Ја викам 'мамо', а на свекор ми му викав 'тато', дури беше жив. Не побараа, јас така одлучив. Е застарена традиција и да, едни ми се мајка и татко, на сите ни е тоа јасно, ама искрено, не се чувствувам лошо оти така им се обраќам. Не знам зошто си играте мајтап со 'појавава' (ако можам така да ја наречам)?
Јас осеќав вина ако наречам некоја друга мамо тоа е единствен збор со кој можам да и се обратам на мојата мајка, а мајката на сопругот можам и по име да ја викам али ради почит тетка,чичко . Некои немаат ништо против тоа и ништо не им значи кога ги викаат мамо свекрвите
Ок, ама јас не си играм мајтап со твојата одлука, зошто вие си играте мајтап со мојата? Секој нека си прави како што сака.
Никој не игра мајтап . Само љубовта кон родената мајка е една и друга не може да ја замени.А со ист назив да викаш две личности а не е истата љубов е лицемерно . За почит постојат господин и госпоѓа и вие. Ако истата љубов не можеш да ја подариш и на мајката на мажот ти како на мајка ти тоа е лицемерие . И кога ќе се скараш со мајка ти е по друго, а друго е со мајката на мажот ти исто и двете да ги гледаш и сакаш не е возможно. Имам доста случаи во околина каде што се сакале свекрва и снаа,снаата ја викала мамо и на прва грешка очи ќе си ископале и сега тоа "мамо" звучи арогантно и со омраза
Јас веќе не познавам никој од младите брачни парови во моето окружување што на свекорот и свекрвата им се обраќаат со мамо и тато, а ни па на родителите на невестата со бабо и дедо.. Мислам дека таа појава веќе станува ендемски вид.
Збор од уста не ми излага да кажам "мамо" на друга жена, и никогаш нема да кажам, па која и да била на ова место сега. Оваа не заслужува никако да ја викам не па мамо.
Кој како си сака нека си вика, ама еве јас сепак ќе наведам неколку причини зошто не викам мамо и тато: 1. Ептен ми е од турско време останато, во време кога биле потчинети снаите и слушале се што ќе им се нареди ( сега малце се смени тој дел ) по самостојни се снаите, сами живееме младите и сами одлучуваме. 2. Ако ги викам мамо/тато тогаш зошто и маж ми да не го викам бато ? 3. Како тоа јас на неговите мамо/тато а тој на моите бабо/дедо.. Моите постари се или план Б се..као по небитни. 4. Толку ми е непоштовање према моите, ме израснале ме ставале во прв план... да дојде ред преку ноќ и на некоја друга да и викам мамо (само затоа што на некој му текнало така пред 500 год) и јазик да ми се кочи оти не е од душа. Ептен ми е свет зборот и не за џабе рекле ЕДНА Е МАЈКА. Неможат да се две. 5. Ако било до толку ништо посебно, зошто се отвараат тогаш теми на оваа тема, зошто уште гледаме на тоа како нешто неправилно, го правиме ама длабоко во себе осеќаме дека нешто не штима, зошто во цел свет не го применуваат ако веќе е правилно на некој начин. Имам уште многу ПРОТИВ точки ама ај доста беше. Уште еднаш да напоменам, ОВА Е МОЕ РАЗМИСЛУВАЊЕ, однапред да им кажам на тие што викаат мамо/тато да не ми се бунат во постот, немам ништо против, кој како си сака.
Леле ова ми е толку застарено и банално и мислам дека веќе конечно е време да се стави крај на оваа традиција или што и да е. Се знае сите си имаме и знаеме кој ни се родители, не може мене они ни ме створиле ни ништо јас да им се обраќам со мама и тато. Јас на моите свекор и свекрва само најпрвиот пат кога правевме веридба им реков мамо и тато ама толку со сила беше тоа едвај уста отворив, дури и како шепот беше, а тоа се случи само затоа што мајка ми ме тераше и се расправавме ми рече да не сум ја срамела, за жал ете така е воспитана она. После тоа веќе никогаш не им се обратив така, а и сами ми рекоа не мора да не викаш така, како сакаш така обраќај ни се.
Ги викам на име, маж ми моите ги вика на име. Мамо и тато се резервирани само за едни луѓе и е патријархална традиција која немам зошто да ја практикувам.
А зошто да не си играме мајтап со појавава? Не со твојата одлука, туку со појавава. Факт е дека е патријархат. И ти си играш мајтап со други видови на патријархат.
До сега неколку пати ми се случи да ме прашаат х личности собрани за некој повод како ги викам свекор ми и свекрва ми дали му викам мамо и тато... Прво како сакам така ќе ги викам незнам што толку интерес јавуваат посебно постарите.... Јас неможам мамо и тато да викам на други личности,имам едни мајка и татко и понекогаш и нив на зафрканција му викам по име на галено.... И искрено само од страна на татко ми си викам бабо дедо тете а од страна на мајка ми сите на име си ги викам.Така да мислам искрено дека ќе се смени ова старо турско ..... Мислам мене лично ми е глупаво МАМО ТАТО или маж ми БАБО ДЕДО ... ни тој ги има наречено така ни па јас ...
Мамо , само ако ме вика таа керко Јас имам роднини што се обраќаат на родителите со мамо тате, и сите среќни. И старите очекуваа, и 'невестата ' си знаеше и планираше како ке биде. Мене искрено како средношколка тогаш смешно ми беше, а тие ме критикуваа дека и своите родители некогаш по име ги спомнував, не 'мајка ми' и 'татко ми' и за нив( тетка и тетин) беше навредливо тоа и знак за непочит. Јас знам девојче, а сега жена веќе што на своите родители со 'Вие' им се обраќаше: тато, Вие бла бла, ова со свои уши го чув и не беше множина за двата родители. Секој од нив беше 'Вие'. Тогаш штом не паднав во несвест, а не живеат во Кенсингтонска палата туку во Македонија, ништо веќе со персирање и обраќање не ме чуди.
Мојата сакаше Невесто да ме вика и мини борба приложи кога и кажав да не се осудила на такво нешто На моите и јас им викам по име, во деминутивче
Наш пријател, 10 години во брак сеуште жена му си ја вика невесто, не ја вика по име никогаш, а и неговите исто. Од кога се венчавме со мм и мене исто ме вика кога ќе ме види или кога ќе праша за мене нешто. Мислам дека од одредени подрачја така си ги викаат снашките.
Е како не си игра никој мајтап, ко си играте сите мајтап? Или не ја чистаме истата тема? Оти не е културно. Ако моето играње мајтап е проблем, зошто да не е и вашето?