Родителите на вашиот сопруг

Discussion in 'Брак' started by Unfaithful18, Jun 29, 2010.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Joined:
    May 29, 2015
    Messages:
    2,720
    Likes Received:
    20,404
    Поимот ,,тетка" е наметнат од страна на родителите, кога се обраќаш на постара личност, без да звучи формално како на пример госпоѓо/госпоѓице Петранка. Звучи полесно за комуникација. Моментално, на никого не се обраќам со тетка, во оваа доба во која сум. Сметам дека сум доволно возрасна за да нарекувам некого по име.
    Што се однесува до презимето, на јавен форум, не би изнесувала, за мене лични информации. Би оставила да претпоставуваш. Едноставно, го направив она што сметам дека е најправилно за мене и моето его. Условувањето на туѓи родители со позајмени имиња не знам како има допирна точка со ова што сакаш да го доловиш како поента.
     
    cresa-jagoda likes this.
  2. Te@

    Te@ Истакнат член

    Joined:
    Jun 16, 2021
    Messages:
    297
    Likes Received:
    207
    Па и поимот "мамо" што е ист збор како што му се обраќаш на мајката е наметнат уште од порано од општеството т.е. од страна на родителите и на жената и на мажот, како да се обраќаш на свекрвата. Исто како што и поимот "тетка" што е ист збор како што му се обраќаш на биолошка тетка, е наметнат од општеството да се обраќаш кон други постари личности. Не гледам како тоа мамо е навреда, а тето не е ? Или тетките не треба до толку да се почитуваат, може и на други жени да им се обраќаме така.
    И мене ми е глупаво доколку тоа е наметнато и доклку се очекува од снаата дека мора да се обраќа така. Тоа треба да е личен избор. Но доколку на снаата му е убаво така и сака така да се обраќа зошто да не ?

    Поентата е тоа што сите кажувате како е навреда кон биолошката мајка да наречеш друга жена мамо, како тоа е бизарно и смешно, а не е навреда кон биолошкиот татко да го отфрлиш неговото презиме и да земеш некое туѓо презиме. Која е поентата на тоа , ако не беше таква традицијата синкир на некого ќе му текнеше кога се мажи еј ај ќе го земам презимето на маж ми ќе си го променам. А сите тоа го прават. 99% од жените во нашата држава. Зошто ? Оти така е традицијата. Оти така требало. Тоа на никој не ви е смешно и глупаво ?? Зошто мажите не ги земаат презимињата на жените ??
    Значи не е проблем тоа што го менувате идентитетот, презимето до кое што сте се родиле, оти таква е традицијата и оти така сите праеле, ама проблем е и бизарно ако ја наречеш свекрвата мамо ?
    Според мене има еден куп традиции кои и ден денес се почитуваат, а мене не ми се допаѓаат воопшто и не ги прифаќам, ама никогаш не сум рекла дека тоа е бизарно, смешно, одвратно и не знам си какво. Ги почитувам и разбирам другите луѓе дека нив тоа можеби му е убаво и тоа е тоа нека си ги почитуваат тие традиции, нема потреба јас нив да им кажувам колку е тоа бизарно оти мене не ми се допаѓало или не сум се сложувала со нив.

    За мене најлоши се тие таквите личности кои и самите тие прифаќаат еден куп традиции кои не се како што треба, како на пример тоа со презимето од што мака да се презивам како мажот а не тој како мене, и многу други традиции, но ќе се фатат така за некоја нив која што нема да им се допадне на пример како таа со викање мамо и тато, и ќе изиграваат многу напредни и ќе кажуваат како тоа е бизарно и во кој век сме живееле.


    Живееме во век во кој што секој си мисли неговото мислење е најточно и ги осудува и зборува лошо за тие со поинакво мислење од нив, ги исмеваат, кажуваат како требало како не требало, полни со предрасуди, се прават многу напредни а и тие самите следат кизнај колку традиции што немаат логика но ете останале.

     
  3. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2018
    Messages:
    1,899
    Likes Received:
    6,268
    Изгледа ти не го слушаше матичарот на венчавката. :rofl: секој си има избор да си се вика и презива како сака. Ако сакам утре документи под мишка и ќе се презивам Џоли, потпишуваш изјава и тоа е тоа.

    Мислам, цело време споредуваш обраќање кон некого со именување, па посвоени деца, тетки,... сѐ барбат си направила во темава, се испотев и пак не разбрав зошто има потреба да ги споредуваш за да кажеш дека ги викаш родителите на мт - мамо и тато.
     
    Oneo, cresa-jagoda, Annath and 4 others like this.
  4. Mnik

    Mnik Популарен член

    Joined:
    Mar 19, 2021
    Messages:
    2,128
    Likes Received:
    9,827
    Gender:
    Female
    Ама не поставувајте веќе прашања:rofl: нема крај ова:whew:
     
    Oneo, Brpbrp, cresa-jagoda and 6 others like this.
  5. Mnik

    Mnik Популарен член

    Joined:
    Mar 19, 2021
    Messages:
    2,128
    Likes Received:
    9,827
    Gender:
    Female
    Незнам кој може да ја гледа и да ја сака свекрвата исто значи ИСТО како жената што те родила и изгледала. Ама ај
     
    cresa-jagoda and Mikha4 like this.
  6. Te@

    Te@ Истакнат член

    Joined:
    Jun 16, 2021
    Messages:
    297
    Likes Received:
    207
    А дали познаваш некој маж што го зел презимето на жената ? И колку се такви ? А колку се жени што го земаат на мажот ? Не мораат, а сите тоа го прават ? Зошто ? Оти таква била традицијата.. не знам како не ка сфаќате поентата, поентата е тоа дека тоа се традиции, кои навистина многу од нив и мене лично воопшто не ми се допаѓаат и не ги прифаќам, но не ги осудувам тие што ги прифаќаат и не им велам " леле колку е тоа бизарно ". Нив ако им е убаво, ок, нека им биде, која сум јас да кажуваам дека тоа е бизарно. Можеби мене ми е, но нив очигледно не им е и што има да ги вреѓам ? Можам културно да кажам дека не се согласувам со нив, дека не ка прифаќам таа традиција. Нема потреба од такви предрасуди и вреѓања дека е бизарно, одвратно, смешно што се уште не рекоа. Кога може да менуваме идентитет, да го менуваме презимето со кое што сме се родиле, кое сме го наследиле од нашиот татко а тој од неговиот татко, а тој од неговиот татко и така натаму до недоглед, и тоа да не претставува навреда кон таткото, зошто да е навреда кон таткото ако друг човек наречеш тато ? Ти си го зела презимето негово ( на свекорот ) и на неговите предци и тоа не е навреда за твојот татко ама ако му речеш тато на свекорот е тогаш е огромна навреда кон таткото биолошки....

     
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Joined:
    Jul 15, 2020
    Messages:
    4,240
    Likes Received:
    27,871
    Александар Маленко :D Па си го врати после и така.
    Аман луѓе прајте како сакате, толку дискусија за свекрвата како да се викала.
     
  8. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Joined:
    Jul 15, 2013
    Messages:
    3,225
    Likes Received:
    17,943
    Ќе го носиш 9м, ќе го раѓаш со саат, ќе го пораснеш од 2 кг месо во возрасен човек и на крај свекрвата била ко мајка. Ја прифатила и затоа е мајка. Не бе срце. Мајка е мајка, а свекрва е свекрва. Јас ја сакам свеки, мила ми е, НО не ја сакам како мајка. Туку како родител на маж ми.
     
    januari19, Oneo, MeowMeow and 12 others like this.
  9. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Joined:
    May 29, 2015
    Messages:
    2,720
    Likes Received:
    20,404
    Се споредуваш себе како возрасна индивидуа која може да одлучува за себе и дете чии родители му наметнале на постари лица да се обраќа со тетка/чичко. Патем немам тетка, така да, според твојата логика, немам кој да навредам. Ама буквално не е исто, може да имаш две-три тетки, зависно од семејството, ама една жена те раѓа, или пак мене не ми се јасни некои биолошки работи.
    Што се однесува, повторно до тоа презиме, може до сабајле да реплицираш, кога не ја знаеш фактичката ситуација за мене. Кога веќе пишуваш на таа тема, ти го прифати презимето од сопругот, ако да, зошто?
    Едит: Те молам не пишувај реферати, кога едно те исто пишуваш, само со различни зборови.
     
  10. Te@

    Te@ Истакнат член

    Joined:
    Jun 16, 2021
    Messages:
    297
    Likes Received:
    207
    Никој и никогаш нема да ја сака свекрвата како мајката оти тоа е безусловна љубов ( освен не знам ако некој има мајка монструм ). Ама ако му речеш мамо на свекрвата не знАчи дека мајка ти ја сакаш помалку, или свекрвата ја сакаш исто како мајката. Има случаи каде што и воопшто не ја сакаат свекрвата, не можат да ја поднесат а ја викаат мамо, а има и такви што ја сакаат и ја почитуваат ама не им иде не сакаат да ја наречат мамо. Секакви луѓе, секакви приказни.
    Муабетот е да нема правила и предрасуди, секој да си прави како што му е убаво и како што смета дека треба. Не дека мора, не дека така требало, туку дека така сака и дека така одлучил. Сите што не се сложуваат со него слободно да си прават тие како што сакаат и мислат. Но безобразно е да осудуваат и да кажуваат колку тоа е бизарно само ради тоа што тие мислат поинаку.


     
    lale22 likes this.
  11. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2018
    Messages:
    1,899
    Likes Received:
    6,268
    Познавам, и шо има врска?
     
    Mnik likes this.
  12. Mnik

    Mnik Популарен член

    Joined:
    Mar 19, 2021
    Messages:
    2,128
    Likes Received:
    9,827
    Gender:
    Female
    Леле уште се објаснуваш? Ова го пишав зошто ти го имаше пишано истово. Види си го мислењето на кое ти реплицирав. Контрадикторна си. И вистина одмори малку.
     
    wannaBeMomma and Mikha4 like this.
  13. Elena878

    Elena878 Истакнат член

    Joined:
    Dec 20, 2020
    Messages:
    210
    Likes Received:
    369
    Gender:
    Female
    Ау човееече отупеееее, како сакаш викај си кого сакаш аман
     
    Oneo, wannaBeMomma, Luna91 and 4 others like this.
  14. Te@

    Te@ Истакнат член

    Joined:
    Jun 16, 2021
    Messages:
    297
    Likes Received:
    207
    Не зборувам само за тебе, ете зборувам за сите жени во Македонија, и Балканот, се знае жената го зема или го додава презимето од сопругот. Не мора, а сепак скоро сите пак тоа го прават. Исклучоци има премалку. А причината зошто така прават никоја не знае да кажи, освен дека така требало така сите правеле. Никој не се буни за мажите да го земаат нивното презиме. И сите тие жени упорно ја следат таа традиција, без причина, го менуваат татковото презиме, го земаат на свекорот и ок е сето тоа ама ако му речат на свекорот тато оп! навреда тогаш. А она не им е битно со презимето.
    Како што не мораат да им викаат тато на свекорот исто така не мораат да го земат презимето негово. Едното го прават, а другото го нарекуваат дека било бизарно.
    Тоа е она што го зборуваам цело време, нема што да се прифаќаат традиции по секоја цена оти така требало или пак да не се прифаќаат оти тоа е бизарно. Секој да си прави како што мисли дека е исправно, нема правила како е точно како е грешно кога за сите е различно. Доколку на некој нешто не му се допаѓа никој не го тера да го прави тоа сосила. Ама не е убаво да осудуваа и да вреѓа само затоа што него тоа не му се допаѓа.

     
  15. Te@

    Te@ Истакнат член

    Joined:
    Jun 16, 2021
    Messages:
    297
    Likes Received:
    207
    Не знам зошто толку сте огорчени и зајадливи, полни со предрасуди, само вашето мислење е точно дека не смее да се наречат свекорот и свекрвата со мамо и тато, не знаете да почитувате туѓо мислење и да речете во ред прифаќам што ти мислиш така но јас не се согласувам со тебе, туку знаете само да кажувате како требало и не требало и се освен вашето мислење е глупаво, бизарно, смешно... Сите вие без култура само напаѓавте колку е тоа смешно и погрешно, никоја не рече јас не се согласувам но во ред ти доколку така мислиш. Сите со некој зајадливи коментари колку тоа било погрешно и се само ради тоа што сте огорчени и без култура, не знаете да почитувате туѓо мислење. Тоа на се ми личи, само на напредни не, бидејќи многу се правеа такви. Само запрашајте се колку бизарни традиции и обичаи сте ги испочитувале и ќе ги почитувате и правите и допрва, а и самите немате да кажите зошто го правите тоа освен то " така треба" и "така е традицијата". Носете си го презимето од свекорот оти така требало, и правете си уште многу работи други и традиции оти така требало. Тоа ич не е бизарно.
    Е значи многу сте паметни чим само вашите мислења се правилни и точни.:clap:
     
  16. Daniela93

    Daniela93 Истакнат член

    Joined:
    Oct 16, 2020
    Messages:
    138
    Likes Received:
    763
    Јас еве не го додадов нити го земав презимето на маж ми, апсолутно ми е исто името ко претходно. И не ја викам свекрвата мамо, од логични причини. Ни свадба праев кога сме веќе кај тоа.
    Стајте ме во тие 1 посто што ги заболе за традиција.
     
    Oneo, Elena878, Luna91 and 5 others like this.
  17. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Joined:
    Jan 1, 2010
    Messages:
    4,920
    Likes Received:
    12,078
    Gender:
    Female
    Едно инфо: имаш муабет со свекорите? :D
     
    Mnik likes this.
  18. Daniela93

    Daniela93 Истакнат член

    Joined:
    Oct 16, 2020
    Messages:
    138
    Likes Received:
    763
    Да бе, зашто да немам. Ние живееме во друг град, ги гледам еднаш во три месеци. Никогаш не сум се скачкала со свекрва ми, иако она знае да си кажува така некои муабети што мене не ми се логични, али не ја фермам многу. Нејзе само и беше најмногу криво што не сме се венчале в црква, жената година дена после потписот збореше за тоа, али маж ми се запна дека нема да биде тоа, така што тој и кажува непријатни вести. :D
     
    Luna91, Mnik, cresa-jagoda and 3 others like this.
  19. Te@

    Te@ Истакнат член

    Joined:
    Jun 16, 2021
    Messages:
    297
    Likes Received:
    207
    И јас ниту се венчав во црква, ниту ќе се венчам иако сите само за тоа ден денес ни зборуваат и не кандисуваат како не било касно да го направиме тоа. Презимето си го задржав моето денот кога се регистриравме, потоа навредувана од страна на татко ми и неговата фамилија што сум барала со нивно презиме не ни сакав повеќе да го имам моминското но за жал тогаш дури го сменам триста компликации подобро ќе ми беше да го сменев веднаш ако знаев какви ќе бидат работите. Да немав проблеми со татко ми никогаш не би го менувала моето презиме со кое што сум се родила.
    Таквите како тебе се вистинска реткост кои прават како што им е нив убаво, сите прават скоро за се како што била традицијата.
    Само вака една или две работи ќе најдат што не прифатиле, и баш за нив ќе се закачат дека тоа е толку погрешно и бизарно. Се останато прават по традиција. Многу од нив оти така "требало", малку од нив бидејќи тоа им се допаѓа и бендисува.


    Кој нејќи нема да промени презиме, кој нејќи не мора да се венча в црква, кој нејќи не мора да вика мамо и тато на свекрва и свекор, ама за сите тие работи и кој сака можи ако сака.
    Сите луѓе се различни, сите луѓе различно размислуваат, но нема потреба да се вреѓа и навредува и да се има предрасуди спрема тоа.
    Не знам за тебе, но ние баш за тоа со црквата бевме многу осудувани, не знам зошто луѓето не си гледаат во нивните животи и нивните одлуки, а не да кажуваат што било исправно а што не, што било глупаво а што не.
    Истото и за ова, ако на некој му е бизарно нека не им викаат на свекрвата мамо, никој не ги тера со сила, нека си гледаат таму за нив, а не да ми кажуваат дека една била мајка и еден татко и се знаело кој можеш да ги викаш така. Ете јас споделив поинакво мислење конкретно за таа тема, секој со своето мислење, но за жал некои умови не можат да разберат и сфатат дека не сите луѓе сме исти, и дека треба да се почитуваат разликите и мислењата на другите а не ако тие размислуват поинаку да вреѓаат и да кажуваат такви работи какви што беа изнакажани..

     
  20. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2016
    Messages:
    11,653
    Likes Received:
    175,112
    Gender:
    Female
    Лелееее:)
    Десет страни испиша бре срцка, цел живот го прераскажа, а темата е родителите на сопругот.

    Ги викав/м и јас мајче и татЕ.
    Немам намера да се образложувам зошто и како.
    Не сум осетила некоја љубов од нив, ниту па јас нешто безрезервно ги сакав/м.
    Доволна ни е почитта што си ја имаме(y)
     
    Oneo, Ruzica00 and Mnik like this.