Jас сум пред некое време омажена и живееме заедно со родителите на сопругот. Неговата мајка изрази желба да и се обраќам со мамо. Tака и беше еден период кога на свекорот и свекрвата им се обраќав со мамо и тато, но чуствував длабоко во себе тежина со секој изговорен збор. Затоа по некој период престанав да им се обраќам со мамо и тато.
Јас кога се омажив ја прашав свекрва ми односно си разговаравме пошто со нејзе бев поблиска како да ги викам од утре бидејќи сум веќе во нивна фамилија, тоа беше веднаш после веридбата. Таа на тоа ми одговори сега пред некој ден се стретнав со една комшивка и ме праша како е сега со снаа дома, јас и реков исто е кога некој ти ида на гости знаеш туѓ човек е така е ништо посебно не знам, и го врти муабетот а бе да не си речеме лошо. Јас повторно ја прашувам и таа а бе сеедно како ќе речеш, ние не сме такви луѓе не замеруваме, а и не не интересира. Јас дојдов до заклучок дека не сака да ги викам мама и тато, па продолжив со чичко и тетка, ама одбегавам и тоа чекам да ме погледне во очи па да ја прашам нешто. Пред извесно време беше дома девојка му на мојот девер, братот од маж ми и разговараат на оваа тема и свекрва ми и вика да да треба да се вика мама и тато, а идната моја јатрва потврдува да така треба. Навистина не знам што да мислам, а прашав поштено и ако требаше јас ќе ги викав како тие што сакаа, а најиронично во цела ситуација пошто живееме сите заедно бабичката стара која и е свекрва на мојата свекрва живее тука и јас никогаш не сум ја слушнала да вика по нејзе мамо, него на име и тоа ај седнувај да јадеш ако ти се јаде и слични работи само вика по неа. Па искрено да ви кажам никогаш нема да ја наречам мамо.
Јас мојата идна свекрва 8 години ја викам тетка Б..., така да не дека не сакам, ама како утре одеднаш да ја викам мамо??? Не сум против ако е фина со мене, убаво се сложуваме и сл. Ќе видиме како ќе си заслужи, иако таа си има изразено желба дека сака мамо да ја викам. Татко му исто, 8 год е чичко В.....,и сега од еднаш тато. Хм... што знам ќе видиме, отом потом
Е чирибирибелче и јас исто ко тебе, иако не толку долг период. Еве сега откако бидна веридбата, моите од дома (мајка ми, татко ми, баба ми, дедо ми и останатата поблиска фамилија) ми рекоа нема да ми се исуши устата ако ги викам свекор ми и свекрва ми мамо и тато. Уште одамна кога ми кажуваа дека е подобро така, јас немав ништо против, сепак родители се на личноста што ја сакаш најмногу од се и треба да ги почитуваш(ако се доследни за почитување). Но ете кога сега дојде ред за тоа, некако ми е глупаво, неприродно и терсене. Се трудам да ги викам мамо и тато, но чувството е друго кога ги изговараш тие зборови на сопствените родители. Плус и јас еве се испуштам овие денови и сум уште на чико ххх и тетка ххх. Баш вчера пред свекрва ми ми се испушти така ненамерно и се смеевме двете и ме утеши дека има време, ќе се навикнам. Сега оставам на време така да помине дур ми легнат зборовите плус и тие ме сваќаат, не се лутат
Таква личност сум што лесно се злижувам со луѓето,а особено постарите луѓе брзо ме засакуваат.Мислам дека нема да имам проблеми со оние што ке ми бидат свекор и свекрва.Ама незнам дали ке можам да ги викам мама и тато Родителите на моите другари и другарки понекогаш онака на зафрканција ги кажам мамо-тато исто и они моите,ама свекрва ми и свекор ми незнам дали ке можам да ги кажам.Сепак имам само една мајка и само еден татко што никој неможе да ги замени!Па накрај и не е толку важно како ке ги викаме,мислам дека се додека се почитуваме едни со други,се ке си биде во ред.
Faktot deka se roditeli na toj sto go sakash i deka treba da se pocituvaat stoi,no sto vo slucaj koga nemash pocit od drugata strana ili imash nesoodvetno odnesuvanje na nivnite godini i polozba. Vo vrska so kazuvanjeto mamo tato imav mng interesna situcija ...den posle svadba sobrani kaj roditelite na maz mi pred gosti i prijateli...doticnata G-ga se izbaci so baranje deka ona sakala jas da ja vikam mamo i tatkoto na mazot da sum go vikala tato..zs oni taka sakale...dali so pola ili cela usta ne bilo problem.Tolku mi padna nezgodno ama i prethodno ona imashe vakvi ispadi i si rekov vreme e da se prekrati so ovie nivni muzicki zelbi.Pred site i kazav deka imam samo edna majka i deka mozam samo da i se obrakjam po ime ili so tetka.Uffff kolku grozen den [mod-kirilica:2vwi9a6i][/mod-kirilica:2vwi9a6i]
чек да ве прашам нешто.. со ова мамо - тато се почнува по веридбата или по свадбата... ако е после свадбата супер ама ако е после веридбата сум се зезнала гадно... татко му уште денеска би го викала тато ама мајка му незнам заш мислам дека не би можела... постарата снајка не ги вика никако а во муабет ги кажува свекор ми и свекрва ми па донекаде е глупо.. чека пола саат да се свртат за да праша нешто. евентуално ако прави кафе почнува да се дере: сакаа уште некој кафе??
Па после веридбата јас колку што знам, од ден на ден ќе почнеш да си се навикнуваш полека (ако веќе ти е желба да ги викаш така)
Еве и моето бидна, два дена бев со нив и не ми се пушти срце да им речам мамо тато Абе срам ми иде и не ми е природно тоа.Они мене до вчера со име, сега снао, посебно свекор ми.Среќа што си живееме со маж ми во друг град сами , па нема да ми е голем проблем, 2-3 дена се издржуваат некако.
Зарем не те прашаа зошто си престанала да ги викаш мамо и тато? Тоа некако не ми иде. Ако им се обраќаш така, не можеш после да престанеш. Па што ќе си помислат луѓето? Јас се уште никако не им се обраќам. Чекам да ме погледнат
не ми рекоа викај не така или овака,тоа беше на моја иницијатива,но не покажува некоја посебна импресионираност од гестот,па мене ми беше себично од нивна страна и едноставно само си одлучив така повеќе да не се обраќам.не ме прашале ни зошто не не викаш така,као да се знаеме 100 години па не дошло на ред да се прокоментира тоа,барем не пред мене.кога ќе размислам сега од оваа временска далечина грешка беше што воопшто почнав да ги викам тато и мамо.
Поради ова те прашав Ама што дека она и да сака да ја викам мамо, ако мене не ми доаѓа зборот на јазик. Не можам и готово Затоа мудро ќе си ќутам
ако немаш намера да ги викаш мамо и тато воопшто и не започнувај,ќе ги навикнеш а ако прекинеш ќе мислат дека се лутиш.во зависност од тоа колку си блиска со нив,и какво сваќање имаат и каков тип на луѓе се кажи си дека би ги викала по име,онака сите да бидат рамноправни.сепак јас не можам да им бидам нивна ќерка а сум мажена за нивниот синот.
Јас не сум мажена,но можам да кажам дека пола бракови се распаѓаат баш заради родителите. Таков е и случајот со моите родители.. Едноставно,родителите се некогаш пренапорни.Не сакаат да го дадат синчето на друга жена.Сеуште мислат дека тие се главни.
Со обраќањето мамо и тато на свекрвата и свекорот,според моите сфаќања не се искажува никаква почит спрема нив,а голем дел од старите раснат како квасец кога снашката ќе им се обрати така.Од друга страна не ми се допаѓа самата традиција,зошто неговите родители да ги викам мамо и тато,а тој моите да ги вика бабо и дедо,кога плус моите се помлади???Инаку ги викам по име и двајцата и свекорот и свекрвата
Знаете кога ќе им речам мамо и тато?? Кога ќе ме израснат , кога ќе ме школуваат и кога ќе ме сакаат како мама и тато. А бидејки тоа нема да се случи а и не е можно, нема да ги викам мама и тато. А и мајка ми коса и се крева на глава да треба зетот да ја вика Бабо. Вика Баба ќе бидам на внуците, за него си имам име.
јас моите ги викам мајка и тате, и не ми смета, јес да ретко ги викам така ама не ми смета, дури и не приметувам како сум се обратила,се е навика.
Јас во почетокот на свекор ми и свекрва ми и се обракав со мамо и тато,но подоцна кога почнаа да си го покажуваат своето вистинско лице престанав и сега и се обракам кога ке ме погледнат.Не заслужуваат од моја уста да слушат мамо и тато.Се знае си имам една мајка и еден татко и .