Со чичко и тетка. Неможам мамо и тато да ги викам. Свекрва ми вика како сакаш викај не само со почит да е, а свекор ми сака тато да го викам но неможам. Дури и мајка ми ми викаше зошто не сум ги викала мамо и тато, ама кога не неможам неможам.
Греота мислиш во живот никој ги нема кажано мамо и тато. Традиција што луѓено си ја одмислиле само години години уназад. А види може така ама и они мене како ќерка нека ме гледаат па и мене дел од куќа, викендица, кој што има...
Заглавени во минатото. Јасно и гласно кажете им дека не можете да ги викате така. Речете им дека не сте им сестри на важите мажи, па нивните родители да ги викате мама и тато. Ако ова не ги натера да престанат...
Јас со неговата мајка не зборуваме нешто многу за жал затоа што жената не разбира англиски само така по некое зборче но многу и беше мерак и сакаше да и се обраќам и си ја викам мамочка (што значи мајка на руски ) не ми е воопшто проблем затоа што многу мила женичка и баш ми е криво што не можеме да си направиме асален муабет без мм да ни преведува. Но ајде така е за сега понатака кога ќе научам убаво ќе си разговараме.
Научи ја македонски хахахах.Они имаат 8 падежи, имињата за секој падеж ги менуваат.Кај нас нема ниеден, полесен е а и слично е.Моеш и на битолски, таму ни род нема.Одма ќе сфати ај слично е, говори-гавари дом-куќа иаме слични зборови доста
Исто, мајка ми толку ме напнуваше за ова од почеток немате поима. На веридбата поготово уште пред да дојдат се испокаравме за ова, требало мамо и тато да им кажам кога е тоа дарувањето, јас не сакав, и баш моментот кога излеговме од соба да дојдам да ги земам тоа поклоните она одма по мене и пак тој муабет, ме разбра ли, немој да ме срамиш, вака ќе им речеш, јас ќе се расплачев дури, и ептен со пола уста дури и шепот беше тоа, им реков мамо и тато, и тоа беше прв и последен пат. Ич не ја разбирам оваа традиција, бог да чува.
Се обраќам со чичко и тетка па во продолжение името. Свекрвата имала мерак снаите да ја викаат мајка, мајче, мамо оти немала ќерки, нас како ќерки нѐ сакала. Мало сутра ме сакала. Не е жива мајка ми и не можам на друга жена со тој збор да се обраќам. Па дури и жива да беше немаше да можам, не ми доаѓа природно. Еден пријател, постар од мене ме разубедуваше да почнам да се обраќам со мама и тато, со тек на време ќе ми поминело во навика. Не сакам.
Свекор ми си замина пред скоро 15 години. Претходно се расправавме со свекрва ми, тој беше медијаторот. Откако почина, се повеќе и повеќе се зближував со нејзе. Денес, можам комотно да речам дека ја осеќам за ептен блиска. Како сурогат мајка ми е.
Тие се само родители на мојот сопруг. Сакат да ги викам мамо и тато, ама јас несакам а и неможам затоа никако не ги викам. Ме иретират понекогаш кога сум на пример со свекорот и тој вели ете мајкати или обратно татко ти. Среќа не живеам со нив па не се замарам многу. Јас имам една мајка и еден татко.
Поглупо нешто од тоа да ја викаш свекрвата мамо нема. Зошто да ја викам мамо, жената што го родила, маж ми?! По име ја викам, нит ми е мајка, нит ми е тетка, зошто така да ја викам?!
Затоа што порано се мажеле на 16 години и така останало. Не ги викам ни јас и знам дека се лутат за тоа, баш сега прочитав погоре па ако е така нека бидам и јас ќерка дел од куќа итн а не само, "ете мајко решив да се женам да ти најдам одменица". Им се восхитувам на младиве снаи кои си имаат свое јас од прв ден. Никогаш нема да барам и очекувам од некој за кој не сум спиела со ноќи поради болест, кого не сум го родила, кому не сум му ги бришела солзите кога му го скршиле срцето,што не сум била покрај неа кога добила менструација за прв пат, кога матурирала, дипломирала итн итн да дојде и да ме вика мамо. Дури и ќе и кажам дека не сакам тоа да го прави. Тогаш и зетовците нека велат мама и тато а не баба и дедо зашто секој може да се викне баба и дедо.
Неодамна се омажи моја пријателка и пред свадбата седевме и низ муабет кажа дека ќе ја викала мамо на свекрва и. За неа тоа било огромна почит, да ја викала мамо. Прво мамо ќе викам само на една жена во мојот живот, жената која ме родила и ме одгледала. Исто и за тато, еден човек постои за зборот тато, човекот кој ми овозможил се. Почитта не се изразува со тоа како ќе ги викаш свекорот и свекрва ти. Ниту ме родила, ниту ме изгледале. Немам потреба да ги викам мамо/тато! Уште од првиот ден се изјаснив дека не ми е убаво да ги викам така. Знам дека сум настапила на многу универзални луѓе, уште од самиот почеток се изјаснија дека не сакаат да се мачам со тоа и дека доволно им е да ги викнам по име. Ниту тето, ниту тетин, само по име. Истото е и со моите спрема мм. Седнаа и му кажаа доволно е да не почитуваш. Баш ми текнува мајка ми му вика:- Не сакам бабо да ме викаш, не сум толку стара.
Најјакото е тоа што на свекрвата требало да и се обраќаат со мамо а на мајката на невестата со бабо. А во најголемиот број од случаите невестата е помлада од мажот а и нејзините се помлади од неговите. Имам впечаток дека главна цел во минатото била жените да се омаловажат и потчинат на секој можен начин и од мажот и од цела негова фамилија. Ама среќа пројде тоа време, порано мажите бирале а сега жените.
Ретки сме тие што знаеме како да постапиме. Имам гледано случаи дека ако невестата не и каже мамо на свекрвата одма караница! Да не спомнувам и за промена на презиме, оут оф топик, ако не го смени жената презимето целосно немало потреба да се омажи. И тоа од мажи кои мислиш дека имаат пошироки размислувања, а уствари затуцени се са гревче!