Не си играме мајтап со чоек туку со појавата. Ко што си играш ти мајтап со некои појави кои некои луѓе ги применуваат.
Ова Невесто им е како модернизирана верзија на присвојување името од мажот кон жената. На пример мажов Петро и женава прекрстена во Петројна и више никој не и знае име сите Петројна ја викаат дедо ми уште така и се обраќа на баба ми многу ретко да ја има по нејзино име викнато
Леле ова па колку смешно ми беше ко дете ко сфатив што се дешава Жената Ленка се викаше сите Павлејца...јас дете ко дете на баба ми и велам која е таа ,оваа враќа баба ти Ленка. Е од каде Павлејца !? Еми по дедо ти Павле ,јас пак ами тој нели маж и е Не и е татко по него така да и викаат Со презиме сум помешала
Презиме по таткото, име по мажот, што е тоа сакање да имаш свој идентитет, многу желбички имате вие модерните
Презимето по татко ми ми е тоолку посебно и толку многу ми значи што немаше теорија да го отфрлам во никој случај. Ама баш во никој ,дури и сакав само со него да останам уште ..амаа ај компромис па двете.
И мене ми се има десено слична случка ко мала. Спојлер: . Дедо ми се викал Соко. Баба ми бидејќи живее надвор од Мк, кога ќе дојдеше кај нас, комшивките ќе ме прашаа "Дојде Соколица?, а јас им враќав "Не дојде со колица, со куфери дојде"
21 vek i vo Makedonija se ushte se diskutira na vakvi temi Toa e se shto svetot treba da znae za nashata chudesna zemja
Ај да ги опишам прво. И двајцата се 60 годишни, учени и шетани, свекрвата дипломирана, свекорот магистар. На добри работни позиции, почитувани од дел од луѓето, а колнети и пцуени од друг дел од луѓето. Иронијата е кај свекрвата. И покрај тоа што учена, шетана јас стекнав мислење дека џабе светот го видела кога ништо не гледала, како да и биле затворени очите. Се понаша крајно просто. Како да живее во минатиот век. Но сепак морам да кажам дека е и мноогу опасна. Ептен подмолна, знае како да ги врти муабетите и ситуациите и секогаш да звучи како да е во право. Јас ете ја знам, не можам да ја поднесам, ама некогаш кога пиеме кафе и правиме муабет, абе за момент се случува да се согласам со неа и да и поверувам дека е добронамерна. Абе којзнае може нешто и во кафето ми става Свекорот е културен човек. Знам дека не ме сака многу не ме обожава, ама коректен однос има, ниту се меша, ниту се кара со мене. Знам дека многу пати ме коментирал и кажал работи за мене, но ете не му замерувам. Спрема мене секогаш покажува некоја почит и не ме провоцира и не се меша како свекрвата. Свекрвата не можам да ја викам мамо, никако, никако.. Мајка е симбол за љубов, пријатно чувство, личност која ти е блиска и ти мисли добро, оваа мојава не е тоа, маќеа би била подобра од неа. Така да и се обраќам со тетка, па името го додавам. Свекорот е океј, но не можам да му се обраќам со тато бидејќи за мене еден е татко, мајка немам, а татко ми уште од мала секогаш ми бил број еден во животот и не мислам дека друг човек ја заслужува титулата татко во мојот живот. Затоа тој е чичко, па го додавам името. Ама не чичко Петко, туку чик Петко. (не се вика Петко ама морав вака за да доловам како звучи тоа ЧИК)
Љубовта кон родителите кои те створиле и одгледале со маки е незаменлива, но имам голема почит и ги сакам свекорот и свекрвата и ги викам мамо и тато едно што се добри друго сто го створиле и одгледале човекот кој ја дава душата за мене, не дозволува да ми падни влакно од косата ж, човекот кој мојте родители ги вика мамо и тато
Живееме во заедница, неговите се многу љубоморни луѓе го покажале и докажале тоа преку милион постапки и од што имам чуено. Им смета тоа што одам еден ден во неделата кај мојте со детето, љубоморат на тоа кога ќе играат мојте со внукот, ко ќе одиме на шетање некаде, све му зборуваат на маж ми против моите демек се мешале демек не треба да бидам со нив толку, татко е вака мајка е така, па дури и за сестрами свекрва ми почнала да оговара, а едино секогаш моите се тука што ни помогнале во секоја смисла доколку сме имале проблем а неговите само коментирале. Денес маж ми е претворен во човек што несака да ги види моите заради што мајка му му зборува све и свешто за мене и за нив, несака кај нив да дојде со месеци, несака јас да одам таму (ма да јас си одам), несака да си излегувам со сестра ми, да прошетам до негде несака. Одма коментари те лажат, ти зборуваат све, дома ти треба да седиш зошто си мажена што трчаш кај нив насекое, ниеден нечинат, итн... и почна секоја вечер да пие.. пиел од нервоза. Не бил ваков, ама сега све се ова зборови на мајка му, премногу ни се меша во животот. Незнам што е паметно да направам, сум пробала и со тоа да се спакувам и да си заминам со се дете, но ајде муабети више не, ќе се сменам, но ништо само се расправаме ние за глупости секој ден. Ако одам кај моите а мажми е на работа, одма свекрвами со муабети маж ти знае дека ќе одиш, што ти рече. Ми се смачи веќе Имам можност да земам кредит, велам ајде стан било каде и во друг град ако сакаш сами без никој околу нас, не јас не седам встан куќа ќе си направиме овде, земи кредитот ми вели и овде куќа. Јас велам неможи за кого куќа овде, не е ни на тебе нешто препишано уште јас да се заглавам во банка за овде.. и одма твоите така те учат да не ги вида пред мене блабла, и нервози само.. Незнам кога ќе заврши овај период ама бракот ни го уништија веќе и детето разбира ко ќе се караме и се нервира.. Незнам што да правам и дали маж ми може да се промени...
Како прво немој случајно кредит да си зела? Да поседиш кај твоите на подолго имаш можност? Кога ќе се вратиш или ќе е подобро или полошо. Ако е полошо дали имаш шанси да живееш кај твоите? Да ти спомнам психолог или брачно советување џабе ќе е бидејќи таков маж не оди по ,такви, нешта. Немој да трпиш ништо и да бидеш несреќна. Дали ќе се промени не би знаела да ти кажам, ретко кој се променил. Сепак маж ти е директно кривецот, а неговите идиректно. Маж ти да е нормален нема да ги слуша и така да зборува со тебе. Познат ми е дел од муабетиве, така и нас ни викаа, кај моите понекогаш да сме оделе, кај нив почесто дека тие биле поважни, и ред други муабети ама маж ми е нормален и никогаш не послуша никого за ништо. Ај тие што се стари, стари сфаќања, ама маж ти е млад. Јас би ти рекла бегај што побрзо и што подалеку ама почекај. Сепак ти најдобро знаеш да процениш, ние не знаеме точно до детал како изгледа твојот живот. Детето никако не смее да слуша такви работи и да мисли дека е тоа нормално па утре и тоа да се однесува така со неговиот партнер. И пак ќе повторам, бракот го уништува маж ти, немој да си имаш зацртано во главата дека виновни се свекорот и свекрвата, а маж ти е жртвено јагне. Значи да заклучиме дека само маж ти е крив. Остави ги на страна свекорот и свекрвата. Разгледај само во тој радиус ти маж и дете и види што гледаш, неговите остави ги на страна. Така најдобро и со најотворени очи ќе донесеш заклучок и одлука. Да ти појаснам за да ме сфатиш што сакаш да кажам. Ако твоите ти зборат нешто лошо и ти така правиш, кој е крив? Твоите или ти? Ти не си марионета па некој да управува со твојот ум.
Ова е иста ситуација како порано на мајка ми и татко ми, додека живеевме со баба и дедо, баба ми цело време им правеше проблеми, му ја полнеше главата на татко ми и они се расправаа, после од кога се иселивме од таму подобро беше и се смирија работите, ама и од кога се иселивме и татко ми ќе отидеше да ги види они пак пробуваа да му ја полнат главата, еднаш случајно и јас слушнав што се му зборува, дури намерно му даваше да пие алкохол и додека пиеше се тоа му зборуваше, кога влегов во собата и се развикав и реков на баба ми како не ти е срам вакви работи да зборуваш и проблеми да ни правиш само. Од тој ден натаму татко ми како да се освести дека веќе е доста и почна по ретко да ги гледа, и кога одеше се беше формално. Значи од нашиот случај само да се иселите од таму е решението, па после постепено ќе си ги средите работите меѓу вас. Седни разговарај со мт смирено, без да викаш и да се нервираш, без да ги напаѓаш неговите родители. Објасни му убаво, речи му ајде да ги тргнеме на страна и моите и твоите некое време и да видиме како ќе функционираме сами, па се надевам на добар резултат, бидејќи ако не разговарате смирено никогаш ништо нема да решите.
Најпрво немој ни случајно да ти текни и тој да те убеди да земиш кредит !!!! НИКАКО !!! Таа сигурност која ја имаш е алка за во иднина во случај да решиш да живееш сама со детето и да не зависиш од никој. Ова е типичен пример каде што мајката си го уништува синот, а тој сам својот брак. Тоа што почнал да пие од мака....која мака човече тоа што ти си отишла кај мајка ти на гости или со сестра ти си излегла да прошеташ и сега болен ќе паѓа. Тој треба да сфати дека бракот ви е на прво место а после е се друго . Пробај со разговор да му објасниш дека во секој момент имаш можност да си заминиш ако не се промени, ако не е во можност тоа да го сфати тогаш собери си ги работите и оди си. Прво предложи му да си одите заедно ако му сте битни ти и детето ама сериозно не само закана за тој као демек да се промени, ако не животот тебе не може да ти врви во кавги и нерви, ретко кој навистина се променил ама пробај уште еднаш. Ако дојди момент да си одиш од таму немој да се враќаш.
@Kaley Ако земеш кредит за да инвестираш во нешто туѓо и помеѓу такви луѓе, а особено со таков Нечовек, биди сигурна дека ќе се заглавиш за век и амин. Ако нема промена на подобро, спакувај се и детето па купи си стан сама за себе. Таков идиот од маж воопшто не ти треба. Настрана тоа што свекрвати му зборува против тебе, единствен кривец во цела ситуација е маж ти и никој друг.
Иста сум и јас Кажав на почеток баш на веридбата и после толку. Не можам мислам на грлото ми стои тој збор и не излегува. Свеки не и е баш гајле ама свекорот мислам уште ми е налутен дека не му викам тато и се некако налутено ме гледа и осеќам ич не ме сака.
Мене порано тоа викање " тато и мамо " на свекорот и свекрвата ми беше многу глупаво, но кога ги запознав подобро родителите на мојот сопруг го сменив мислењето, забележав дека, иако тие ми рекоа дека не му е битно дали ќе ги викам така или не, дека сепак му е мило и убаво, а луѓето навистина заслужуваат, најдобрите свекор и свекрва ги имам на целиот свет, има премногу почит, љубов, разбирање измеѓу нас, ретки се таквите луѓе како нив, вистинскаа реткост во денешно време, и навистина се грижат премногу за мене како да сум нивна ќерка па затоа од се срце ги викам мамо и тато. Поготово свекорот бидејќи мојот татко ме отфрли, нејќи никаков контакт со мене, па свекорот ми дава љубов и грижа повеќе и од мојот татко во цел живот што "ми ја дал", па така тој ми е и единствениот татко. Нормално никој и никогаш не можи да ја замени љубовта кон мајката ( и кон таткото, но во мојот случај е комплицирано ), и доколку свекорот и свекрвата ги викате тато и мамо не значи дека помалку ги сакате и цените вашите родители или дека не ви се тие секогаш на прво место.