите, прв пат сум на темава. Немам свекрва (почината е), но имам свекор. До пред раѓањето на детето, свекорот доаѓаше многу ретко, 2-3 пати годишно (за нашите родендени и на слава), а и ние сме оделе толку (2-3 пати годишно, за празници). Откако се роди бебето лани, почна да доаѓа секоја недела. Ќе се јави 2-3 часа порано и ќе дојде. Додека бев на породилно, често се случуваше да се јави и да ми каже: за 5 мин доаѓам или јас сум веќе пред врата. Почна да ми пречи ваквото доаѓање, особено кога бевме на почеток, со проблеми со доењето. Му беше кажано да се јави барем еден ден порано, но за џабе. Последниов месец почна почесто да доаѓа, на 2-3 дена. Доаѓа на гости, а не си игра со детето, само онака да си поседи. Имам чувство дека ние по дифолт треба да сме дома и тој може секогаш и во секој момент да дојде. Некогаш нешто ќе испланирам/е, а тој ќе се јави за да дојде. Нормално, го одложува доаѓањето за другиот ден. Го губам трпението.......имам чувство дека си зема премногу слобода да дојде кога сака. Не знам како е правилно да постапам: да реагирам кај сопругот за честово доаѓање, без да се праша дали имаме некакви планови или да бидам трпелива уште некое време? Секој ваш предлог ќе ми биде добредојден.
@Mimmi39 Разговарај прво со сопругот на таа тема, убаво и смирено му објасни, а потоа заедно разговарајте и со свекорот. Мора јасно и отворено да се каже, за да се знае како стојат работите и манирите
Прво со сопругот, тој нека му каже. Ако не му кажува тој, тогаш ти ќе разговараш со свекорот. И не е згодно да ви доаѓа така, треба да се најави барем ден однапред. А следен пат кога ќе ти рече доаѓам, ти речи му не сме дома
Да те "утешам". Нема разбирачка со такви луѓе. Имам една таква. Пред раѓање 2 пати дали била, затоа сега знае и на лулашки да ни дојде. Ај бар од корист да е. Ќе седне и уште муабет ти тера, внимание да ти одвлече.
Незнам, јас не гледам голем проблем,и тој сака да го види внучето,ви се најавува 2-3 часа порано што е океј,ако имате планирано одложува за нареден ден, зошто ви смета да доаѓа? Нормално нема да доаѓа 3 пати годишно како порано,мило му е внучето,не мора да игра,не ги бива сите луѓе за играње со деца,плус е повозрасен.
Не му 'стојте простум'. Идел-не идел, вие бркајте си ги работите, нека се научи да се однесува како да е дома, да не мора да му служиш, или да го занимаваш цело време. Полесно ќе ти биди.
Во години кога знае дека не му останува уште многу плус и жената му е почината а и внуче му се родило свекор ти си сака блискост, затоа и пречесто доаѓа и само си седи дури не го игра детенцето. Се радува да е до вас, да не е сам. Поразговарај со сопругот како да му го подобрите социјалниот живот. Наметнете му ваши правила кога го очекувате да дојде, посоветувајте го да си створи круг на пријатели од врсници.
bash me interesira,dali da stanuvase zbor za tvoite roditeli dali taka bi se nervirala? toj ne treba da go tretiras kako gostin,toj e tatko na soprugot tvoj i moze da ide koga saka. razberi go,vnuceto mu e najverovatno svetla tocka koja ja ispolnuva prazninata od toa sto e sam .Sigurna sum da ne bila pocinata soprigata negova,nemalo taka da ide, a sega mislam deka bi trebalo da go ostavis koj moment saka da go vidi vnuceto ,neka si dojde . Toj mozebi ne e tip sto e dechar nekoj i shto ke igra so vnuceto ili da go drzi, ednostavno ima nekoi lugje sto dovolno e da go vidish nekoj za da ti se napolni dushata. mislam deka premnogu ne fer od tvoja strana so ova razmisluvanje.Ne deka te napagjam,isto i jas sum imala maka i problemi so starite ,megjutoa da mu prerekuvam i napomenuvam deka nemoze da ide koga ke mu tekne za da vidi vnuceto-nikogas. Stavi se ti na mestoto negovo