Не му се ни баба ни дедо. Туку мои родители што немаат никакво крвно сродство со него. Муабетот ми беше, свекрвата и свекорот ми се мајка и татко, колку што моите родители би биле негови мајка и татко. А дека се вика традиционално баба и дедо од страна на мажот е точно.
Како да ја викам мамо кога ни мм не ја вика, туку со нејзиното име и се обраќа. А и јас не ни сакам да ја викам... Една мајка си имам, она во животот се жртвувала за мене, а не некоја друга жена што сум ја запознала пред неколку години.
Не викаат сите, некои тетка/тетин, некои на име... Еве јас да сум родела млада и на 40год да ме вика зет ми од 35год (да речеме) бабо, што знам... Не му треба таков луксуз Баба и дедо само за внуците, за другите по избор нивни.
Се разбира дека не. Уште една глупава традиција останата од минатото. Па кога ќе ги видам некои свекрви и снаи, коси ќе си искубат, очи ќе си извадат ама ја вика мамо. оу ноу. Да бидам искрена, јас само мама, тато, баба и дедо викам. На другите роднински врски по име им се обраќам. Може вака изгледа чудно ама навикнати се така од моја страна. Така да, пола моја фамилија би паднала во несвест од смеа да ме слушне да и викам мамо на свекрва.
И мене мајка ми ме напна мамо да ја викам после свадбата. И кажав не заслужува ( пошто и стварно не заслужува). А мамо еднаш и реков пред золва и нејзина ,од чист инает. Золва и си замина јас пак или еј и велам или чекам да се заврти па да кажам што имам. Глупа или смешна дешавка во однос на темава ми се деси пред некоја недела. Комшии дојдени од Германија и ај демек да се видиме ,се замуабетивме нешто за децава и демек дали седи со други да ја оставам бебуш и викам со свекрва ми седи пошто ја гледа секој ден а од други плаче... И ме гледаат двајцата ко место свекрва вештерка да сум рекла ,јас се чудам што така фрапирани се луѓево и жената вика ама јас со мама не можам да го оставам само што ќе излезам од соба вришти. Ама тоа мама така тихо ,срамежливо не знам како да објаснам го кажа ,како да се срамеше од мене што вика така за свекрвата ...
Не. Никогаш. Не можам да замислам ниедна друга жена да ја нарекувам „мамо“ освен мајка ми. Ниеден друг маж не би го нарекла „тато“ освен татко ми. Воопшто не ми се допаѓа таа глупава традиција како и родителите на сопругата да се нарекуваат „бабо“ и „дедо“. Ако не им се обраќам на моите свекор и свекрва со „мамо“ и со „тато“, не значи дека не ги почитувам. А ќе ги почитувам ако заслужуваат. Почитувањето се изразува со односот спрема нив, а не со обраќањето. Попусто и` се обраќате на свекрвата со „мамо“ ако во себе посакувате да и` ги извадите очите. Има и многу такви.
Не, а ова го имаше слушнато и самата од мене лично, ѝ кажав дека не планирам да ги нарекувам мама, тато. За чудо се согласи, па и самата бараше да ѝ се обраќам по име. Морам да кажам дека еднакво глупо ми е и кога ќе чујам некои да ја нарекуваат "тетка" свекрва им. Непотребно. Името ми е најок опција.
Во Македонија, зетот родителите на жена му ги нарекувал баба и дедо, додека пак жената свекорот и свекрвата ги нарекувала тато и мамо. Постои мислење дека зборот свекрва потекнува од све-крива, кривец за сѐ Сѐ си има етно потекло, на пример снаа за брат на англиски е sister-in-law, снаа за син е daughter-in-law, што на наше, деверот би дошол батко, свекорот тате. Со „тато“ се обраќале кој биолошкиот татко а со „тате“ кон свекорот, „мајко“ кој свекрвата а „мајче“ кон биолошката мајка. Именки има многу и тие се менуваат од деценија во деценија, не зависно од потребите туку зависно од чувствата кон тие луѓе. Во поново време кај нас, и зетот кон родителите на жена му а и таа кон неговите се обраќаат со чичко и тетка прифатливо за сите и прифатено од сите како се обраќаат не е толку важно колку што е почитта, односот, соживотот, помошта.
Нема логика никаква ама останала традицијата А како што е заостанат менталитетот и со турскиве серии уште долго ќе стои Еве на мм му е тешко да рече баба и дедо, мајка ми ја вика тетка ×××, татко ми по име оти и јас го викам по име.Моите никогаш не му пререкле оти заедно бевме 12 год пред да се земеме.Јас свеќи и свекор ги викам мама и тато ама еднаш во годината ако се видиме, ама повеќе гледам да ги одбегнам
Исто за бабо и дедо ми е мноогу глупо. Не знам од кај ли потекнува!? Инаку мм исто не мое бабо да и каже ,вика баба ме асоцира на стара баба буквално ,мајка ми има 50 ,тој има 38 баба му имала 90. А пак мајка ми се лутеше ,требало бабо да и вика и готово ,па ај објаснував јас зошто не може.
Тоа е тој менталитет што треба да се искорени . Мм кога дојде со неговите да ме бараат мајка ми ја праша свеки како сакате да ве вика и свеки вика како сака она така најверојтно очекуваше дека мамо и тато ќе ги викам али јас одма категорично кажав или тетка,чичко или по име мама тато не викам зошто тоа е лицемерие за мене и свеки само тивко кажа епа добро,а ние тебе како да те викаме и реков само сакате по име по презиме како ви одговара и оваа како да се поднаљути дека нема да ги викам мама и тато али баш ми беше гајле не сме во камено доба