Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родителите на вашиот сопруг

Дискусија во 'Брак' започната од Unfaithful18, 29 јуни 2010.

  1. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207
    На почетокот живееме со сопругот заедно како дечко и девојка година и пол, невенчани, без да ме побара за жена, без давање знор, веридби и такви работи, нас ни беше убаво, и за тоа сите се правеа паметни и мудруваа како тоа е погрешно, а од друга страна се прават напредни.
    Не знам до кога ќе има такви заостанати кои секогаш само она нивното мислење е точно и правилно. Сите си имаме наши замисли во главата што треба а што не треба да правиме ние со нашот живот, и не мора сите да се согласуваат со нас, ама до кога ќе се вреѓаме ако некој прави поразлично нешто, макар и тоа нас да ни е незамисливо и несфатливо, преглупаво, и дека ние се чувствуваме така да го осудиме тој човек ?
     
  2. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Никој тука ниту те осуди, ниту те навреди, ако упорно го пишуваш истото нема да стане вистина, барем тука е сѐ зачувано.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Daniela93

    Daniela93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    763
    За неправење свадба, за презимето, за тоа повеќе слушнав муабети, за црква само од свекрва ми. Нејзе ете тоа и било желба, не и замерувам ич за тоа, може да си каже мислење секако. А другиве надвор од блиска фамилија што си тропкаат што и како требало да правиш (ми кажа еден тетин дека без свадба сум била ко немажена и не се броело :D), може само да се сликаат, ич око не ми трепнува што зборат.

    Мене не ми е логично да ја викам свекрвата мамо, ете штом тебе ти се сака така, така викај си ја. Не знам што се објаснуваш само толку за таа работа, и онака нигде не пишува со закон како треба да викаш некого.
     
    На crazylady и Mikha4 им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    @Te@ се обидуваш себеси да се убедиш, или нас? Пошто генерално, ко за човек на кого не му е важно мислењето на рандом анонимуси на форум, многу некако се правдаш и објаснуваш.
     
    На Oneo, Chantal, GrimTheReaper и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207
    Не се обидувам никого да убедам, и воопшто не ми е важно туѓото мислење за мојот живот од секогаш сум си правела онака како јас сакам и како јас сметам дека е правилно. Нормално понекогаш ќе ислушам нечие мислење и совет, ќе размислам, можеби и ќе го прифатама можеби и не, како ќе се чувствувам така.

    Само се нервирам и пишувам цело време бидејќи како прво мислев дека ова е форум кај што сите си споделуваат и разменуваат мислења, освен нашето да слушниме и други мислења, доколку не се согласувам ќе кажам јас не се согласувам со тебе јас мислам вака и вака, ама никогаш не сум се дрзнала на некој да му кажувам ако не се согласувам со него како според мене тоа е смешно, бизарно, неприфатливо, одвратно итн. туку едноставно културно ќе кажам јас не се согласувам моето мислење е така и така ( и при тоа нема да користам навредувачки зборови ).
    Како второ се нервирам за дволичноста, сите што изнакажуваа колку е бизарна и погрешна таа традиција, почитуваат еден куп други традиции кои се заостанати од порано ги прават без причина а не оти така сакаат а за оваа тема се многу јаки на збор се прават многу напредни.. Менуваат презиме, прават свадби ептен по правила и прописи по адети, па за бебињата има не знам си колку адети и верувања, па веруваат во секакви бабини деветини, кој како сака нека речи тоа се факти дека огромен дел, речиси сите во Македонијава прифаќаат традиции и адети оти така требало.
    Затоа се изнапишав реферати, не се трудам никој и за ништо да убедам, напротив цело време сум поборник за тоа секој да си има сопствено мислење и да си прави како што сака, без да биди осудуван и исмеван.


     
  6. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Уште ли и пак ли?
    Незнам колку пати напиша веќе за тоа мамо и тато, ама ми личиш ко да си мислиш дека све околу тебе се врти. Само спомнуваш некои заостанати незнам какви, ама за тебе не е заостанато да мјаркаш дома. Твоите избори се најправилни и со секој на темава шо ќе ти пише контра седи и пишувај реферати уште неколку години. Упорно едно исто верглаш, значи ти пишуваат "шо се објасуваш" ти упорно "јас сакам да ги викам мамо и тато, а они ме осудуваат, навредуваат" тоа па тоа и реферат ист ко претходниот и ко тој пред тој и така назад незнам колку страни.
    Најдобронамерно одмори од темава малку, посети и други теми, крај краева не ти дојде дома некој нож под грло да ти стави како да ги викаш.
    Сакаш да ги викаш викај ги.
     
    На crazylady и Camille84 им се допаѓа ова.
  7. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207
    Па да ми напишеа не се сложуваам со тебе јас мислам поинаку вака и вака, но ок ти мислиш така викај ги така, немаше што да имам да пишувам уште. Културно. Напредно. Секој ќе си го кажеше мислењето. Сите постови уназад си седат, се гледа дека повеќето членки наместо тоа, ми кажува како тоа не можело така да ги викам, како тоа е бизарно, за некој одвратно, за некој инцестодно, само некои такви зборови кои го вреѓаат моето размислување, и зошто бидејќи тие не се сложуваат со мене. Затоа треба да вреѓаат ? Да кажуваат такви зборови? Или да ме исмеваат дали сопругот сум го викала бато ? Во ниту еден пост на почетокот јас не нападнав и не навредив ничие мислење со грди зборови.

     
  8. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    @Te@ Како што сфатив, не ти е добар односот со татко ти, ако грешам поправи ме. Апсолутно се согласувам дека секој може да ги вика како сака свекорот и свекрвата, но ние тука дискутираме зошто некој одлучил да ги вика мамо/тато, а друг по име, инаку, ниту едното, ниту другото е забрането. Може ли да ми одговориш дали ја сакаш свекрвата исто како и мајка ти? Дали ти по своја иницијатива ја нарече 'мамо' или таа така сакаше? Дали би се налутила ако ја викаш по име?
     
    На Martka, Mnik и Te@ им се допаѓа ова.
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Очигледно не го знаеш значењето на мамо и тато, океј тоа го разбравме. Ти нема да ја сакаш свекрвата како што ја сакаш мајка ти ниту пак татко ти повеќе од свекор ти, а сепак исто им се обраќаш, што значи правиш лице. Кога ќе ги сакаш неговите родители колку што ги сакаш тие што те создале и одгледале и удостоиле тогаш можеш исто да ги наречеш инаку се е правење лице. А не верувам дека секоја нормална особа ќе сака некои други родители повеќе од своите. И немој да спомнуваш посвојување зошто тоа врска нема со оваа тема тука.
     
  10. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207
    Кажав и претходно, свекрвата нема никогаш да можам да ја сакам како мајка ми. Се знае љубовта кон мајката е една и единствена, најсилна. Со свекрвата се зближив премногу, ми е како мајка, ја сакам како мајка, така се вели зборот, како кога некој другар ќе речеме го сакаме како брат, иако сите знаеме дека тоа никогаш не можи да биди така. Најискрено ја сакам и свекрвата премногу, но никогаш нема да ја сакам коллу мајка ми тоа е невозможно. Доколку ја наречам мамо тоа не значи дека ја сакам исто како мајка ми, или дека мојата мајка сега ја сакам помалку оти и на друга жена сум и се обратила така.

    Исто, пишав и претходно, свекрвата ми имаше речено дека не и е битно и дека нема потреба да ја викам мамо. На една куќна слава бев обвинета од роднини како тоа сум и се обраќала на име ( бидејќи на почетокот кога не бевме блиски и се обраќав на име ) таа веднаш скокна во моја одбрана и му кажа дека како што сакам така ќе и се обраќам кој се тие тука да ми кажуваат мене.


     
    На Ivka~ и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Епа сега разбра зошто служи називот МАЈКА и зошто викаат ЕДНА Е МАЈКА!
     
    На Te@ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207
    А кој рече, кој кажа дека зборот мамо означува љубов, и дволично е доколку го речеш на некој друг поради традиција или поради икс причини ? Некој може и на својата мајка да му се обраќа со мамо а да е прелоша ќерка и да немаат никакви односи. Самиот збор по себе не означува љубов. Доколку со тој збор се означуваше љубовта до нигде немаше да стигнеме. Не знам зошто толкаво преголемо значење им давате на зборовите кога делата о чувствувата вредат милиони пати повеќе и тоа е она што е битно.
     
  13. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Епа обраќај и се на мајка ти по име како и на сите други и види и ја реакцијата.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207
    Јас многу добро знам дека една е мајка, и знам што е зборот мајка, но мајка не е само тој збор, мајка е многу повеќе од тоа, и жално е тоа да е мерило колку кој ја сакал мајката и почитувал и ако на друг се обрати така тоа било знак на непочитување.
     
  15. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207
    Нема да и смета. Ниту да се лути. Знае колку ја сакам и почитувам, не и е тоа мерило неа како и се обраќам. Само лично мене не ми иди да ја викам на име. Ете мојот сопруг им се обраќа на име на неговата мајка. Другар исто така. Брачеда исто така стрина ми ја вика на прекар ( по име ). Сите што ги набројав имат прекрасен однос со мајките, брачедата е преблиска, неразделна со мајка и, другарки. Безусловно се сакаат и почитуваат.
    Како што кажав жално е еден збор да да мерило на почит и љубов, зошто? Оти така рекле.
     
  16. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.686
    Допаѓања:
    11.174
    Пол:
    Женски
    Во право си. Се извинувам ако навредив. Ми стана мачно едно те исто да го читам, ама не ја отворам наредниве дена темава, досадна стана.
     
    На GrimTheReaper, felisitas, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    Не знам дали имам пишано на темава претходно...

    Не ги викам никако, среќа живееме и далеку така да немам потешкотии околу тоа. Кога сме кај нив, ако треба да им се обратам им се обраќам доколку се свртени кон мене, ако не се ништо...
    Сега со бебе и јас баба и дедо почнав.
    Немам топло чувство кон нив, ниту некако допринеле кон тоа.
    Второ, имам и некој револт поради деградацијата на родителите на женското, кои се нарекуваат баба и дедо. Баба и дедо се на син ми. Не гледам зошто зетот да ги вика така. Баба и дедо ги нарекуваме сите старци на улица што ќе ги сретнеме.
    Можеби доколку традицијата била фер кон двете страни и мојот став би бил поинаков.

    Како некој друг ги нарекува не ме тангира ама ич, секој со своите чувства, ставови итн.
    Само мн е погрешно да се врши притисок за тоа. Ниедна жена ме треба да дозволи да и се наметнува.

    Иначе сосема се согласувам со аргументот на Теа околу презимињата.
     
    На januari19, Oneo, elimkd и 7 други им се допаѓа ова.
  18. IJAE

    IJAE Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    815
    Додека бевме во врска им се обраќав со чичко и тетка и името нивно. Сега во брак никако не им се обраќам, ако треба нешто да ги прашам или да се обратам им зборам дирекно без никаков назив или некогаш се “правам интересна” ќе им де обратам свекрва сакаш кафе.. секој со својот став, но моите чувства не ми дозволуваат поинаку не сум ни помислила тато и мама да ги викам. Мм исто мисли и он ми рече не очекувам да ги викаш така и не ни сака пошо и он никако не им се обраќа.. се е дирекно кај нас
     
    На cresa-jagoda, elimkd, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    736
    Никогаш нема да ги наречам мама и тато, тоа е сигурно, затоа ги викам тетка и чичко.
    Подобро да им се обратам некако одколку да чекам да се свртат кон мене и да прашам, тоа ми е баш без везе и некако без почит.
    Не би сакала маж ми да се понаша така со моите.
     
    На cresa-jagoda и IRBBB им се допаѓа ова.
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    А мислиш со тоа што ги викаш тетка и чиче поголема почит покажуваш?

    и не знам зошто е толкав грев секој по име да се обраќа, ко фати коронава затворени сите и синот и снаата викат по исти личности мама и татее има да заборават луѓето како се викаат