Јас на име ги викам... Абе во други ситуации од братучедки сестра .. свекрвите ќе им дојдат ќе им кажат: Викај ме од сега Мамо АКО САКАШ, или викај ме ТЕТКО или не знам...Мене ништо не ми рекле и така ми остана едино што се смени е дека пред брак им се пбраќав со ВИЕ им персирав а откога се земавме прекинав и им се обраќам со ТИ дека фамилија...
Ne se do mene, pa taka da ne im se obrakam nikako. A decava ako nesto gi pobarat dedotoi babata ve baraat i tolku.
Јас свекрва немам само свекор и го викам чичко еве дванаеста година веќе и не планирам да го сменам тоа. Не живееме заедно и не ми е проблем ич кој што ке каже. А маж ми мајка ми и татко ми ги вика на име нагалено како што ги викам и јас.
Јас на почетокот пред да се омажам решена бев дека ќе ги викам мамо и тато,абе една сила демек зашто срам нема врска. И дојде ден јас се омажив, и едно утро уста ми се лепи едвај мамо кажав они сите ме погледнаа и се насмеана од тогаш веќе не ги викав така. Требаше свекорот да го прашам дали сака кафе, беше оддалечен малце од нас и требаше да викнам и та..та.. и золвата виде дека не можам дека и мене ми е незгодно ми беше и она го праша. И откако тато почина ептееен ми беше безвезе друг човек тато да викам. Не ми замериле зошто не ги викам така. А со чичко,тетке е навистина преглупо да се обраќам. Маж ми мајка ми бабо ја вика. Ако нешто сакам да прашам одам до нив или ако малото е до мене велам, дали баба сака ова,дали дедо сака тоа. И некогаш на шала на свекрва ми на шала и велам свеки, она се смее. Сватив дека друг човек и друга жена не можат да бидат наречени мама и тато.
Ха! Кога дојде мм со неговите на запознавање со моите, мајка ми ми рече, би било убаво од сега мамо да ја викаш (ја до тогаш 5 години тетка ја викав). Се свртев кон мајка ми и пред цела маса кажав ја една мајка имам и веднаш почнав некој друг муабет за да им е јасно на сите дека таа тема е затворена засекогаш.
Не би ја нарекла МАМО во знак на револт, туку затоа што една мајка ме родила. Освен таа, секоја друга ми е тетка Стојна, Петранка, Тракторка. Исто колку што мојот татко не е ТАТО на маж ми.
oh god, no. Никогаш и никаде. Мајка е свет збор. Сите имаме една мајка. Не ме нервира жената или слично, али си има кој да ја вика нејзе мамо. Такво лицемерие не ми е потребно во животов. Ова ми е просто, едно од најглупоштините работи на овие простори и пошироко.
Не. Ја почитувам жената, имам коректен однос и со неа и со свекорот ама имам само една мајка и еден татко. Не ја гледам потребата од тоа, почитта ја покажувам со моето однесување према нив. Или мене па смешно ми е бабо, дедо кога ги викаат родителите на жената.
Не, ни од почит, ни од култура, ниту па од желба. Чудно ми е што уште постои ваква традиција. Во глобала сите луѓе ги викам по име, па и родителите поголем дел од времето.
Исто како и мамо и тато на свекрвата што нема логика,ама се пренесува со векови.Ама баба и дедо е полесно да кажеш
На свекрва никогаш нема мамо да и кажам. Ни мајка ми не и викала така. А тоа мајката и таткото на сопругата, се баба и дедо на сопругот, тоа не ми е глупаво.