Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родителите на вашиот сопруг

Дискусија во 'Брак' започната од Unfaithful18, 29 јуни 2010.

  1. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Чупакабра :D
    Уствари тоа за друго беше :D

    На темата, ако некој си решил сам така, слободно, нема сигурно да му се мешаме сега да му викаме аааа ти не смееш така.

    Лично не би, на идните свекрва и свекор им смислив варијации на имињата нагалени и така си ги викам. Ни тетки, ни чичковци. Засега, арни сме, ама и далеку сме и така и ќе останеме, може затоа сме арни :D
     
    На Осе и Biljarkata им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.113
    Допаѓања:
    180.742
    Колку подалеку толку поарни ќе бидете8)
    Лага било, далеку од очите-далеку од срцето, баш обратно е со свекрвите. Мене свеки ми е најбоља:l:, на снаата што живее во ист двор- не баш:wasntme:.
     
    На cresa-jagoda, Осе, andrejko82 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Да ти кажам, баба ми викаше секогаш, да си земете куќи надалеку, колку подалеку, толку повеќе ќе се сакате :D Изгледа од мака жената, со 4 други фамилии во ист двор.
     
    На IRBBB, nextredstyle, Nikolina35 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Te@, без никаква лоша намера, се гледа од твоето пишување дека многу те повредило однесувањето на татко ти, и татковската фигура си нашла во свекорот.
    Бракот не го склопуваме за да добиеме родители, бидејќи родители веќе имаме (без разлика дали се со нас или не)
    Исто така многу е погрешно споредувањето со посвојување, затоа што во тој случај зборуваме за деца и старатели.
    Ти ниту си дете, ниту малолетна за да ти требаат старатели.

    Инаку, секако е убаво да се слушне дека си се цените и сложувате меѓусебно.
     
    На IRBBB, Oneo, Dust и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.948
    Еве конкретно, мажот на членкава е срамежлив да вика мамо, иначе сака:D
    Ние жениве сме понесрамежливи :wasntme:
     
    На IRBBB, Oneo, nextredstyle и 5 други им се допаѓа ова.
  6. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.174
    Допаѓања:
    15.491
    Имаше на фб коментари на темава дека денеска младите невести не ја почитувале нашата, македонска традиција со тоа што не ги викале свекрвата и свекорот мамо и тато. А да земеш да ја анализираш улогата на жената во ценетата ни традиција може само да сфатиш колку таа води кон покорност на женското. Буквално кога ќе омажи девојката треба да е со наведната глава, да им служи на дотичната машка фамилија и своето семејство буквално да го отпише, тие веќе не се битни, се знае дека машката страна е главна. Е кога почнаа се повеќе девојки да се осамостојуваат и освестуваат тогаш тоа е навреда за традицијата која сака да ги преточи во безгласна буква.
     
    На Annora, IRBBB, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207
    Во ниту еден момент не реков дека бракот го склопуваме да добиеме родители. Но не знам зошто никој не може да разбере дека можи да се случи, постојат такви случаеви иако се екстремно ретки, да навистина и добиеш родители. Да станете толку блиски, да се сакате и почитувате толку многу, да се однесуваат тие како навистина да си нивно дете, а и од ваша страна тоа да биде така, да станете како вистинска фамилија. Сигурна сум дека сите вие имате барем една личност во животот што не ви е во крвно сродство но ја рачунате таа личност како фамилија, и ја сакате и ви значи повеќе дури и од некои членови, роднини што ви се од фамилијата.
    Значи на почетокот и јас не им се обраќав на свекорот и свекрвата така, бидејќи не ги чувствував како родители тогаш, не ми беа блиски, не ги сакав како моја фамилија тогаш беа фамилијата на мојот сопруг, ги почитував и ги ценев но не ги доживував како своја фамилија. Но некој може да ти стане фамилија ( без разлика што не ти е во крвно сродство ) битно е како човек се чувствува и каква близина има.

    Тоа со посвојувањето знам дека е сосем скроз различна тема, муабетот ми беше дека има секакви случки и работи во животот во кои не се работите онака како што во поголемиот дел од случаевите. Или како што кажав и претходно, мојата мајка беше одгледувана од нејзината баба и живееше со неа се дури не се омажи па и беше како мајка и ја нарекуваше мамо. Исто, мајка на моја другарка цел живот патувала во странство по работа и бизнис, па никогаш немала време за другарка ми. Имаше дадилка со која што толку многу се зближија и засакаа, што и кога порасна кога тргна средно, па ма факултет го продолжија контактот, скоро секој ден беа заедно, и ја нарекуваше мамо. Од прво тоа на жената и беше работа, земаше пари за тоа, но потоа станаа како фамилија, ја сакаше и ја гледаше како своја ќерка без надоместок. И ден денес никој не може да познае дека не се вистински мајка и ќерка. Другарката си ја сака и почитува и нејзината биолошка мајка, имаат контакт, си живеат, но сепак има и друга мајка. Тоа ми е муабеот, дека не секогаш исклучиво само биолошките родители ги нарекуваме мамо и тато, тоа сакав да го кажам бидејќи некој рече дека освен биолошките родители не смееш никого да наречиш така. Затоа ги кажував тие примери вклучувајќи го и посвојувањето, дека не секогаш исклучиво само биолошките ги нарекуваме мамо и тато, има секакви стории..

    Порано кога некоја девојка ќе се омажеше одеше да живее во куќата на мажот, со свекор и свекрва, стануваше дел од таа фамилија, го земаше нивното презиме, врвеше 24/7 часа со нив и тие стануваат на еден начин твоја фамилија сакал ти или нејќел. Сега навистина работите се многу изменети, ретко кој живее во заедница, па презимето не сите го земаат на сопругот, некој прави и комбинација со моминското, многу работи се изменаа, но сепак не гледам ништо лошо во тоа да се прифаќа таа традиција од порано свекорот и свекрвата да се нарекуваат тато и мамо. Можеби е глупаво и заостанато, но не е ни нешто страшно и не знам си какво, имаме и во денешно време еден куп такви заостанати традиции што луѓето сеуште ги негуваат и почитуваат.
    Доколку како што кажа една членка навреда и непочитување кон биолошките родители е да се наречат мамо и тато свекрвата и свекорот, зарем не е ко така навреда и тоа што го земала презимето од сопругот ? Се родила и цел живот била ( на пример ) Проевска, го носела татковото презиме кое уназад кизнај колку генерции го носеле и таа потоа зема туѓо презиме ?? Ако е навреда тоа мамо и тато, навреда е и тоа што го менува презимето татково, идентитетот. Што не се расправала со сопругот па тој да го земе нејзиното презиме ? Значи тие се некои работи кои се останати од многу оддамна, како традиции, мислам дека само некој со комплекси можи да го доживува до толку строго како навреда и непочитување кон родотелите. Разбирам доколку не се чувствува близок и не му се како фамилија свекорот и свекрвата, доколку некој не се чувствува така нема ни што да им се обраќа така постојат и други наачини на којј може да се искаже почит, но доколку се чувствува како да е сакана и гледана како нивно дете, а и таа доколку ги доживува како фамилија како родители зошто и да не ги нарече така ?
    Сигурна сум 100% дека сите ние барем минимум на една жена и сме се обратиле со ТЕТКА, а таа да не ни е крвна тетка. Па според изјавата на членката, значи сите ние илјадници луѓе НЕ СИ ГИ ПОЧИТУВАМЕ и ги навредуваме нашите вистински тетки оти и некој друг сме нарекле тетка ?? Ако е забрането и глупаво да викаме мамо и тато, тогаш треба да е забрането и глупаво да нарекуваме некој тетка, бидејќи ако имаме тетка тоа е огромна навреда кон неа. Се знае ние си имаме една тетка, нема што и некој друг да наречеме тетка. Така испаѓа, буквално истото е тоа. Ете за од машката страна измислиле да ги викаат родителите на сопругата бабо и дедо, за жените да ги викаат мамо и тато, а за некои жени што ни се прикателки повозрасни од нас да ги нарекуваме тетки, или машките чичко, не им се обраќаме на сите само по име, значи тоа се некои непишани правила, традиции, кои не гледам како тоа се НАВРЕДИ или непочитување, не е морално сите да ги практикуваат тие традиции, но доколку некој сака и се чувствува така не гледам па ни тука нешто страшно. Секој треба да си прави како што се чувствува. И јас сум против лажни и дволични лигаења, кога снаата и свекрвата не можат да се поднесат а се нарекуваат мамо, мајче итн. Бидејќи така требало. Тоа и мене ми е преглупаво. Мојата мајка на свекрвата и се обраќала со мамо, но потоа имаа проблеми, и не сакаше повеќе да и вика така па престанала и и се обраќала на име. Тоа за тоа време било дури страшно, и срамота. Но мојата мајка не сакала дволичност и не сакала да и се обраќа со мамо па со терала по свое. Денес, тоа не е така задолжително и не е срамота доколку не се обраќа некој така како што беше порано, но не гледам причина доколку некој сака и се чувствува така зошто па и да не се обраќа? Или зошто јас на моето дете, како што кажа членката, би му се налутила и би му бранела таму на некој си да му викала мамо и би била јас навредена ? Според мене тоа се комплекси. Мене доволно би ми било моето дете да ме сака и почитува и јас тоа ќе си го знам, доколку некој нарече мамо не значи дека не ме почитува и дека помалку ме сака. И доволно би ми било дека е ценето, сакано и почитувано од родителите на нејзиниот сопруг. Се останато ми е небитно.

     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207
    Доколку не прочита, сопругот и на своите родители не им се обраќа со мамо и тато, ретко понекогаш на неговиот татко му се обраќа со тато, инаку на име му се обраќа. Во ниту еден момент не реков дека САКА да ја вика мојата мајка мамо, не знам каде си прочитала такво нешто, туку реков дека ја сака и почитува како него да му е фамилија а не ја доживува само како мајка на неговата сопруга, туку како фамилија негова. Реков и дека е срамежлив за тие работи и не знае како да и се обраќа, и дека тоа бабо му е глупаво бидејќи не е стара порадо би викал мамо помалку глупаво било тоа. Не знае како да се обраќа, како што е ситуацијата и со неговите родители. Тоа не значи дека никого од нив не сака или не почитува. И јас за тоа зборувам цело време, дека секој има право секого да вика како што си се чувствува, а љубовта и почитта можат да се покажат и на многу други различни начини.
     
  9. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Не,не. Апсолутно е небитно дали е демоде или не знам како да ги викаш родителите на мажот мамо и тато.
    Ти реплицирав затоа што ти не рече дека ги викаш така поради традицијата и поради тоа што така се чувствуваш пријатно, туку почна да мешаш биолошки родители, напуштени деца....ставаш акцент на свекор ти посебно, па поради тоа ми делуваше дека тешко си се справила со тоа што татко ти не бил тука за тебе.
    Точно, да, сите имаме некој близок што го гледаме како семејство, блиски сме, се сакаме, се почитуваме, заедно сме во секаква прилика било добра или лоша меѓутоа мене лично никогаш не ми дошло природно некои од тие луѓе да ги наречам мамо/тато/дадо/бато.
    Исто така, на тетка ми е се обраќам со тето, на комшивката со тетка Маре на пример.
     
    На nextredstyle, Luna91, elenaklasik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.948
    Еве каде прочитав. И ок е, не мораш да се објаснуваш веќе, рековме, секој со своето.
     
  11. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207
    Па точно, никаде не пишува САКА да и вика мамо како што кажа ти, уште ме знам каде си го прочитала тоа кога тука пишува повеќе БИ САКАЛ да и вика мамо, нема изјава САКА ДА И ВИКА МАМО. Тоа се две различни работи, не ги извртувај работите
     
  12. lale22

    lale22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2021
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    2.145
    Пол:
    Женски
    Заклучок од форумот во никој случај не треба да живееш со свекрвата недај боже да и викаш мамо , свекрвите се лоши неразбрани, наметливи, влегуваат дома (иако најчесто во нивна кука), барат кавги, некоја свекрва готви-нетреба, некоја неготви-незаинтересирана...ако ја читаат темата и тие ќе се збунат како треба.
    Секој нека си прај како му е убаво без непотребни кавги и стресови.
    А мајките е тие се супер дури за нив мислам нема и тема.

    Да се разбериме не им викам ни мамо ни тато ама имаме почитување .
    Мило ми е ко ќе прочитам дека некои имаат супер однос па ете има дури и снаи кои ги чувстуваат како свои и толку близок однос што и да им викаат мамо и тато тоа е од срце .
    (јас ова како идна свекрва се борам за соживот на свекрвите и снаите ама многу има против свекрвите не е фер:().
    Поздрав.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207

    Па да, не ги викам така поради традиција, поради тоа што така морало. На почетокот не се чувствував така и не сакав да им се обраќам така без разлика што " така требало" или таква била традицијата, јас не се сложував со тоа. Понатаму се измена работите и поради други причини ја прифатив традицијата но не бидејќи така требало да биди или дека тоа значи почит кон свекор и свекрвата. Туку поради тоа што така се чувствував, така ми беше од внатре од душата и срцето. Јас не почнав прва да мешам биолошки родители, некој друг рече дека исклучиво само на биолошките родители можеш да им де обраќаш така, па на тоа реплицирав дела тоа не е точно постојат секакви различни животни приказни каде што им се обраќаат луѓе на други луѓе со мамо, тато, дадо, тетка итн а во суштина не им се во крвно сродство. Тоа салав да го кажам. Навистина има секакви животни приказни и не е точно дека можеш само на биолошките да им се обраќаш така, а сето останато е навреда и непочитување. Мајката на другарка ми е свесна дека дадилка и била мајката која и требаше на чупето, и никогаш не се налутила и навредила што другарка ми и ма друга жена и вила мамо. Кога таа дадилка ја одгледувала и и била мајка цел живот како да ја вика.. ?
    За татко ми да, навистина тешко се справив, па сигурна сум дека и тоа е можеби една од најголемите причини што на свекорот од се срце му викам тато, навистина најискрено ми е како вистински татко.
    И не гледам ништо лошо во тоа, секој секого може да го вика како што сака и се чувствува, а тие што се толку категорични дека тоа е нешто прелошо, и навреда и непочитување кон родители, и заостанато и не знам си какво, до толку многу што го прикажуваат тоа како нешто лошо мене ми делува на некој си комплекси и предрасуди.. Сите ние треба да прифатиме дека постојат различни карактери, различни животни приказни и секој си знае како се чувствува и како сака да ги нарекува луѓето околу себе и зошто и која е причината за тоа си знаат тие самите, до кога со такви предрасуди и такви размислувања од типот " тоа е заостанато и глупаво и не ги почитувааш ти родителите ако друг наречеш така и така. "
     
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Точно за делот со мајката.
    Мајка ми за мене е богиња, жена која од парче месо ме направила човек, не спиела со вечери, плачела со мене на моите падови, се радувала искрено и од срце на моите успеси. Една, единствена и незаменлива за мене.
    За маж ми мајка му е богиња. И се што погоре сум пишала за мене и мајка ми, важи за него и мајка му.
    Не може мајка да ми биде мајка му, не може мајка ми да му биде мајка.

    И аман со тоа ако не ја викаш свека мамо тогаш е најлоша, најзлобна дрн дрн јариња.
    Гледам сите што ги викате мамо, ги обожавате, се јадат меѓу себе, пцуење, клетви па полна тема поплаки од свекрви.
    Тоа мамо е гола вода ако се нема почит како према луѓе.
     
    На cresa-jagoda, MeowMeow, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Последниов дел ме потсеќа на братучетка на мм. Во двор, на улица, пред гости итн "мамо", "тате", дома ножеви уште што си немаат фрлено.:rofl: ама битно е комшиите шо ќе речат.:envy:
     
    На cresa-jagoda, Brpbrp, MeowMeow и 4 други им се допаѓа ова.
  16. lale22

    lale22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2021
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    2.145
    Пол:
    Женски
    Јас кажав дека не ги викам мамо и тато . Ама не ми смета ако некоја така се чувствува и ги вика така и немам потреба да ја убедувам дека нетреба.
    И да еве читајте во секоја тема несмее некоја да кажи убав збор за свекрва.
    (неможам да ја означам членката шо ме цитирала).
     
    На Te@ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Мислам дека никој не и рече да не ги вика, туку и пишуваа за споредбите со посвојување шо ги пишува и зошто ете маж и не ги вика нејзините така.
    А да не зборам дека членката 100 реферати напиша, верглајќи едно исто. Ко да сака себе и сите нас да не убеди дека е така правилно. Кој како сака нека си прави. 100 луѓе 100 карактери.
     
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207

    За тоа потполно се сложувам со тебе, жената од секогаш била потчинета, но не само од машката фамилија, туку и од нејзината фамилија, на пример сум била сведок на многу случаеви каде што на женското дете во фамилијата не и следува ништо, никакво наследство, се е за синот или синовите, бидејќи таа " ќе си земи" од кај мажот. А што ако се разведе и потоа нема каде да оди... ?
    Башка тоа, сега полека полека се менуваат работите но сеуште е така, што жената треба да робува низ дома, за се таа е одговорна, и за деца, и за сите домашни обврски, и за работа, буквално за се, многу жени немаат никаква поддршка од мажите и не ги делат обврските во домот. Порано секогаш така било, невестата одела во туѓ дом, и требало да е со наведната глава. За се да се слушаат и свекорот и свекрвата и сопругот, и сите други се побитни и по важни од неа. Сега мислам дека полека полека работите се менуваат иако има уште премногу за да се менува.
    Јас сум далеку од тоа дека треба да се почитуваат некои такви традиции, и дека жената мора да е потчинета и покорна или дека мора да им се обраќа на свекор и свекрва со мамо и тато. Напротив мислам дека треба повеќе да се ценат жените, да имаат поддршка и поделба на обврските во домот од сопругот, а и помош од родителите од двете страни доколку е потребно, и да имаат избор како што се чувствуваат и како што сакаат така да им се обраќаат на свекорот и свекрвата, а не како морало како требало, тоа е нејзин личен избор, а исто така и од нејзиното семејство да е поддржана а не ете сега се омажи прави што сакаш и таму да си живееш од нас никаква финансиска помош нема..
    Имам забележано доколку и родителите на девојката се однесуваат така, ако се да гледаат само за синот, тогаш и свекорот и свекрвата си земаат уште поголемо право и слобода да се прават тие главни.
     
    На mKdevojce и CurlyBlossomGirl им се допаѓа ова.
  19. Svetoslava

    Svetoslava Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2016
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    127
    Абе 21 век сме , какво мамо и тато на свекор и свекрва , баба и дедо на родителите на сопругата , другите држави никогаш така не се изразувале ....... со господин , со госпоѓа учтив начин на изразување не ќе се враќаме порано како викале ..... нема мамо , тато , баба, дедо и тоа е тоа одеме напред , нема да се враќаме назад како викале, вие и сопругот сте си фамилија и тоа е тоа а родителите настрана може обраќање по име или со тетка и чичко оти тука не се вика господин или госпоќа и толку !! :)
     
    На januari19, CurlyBlossomGirl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Не знам Te@, ако на другарка ти и доаѓало природно на дадилката да и се обраќа со мамо, тоа е ок. И мене ме израснала претежно баба ми, па сум и се обраќала со бабо..што знам..Различни луѓе, различни карактери.

    Во секој случај, мило ми е што ти се погодени свекорот и свекрвата, се друго е помалку битно.

    Имај убав ден.
     
    На Te@ му/ѝ се допаѓа ова.