Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родителите на вашиот сопруг

Дискусија во 'Брак' започната од Unfaithful18, 29 јуни 2010.

  1. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    А сопругот го викаш ли бато?
     
    На Frosty!, Angie1432, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207

    За разлика од тоа што свекорот и свекрвата ги сакам како родители, како ТАТКО и како МАЈКА, и така ги доживувам, тие ми се дел од мојата фамилија, сопругот не го сакам како БРАТ, го сакам како партнер, како сопруг, ме привлекува, и тој е дел од мојата фамилија но не го сакам како брат па затоа и не го викам така. Да го сакав како брат немаше да ми биде сопруг, ќе ми беше најдобар другар и премногу битна личност во животот, а ќе си имав друг сопруг.
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Не не, те сфаќам од една страна тоа ти е дека ти се посебно драгоцени. Општо ми звучи клише, кај други речиси и го немам чуено. Но, мислам дека уште поклише би ми било јас да го користам. Затоа и не би го користела.
     
  4. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207

    Како што ги сакам, како што ги доживувам луѓето во мојот живот така и ги викам.
     
  5. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    2.320
    Пол:
    Женски
    Ооо колку ги има да знаеш:lol: Најинтересни ми се овие, кога
    пред комшивките ќе и каже мамо ќе пиеш ли кафе? И ова другата, од шеска до шеска насмеана (facepalm)
    Се знае на кого може да се каже мамо и тато.
     
    На Frosty!, Oneo, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207

    Најискрено стварно јас бев многу против тоа, и ми беше глупаво, не можев да ги разберам некои од другарките кои му де обраќаа така на свекорот и свекрвата, некогаш дури и неубаво од моја страна им се смеев ми беше глупаво и чудно, им велев јас никогаш нема да му викам така на моите свекор и свекрва. Но испадна никогаш не вели никогаш. Дури порано кога на почетокот не им викав, на една куќна слава од нивни роднини бев нападната зошто не сум им викала така, јас се збунив пред толку луѓе не знаев што да одговорам, свекрвата веднаш скокна во моја одбрана и рече дека јас како сакам така ќе си ти викам, дека кога неа воопшто не и сметало кој биле тие да се мешаат, и тие и самите и пред и после тоа ми имаа кажано дека не им е битно како ги викам битно му е почитта, љубовта и разбирањето... Кога ги засакав како вистински родители, кога свекорот ми стана таткото што цел живот го немав и кога осетив прв пат во животот како е да се има татко и да се грижи и да те сака, почнав да ги викам така, ми се смени целосно мислењето, бидејќи искрено и од срце ги сакам како родители, а и тие буквално ме гледаат како своја ќерка.


    Е сега еден пример, можи е малку глуп примерот, како што имаат луѓето повеќе на пример брачеди, двајца, тројца и повеќе сите ги нарекувате брачеди но не сите исто ги сакате, секогаш ќе има некој со кој сте поблизок , повеќе ќе го сакате, епа така слично можам да го објаснам тоа со мајките, имам две мајки но мојата биолошка мајка секогаш ќе ми биде најсакана, најбитна, но ете имав среќа да имам и друга жена во животот што ми е како втора мајка и што ме сака како ќерка. Понекогаш не мора некој да ви е во крвно сродство па да го сакате и доживувате како член од фамилија..
     
    На venus♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    11.515
    A drugite, kako gi narekuvate vasite svekor i svekrva?
    Patem si razmisluvam, zosto ovie nazivi -svekor i svekrva, ne se koristat vo sekojdnevieto za razgovor kako vujna, tetka, strinka... zosto ako i se obratis so svekrvo na svekrvata zvuci loso, a koga na tetka se obrakame so tetka si e najnormalno..?
     
    На IRBBB, mother_nature, Oneo и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.976
    Допаѓања:
    179.832
    Јас ја викам свекрва ми мамо:hai: Ај сега да ми се скараш:D
    Свекор никако не го викам, шо ќе ми е8).
     
  9. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Стварно ли? Ме збуни скрос сега не знам дали си озбилна :D

    Не бе зошто да ти се карам, таман работа. Кој ќе ме вика на гости после во куќата на море на зетот :D
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  10. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.645
    Допаѓања:
    11.090
    Пол:
    Женски
    И јас мислам назив за обраќање. Дајте да смислиме, бар душава да ја опуштиме, да не сме во грч леле како да ѝ речам сегаа, дај нек ме види да ѝ се обратам :lol:. Јас размислував за ова нашево форумсково свеки м? Шо велите хахах? "Како си свеки? :D Ќе ги збуниме. "Свекрво" леле стварно е груб, изгледа дека во зборот има крв и сликава шо ми се создава во глава да не ви ја опишувам :D
    А кон машкиот со "свекоре"? Кој ги измислил имњава аман никако не се погодува.
    Јас на почетокот од нашиот брак им се обраќав со мамо и тато, ама како поминуваше време гледав да ги одбегнувам овие називи. И онака живееме одвоено, а порано се живеело во една куќа, па од почит кон нив, им се обраќале така.
    Откако нѝ се роди детето, престанав, не ми се изговараат тие зборови и решив да ги викам со баба и името нејзино, дедо и името негово. Си викам па тие му се баба и дедо на моето дете, не грешам ништо ако им викам така ниту ги навредувам, а и не замеруваат, сеедно им е, такашто бар со цела уста да се обраќам :)
     
    На kanella, Brpbrp, Bebce1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207

    Тоа е она што зборувам, нема правила и кој како се чувствува и осеќа така може да си прави и да вика кој како сака. Доколку јас, или било кој, ги доживува родителите на сопругот и како свои родители, без разлика тоа што не му се биолошки родители ако тие така се однесуваат ( како родители ), ако те сакаат и прифаќаат како свое дете, доколку заслужуваат и доколку некој се чувствува лагодно со тоа зошто па и не би ги викал мама и тато ? Мојот сопруг ја сака и почитува мојата мајка како родител, а и таа го сака како свое дете, блиски сме, фамилија сме, но ете тој се срами и не знае како да и се обраќа, додека јас го немам тој проблем, секој човек е различен. Тој дуру и на неговите родители им се обраќа на име, понекогаш на татко му му се обраќа со татко, тато...
    Постојат секакви приказни, секакви животни стории, сакам да кажам дека нема правила и дека секој можи да се обраќа како сака, а доколку се обраќа и кон други личности со мамо, тато не значи дека не ги почитуваат родителите биолошки.

    Инаку навистина има и многу кои што им викаат мамо и тато на свекрва, свекор-свекрва но само си прават лице, тоа не е искрено, тоа е сосила и дволично, така викаат бидејќи така "требало" и заостанато е тоа од порано. Но има и ретки случаи кога навистина се сакаат како крвна фамилија и тоа мамо и тато и го чувствуваат, го викаат од срце. Има и такви кои ги сакаат и ги почитуваат свекорот и свекрвата но ги викаат на име или некако поинаку. Не постои грешен начин, освен тоа дволичното, кој како си се осеќа така треба да си прави.
     
    На anaja1, elenaklasik и Biljarkata им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.976
    Допаѓања:
    179.832
    Најозбилно.
    Ја гледам еднаш годишно, немаме куќни слави, не се заедно со мајка ми во ист простор за да има забуна која мајка ја викам. Мајка ми ми рече, викај ја мамо, ќе и значи многу, и јас како послушна ќерка, ете... Не дека на секое ја мамувам де, не сум- маааамо дај ми ова, мамо кај ми е она:D.
    Со други зборови- жената е многу ок. Не е совршена, ама погодени сме. Да беше некоја караконџула ваљда немаше да ја викам мамо...

    Ми требаше некое време дур ми текне за кој зет се збори:D...ама ми текна, у реду е, мозочни келии 3, сеуште живи:party:
     
    На anaja1, Осе и Celltica им се допаѓа ова.
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Ама кога девојка се мажи, семејството во кое се мажи не ја посвојува па да "заслужат".
    Се заслужува почит, убав однос, добар муабет, ручек, дружење, помагање кога е потребно ама да ги викам мама и тато не.
    Мене и комшиката може да ми се најде ко никој, па мама ли да ја викам.
    Но ок, твојата ситуација е таква, ти така ги доживуваш. Но дека генерално ТРЕБА тоа да се практикува, според мене апсолутно не
     
    На IRBBB, cresa-jagoda, Cherry333 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Elena878

    Elena878 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    Со тетка Ххх и чичко Ххх, некогаш и баба и дедо ги викам пошо тоа се :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Си ги нарекувам по име свекорот и свекрвата уште одма им кажав јас лице не правам на никого да ја викам мамо а после да ја пцујам ми нема логика знаејќи дека никогаш нема да ги сакам како моите родители. Друга работа називот мама/мамо е за да се вика родителот, а не кој што стигнеш. Мајката имала непреспани ноќи и нервози цел живот ради тебе, а свекрвата уво ќе ја боли :rofl:. За мене навреда е друга жена да наречам мамо освен таа што ме родила;)
     
    На Frosty!, nena2010, IRBBB и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Само сакам да прашам. Не хејтам, реално ме интересира.
    Тие што сметаат дека викањето мамо тато е знак на почит, значи по таа логика вашите мажи не ги почитуваат вашите родители. Зошто не се они мама и тато за нив?
    И не баба и дедо не е на исто рамниште со мама и тато.
     
    На nena2010, MeowMeow, Алек*** и 6 други им се допаѓа ова.
  17. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.651
    Допаѓања:
    17.515
    Пол:
    Женски
    Од самата помисла ми се стега душава да наречам друг мама и тато.Тешко ми е на душава бе. Свекор и свекрва си ги викам тетка .... чичко ...., некад и свекрвче , свекорче.
    Ама мама и тато неможам никој да нарачем освен моите најдобрите, единствените.
    Никој ниту ме тера ниту се љути.
     
    На Martka, Алек***, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.092
    Пол:
    Женски
    Како може да споредите свекор и свекрва со посвојување,па дури и да кажете дека иако не се биолошки родители не треба да ги викате “мамо и тато”.
    Луѓето што ви дале се и отвориле врата од својот дом и својот живот не заслужиле за “мамо и тато”, додека пак онаа биолошка заслужила. Свекорот и свекрвата заслужила.

    Ох…иронија.
     
    На Brpbrp и Mikha4 им се допаѓа ова.
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Друг пат кога сакаш да ме прашаш нешто, цитирај ме да видам, а не вака иза леџа и подмукло.
    Прочитај уште 7-8 пати што е пишано, зошто ама ич не си сфатила што е кажано во постот и не режирај драми без потреба.
    Женската зборува за биолишки родители бе :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
  20. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.165
    Допаѓања:
    17.673
    Сум пишала пример. Ич не ме интересира кој како си прави, ама дека мене ме оговарале ќе пишам пример.
    Комшиката млада околу 32/3 год ја прашувала свекрва ми дали ја викам мамо. :xСвекрва ми и одговорила дека секој си има своја мајка за да ја вика така. А таа како не сум била воспитана затоа не сум викала(facepalm)
    Не, јас сум воспитана мн убаво да не сум лицемерна пред се. Дотичната урла мамоооо ќе пиеш ли кафе, да слушнат сите. А ја колне и пцуе позади грб(сум била сведок) :x
    Јас не ја мамкам свекрва ми, а имаме супер и искрен однос.
     
    На elimkd, IRBBB, MeowMeow и 6 други им се допаѓа ова.