Секој различно ги сфаќа работите. За крајот не се сложувам со тебе. Мене лично ми е бизарно. Не ми е маж ми брат, па они да ми бидат татко и мајка. Една е мајка и еден е татко. Јас моите свекор и свекрва навистина ги почитувам, имам прекрасен однос со нив, ги почитувам, но не ги викам мама и тато. Со тоа не го намалувам почитувањето кон нив, едноставно, секој има своја улога и свој назив. Дали им е мерак или не, не знам, но тоа е што е. И мене ќе ми пречи утре мое дете да нарече луѓе што вчера ги запознало мама и тато. Нема потреба од тоа.
Мене воопшто нема да ми смета доколку моето дете ги нарекува свекорот и свекрвата тато и мамо , но под услов нормално ако тие го заслужуваат тоа, ако го ценат и сакаат моето дете а и тоа ако сака да го вика така и ако се чувствува добро во врска со тоа. Со тие луѓе станувате една фамилија, иста фамилија, па ако те гледаат и тие навистина како свое дете зошто да не ? Посвоените деца луѓето што ги гледаат ги викаат мамо и тато а не му се вистински биолошки родители. Моите свекор и свекрва навистина ме гледаат како своја ќерка, се грижат за мене премногу, како што кажав МНОГУ повеќе од мојот вистински биолошки татко кој што нејќи ни да не види мене и мојата сестра ниту да слуша за нас. Јас исто како да немам татко, па тој што ме гледа, сака, се грижи, ми помага е мојот свекор. Затоа го променив мислењето. И јас порано викав никогаш нема да наречам некој друг мамо или тато освен моите родители, и тоа ми беше многу глупаво што така треба да се вика на свекорот и свекрвата, заостанато, но ете се промени моето мислење. Сепак тоа се и само зборови, се знае и се подразбира дека една е мајка, еден е татко, и љубовта кон нив секогаш ќе биде најголема, па доколку и други членови од фамилијата ги наречеш така ( во случај свекор-свекрва ) не значи дека тоа менува нешто, на пример многу често луѓето знаат да речат за некоја најдобра пријателка - таа ми е сестра - или на пример мојата мајка беше одгледувана најмногу од нејзината баба па ја нарекуваше мојата втора мајка.. Претходно имав многу долга врска ( 8 годишна ), и си живеевме и со родителите на мојот партнер, имаше разбирање, почитување, љубов но сепак и покрај тоа никогаш не ги доживував како родители, како фамилија, ниту пак тие мене ме гледаа како ќерка. Навистина имаше почит, разбирање, љубов но нив мислам дека сепак никогаш немаше да ги наречам тато или мамо, значи мислам дека зависи се и од како се чувствува некој и како некој заслужил или не заслужил..
Ама,тоа е друго.Не може да се спореди со влегување во фамилија ради брак. Мажот на жената не ѝ е брат,туку сопруг. Не иде да ги вика неговите родители мамо и тато.Мажот не ѝ е брат. Има и други зборови со кои може да се изразува почит кон родителите на сопругот. За некоја самата помисла звучи одвратно и користење на тие називи при комуникација со свекорот и свекрвата претставува газење/непочитување на нејзините родители.
Споредуваш со посвојување... Ти се мажиш да основаш ново семејство со маж ти, не да те посвојат неговите родители и да станете едно семејство со нив. Јас се омажив да бидам сакана од мм. Со неговите не сум во љубов туку битно е да има почитување и слога. Никогаш не сум очекувала дека свекрва ми ќе ме сака исто ко ќерка и. Мислам, ван памети. Исто, ниту јас можам да ја сакам ко мајка ми. Семејство сме јас, мм и децата. Моите и неговите се поширока фамилија. Мои и негови се едно скалило подолу...
Не споредувам, туку поентата ми е дека во животот има ситуации каде што некој личности ги нарекуваме мамо или тато а не ни се биолошки родители, но според однесување и чувства ни се како родители. Како што е случајот со посвоени деца, или случајот со мојата мајка што нејзината баба ја нарекуваше мамо бидејќи таа и беше мајка, како што многу другарките си ги нарекуваат сестри ( познавам неколку такви примери ). Има секакви животни приказни, не знаете на кој како му е во домот, во фамилијата, кој како се чувствува и какви му се роднинските врски. Мојата свекрва од секогаш сакала имала голема желба да има девојче, не и се исполнила таа желба имала два синови но сега снаите навистина си ги сака како ќерки, исто и свекорот. Можеби вашите свекрви не ве сакаат и почитуваат на тој начин па затоа не можете да разберете. Како што кажав и јас претходно бев со исто размислување како вас, претходната несудена свекрва и свекор не ни помислував да ги викам некогаш мамо или тато и не ми ни се осеќав така. Но навистина има ситуации, и животни приказни каде навистина од срце се сакаат како вистинска фамилија, како вистински деца и родители, каде навистина заслужуваат да се нарекуваат мамо и тато. И мојата мајка е пресреќна и воопшто не и смета, мене ми беше непријатно и незгодно на почетокот и не им се обраќав така таа ме храбреше бидејќи согледа навистина какви се работите. И навистина, кога свекорот ме сака, се грижи, ми помага, ме почитува премногу, многу повеќе од биолошкиот татко кој подолго време како што кажав не сака да не види ни мене ни мојата сестра а и никогаш немало љубов и грижа од негова страна кон нас, како да не му викам тато на свекорот кога тој ми е единствениот татко што го имам ?
П.С. Постојат посебни луѓе, премногу се ретки, но ги има, сигурна сум дека и некоја друга членка , барем една, имала таква среќа и шанса во животот покрај себе да има такви луѓе. Тогаш многу поинаку се согледуваат работите...
Мајка е таа што те родила татко е тој што те направил. Ако ги викаме мама и тато родителите на сопругот тогаш нашите родители треба по име да ги викаме. Не можеш исѕо да ги викаш родителите што те направиле и родиле со некој си рандом луѓе.
А како посвоените деца да ги викаат луѓето што ги посвоиле ? Таа жена не го родила тоа дете, тој маж не го направил тоа дете ... Или како напуштените деца пример од страна на биолошкиот татко да го викаат човекот што ги сакаат и гледаат како свои деца ? Има секакви ситуации. Ете јас сум напуштена од мојот татко, а свекорот ме гледа буквално како свое дете. Се грижи за мене буквално поддеднакво како и за неговите синови. Тој е мојата татковска фигура, тој е мојата поддршка, тој е секогаш тука за мене, тој ми дава љубов и грижа. ( Нормално ги имам и мојата мајка, сестра и сопруг ) но и тој е еден од најбитните личности во мојот живот. И после сите работи, да не го викам тато оти НЕ МЕ НАПРАВИЛ ? И за свекрвата, иако не ме родила ме сака како свое дете, кој немал таква среќа во животот да има покрај себе такви ретки, несебични и прекрасни личности не може да разбери... Јас секогаш мојата мајка ќе си ја сакам најмногу на светот и никогаш нема да можам свекрвата да ја сакам Со толкав интезитет, но сепак ми е како втора мајка, и заслужила да ја викам така, мојата мајка лично ме храбреше да ја викам така, доколку на мајка ми и сметаше тоа тогаш немаше свекрвата да ја нарекувам мамо, но сепак во себе ќе ја сакав и почитував како родител. Илјадници луѓе ги викаат свекорот и свекрвата со тато и мамо, многу ретко тоа е искрено и многу ретко тоа и вистински го заслужуваат, но сепак не значи дека сите тие иљадници луѓе не си ги почитуваат родителите, или ги сакаат помалку или не знам си што.
Ама зошто мешаш упорно посвојување со ова? Да, тие деца ќе викаат мамо и тато на посвојувачите оти истите за тоа ги земаат - да им бидат родители. А ти не се мажиш за да стекнеш родители, туку од љубов спрема нечиј син и тие се негови родители, не твои. Тоа што тие луѓе се поставиле фер и те прифатиле, не е причина да се нарекуваат мама и тато. Љубовта и почитта не се изразуваат преку тоа. Замисли, има деца кои биолошките родители си ги викаат така оти така треба и нема како другачие, па пак нема некоја поврзаност и наклонетост меѓу нив. Така да, не е битно како му викаш на некој, битни се намерите.
И мојата мајка го сака мојот сопруг како свој син, од секогаш вика сега јас си имам три деца, па понекогаш кога ќе и текне да не изненади со некое поклонче или некој гест, прави подеднакво и за мене и за сестра ми и за сопругот. Ние сме и двата нејзини деца. Ние сме и двата деца на неговите родители. Сите си сме премногу блиски, сите премногу искрено се сакаме и почитуваме. Сите сме едно семејство, една фамилија. И секогаш се грижиме едни за други, тука сме едни за други, се почитуваме, се сакаме. Родители и деца во буквална смисла, во секоја смисла на зборот. Жалам доколку вие не сте во таква ситуација и не сте ја имале таа можност да имате во животот такви личности што буквално ќе ви се како крвна фамилија, како вистински родители. Тогаш сигурно ќе разберевте. Кој имал можност, знае. Уште еднаш ќе напоменам дека и мене порано тоа мамо и тато ми беше многу глупаво, ми беше многу заостанато, и не можев да разберам ниту сакав некој некогаш да викам така, но животот ме однесе таму кај што ме однесе, и сега си имам татко ( свекорот ) и две мајки. Биолошката секогаш ќе си ја сакам најповеќе и ќе ми е најбитната личност во мојот живот и тоа сите го знаеме, и јас и таа и свекрвата, и никој и никогаш и ништо нема тоа да го промени, најмалку зборот "мамо" што и го велам на свекрвата, мојата втора мајка.
Без разлика како членката ги нарекува нејзините свекор и свекрва, убаво е да се прочита дека некаде има толку слога, љубов и разбирање меѓу снаата и родителите на мажот. Ретко е тоа денес.
Па доколку не е битно како му викаш на некој, што и да му викаш мамо или тато, ако сепак твојте намери да се дека вистинските родители си ги сакаш најмногу ? Причината што ги викам свекорот и свекрвата тато и мамо не се бидејќи се поставиле фер и ме прифатиле, туку дека во животот ми се навистина како родители, ме сакаат како нива ќерка, така и ме гледаат. Јас немам татко. Како некое дете/ личност го вика човекот што го прифатил како негово дете и го гледа како свое дете ? На име да го вика ? Со чичко да му се обраќа? Можеби не му е биолошки татко но доколку се однесува како татко и доколку го сака и прифаќа детето како свое не гледам поинаку како детето би се обраќало. Се омажив за мојот сопруг бидејќи премногу се сакавме/ сакаме. Точно, не се мажев за да стекнам родители. И на почетокот не ни стекнав. На почетокот само се почитувавме со неговата фамилија, но потоа со текот на животот и околностите и други некои работи тие станаа и моја фамилија, станаа и мои родители. Како што кажав кој немал такво искуство не може да разбери, и не можи да знае.....
Не и вика, имаме зборувано со него на таа тема тој е многу срамежлив и не знае како да и се обраќа па секогаш избегнува да и се обраќа директно бидејќи не сака на име или уште помалку со тетка. Кога ќе има очен контакт тогаш и се обраќа, да не мора да ја довикува. Имаме правено муабет дека повеќе би сакал да и вика мамо, оти тоа бабо како што викаат други зетовци му било многу глупаво, бидејќи не била стара баба Кога ние си зборѕваме за мајка ми, тогаш ми вика " мајка ти" , но во такви ситуации и јас него му викам на пример " да и се јавиме на мајка ти " а не " да се јавиме кај мама ", така сме се навикнале за тоа, а и настануваат збунки за која "мама " се работи.
Значи, што заклучивме? Маж ти ја сака и почитува мајка ти - не и вика мамо. Ти ја сакаш и почитуваш неговата - и викаш мамо. Нема правила, нели?! Во спротивно, ако МАМО е мерило, ќе излезе оти ти повеќе ги сакаш неговите, отколку тој твоите. Ама бидејќи никаде не пишува како е исправно, кој како одлучил така нека вика, секој за себе си знае.
И мене ми беше клише, ми беше многу старомодно, ми беше заостанато.... Но моите свекор и свекрва ми станаа навистина како родители, поготово дека немам татко не можам да опишам колку свекорот ми е поддршка и потпора во животот. Сте немале таква среќа во животот да ги сакате и да ве сакаат како родители и како нивно дете. Да станете вистинска фамилија, семејство. Тогаш нема воопшто да ви биде глупаво и клише. Тогаш ќе разберевте. Сега гледам очигледно залудно зборуваме. Кога некој не бил во некоја ситуација, кога не осетил нешто на своја кожа нормално дека нема да можи да знае како е, нема да можи да разбери...