Не можам, а и не сакам да ги викам мама и тато, не знам, многу ме нервираат, немаат основна култура и да можам би избегала далеку од нив.
Да си се редактирам на постот пред неколу месеци.... Како одминува времето,така тие се помалку заслужуваат да ги викам исто како луѓето кои ме израснале, кои ми пружиле и сеуше ми пружат безусловна љубов и грижа, ме школувале, ми дале ЖИВОТ! Овие овде ми го одзимаат сето тоа... Ама за да избегнам караници, сеуште ги викам така,но почнав поретко тоа да го правам... Секој според заслугите, но овие ни тоа го немаат заслужено!
Еве и јас да си кажам дека сум во малку безвезна ситуација. Свекрвта е почината, а свекорот сеуште го немам запознаено . Иако сум многу далеку од дома, сепак ми е криво малку. Се надевам дека сега кога ќе дојдеме на лето, ќе сака да не запознае и мене и ќерка ми.
не не сакаше да не запознае, а во матично и на журката беше поканет, ама не дојде. Ние после неколку дена заминавме, и не се ни испратија.
Штета, какви родители има, ништо нема да постигне освен да се оддалечи од синот и внукот/внуката што е на пат Знам и за други вакви случаеви, навистина е жално и навредливо. Ако ништо друго, имаш доказ плус дека сопругот многу те сака
Родителите на вереникот сега за сега се добри, понатаму ќе видиме Бидејќи сме само верени не живееме заедно (ќе правиме свадба) јас не ги викам тато и мамо и вереникот не ги вика моите родители баба и дедо. Неговите родители сакаат јас да им се обраќам со тато и мама, неколку пати во мое присуство му рекле на вереникот за моите родители дека треба да ги вика баба и дедо,било страмота дека не ги вика така, за да се сетам и јас и да почнам да ги викам нив тато и мамо. Идната свекрва уз муабет ми има речено сакам да ме викаш мамо. Но јас и вереникот си се договоривме дека откако ќе направиме свадба и ќе живееме заедно ќе почнеме да им се обраќаме така. Немам ништо против така да ги викам се разбира ако го заслужат тоа. Има различни родители и различни карактери, навистина се чудам и немам коментар на постот погоре дека таткото не сакал да се запознае со снаата, не дошол на венчавка и сл.
И јас исто, па јас кога ќе изговорам мамо, може да се рече дека ми се Се мислам само кога ќе престанам да ги викам така и навистина е така, кој може да ти пружи повеќе љубов од оние со кои си израснал, а овие се што е среќа во тебе да одземаат и уште така да ги викаш Незаслужно.
срцки мој совет за двете - како тие така вие и да не заслужиле... пред други можете да правите лице , зошто па вие да бидите лошата - тие нека бидат
јас сум мажена веке неколку месеци, и сеуште неможам и нема шанси да ги наречам мамо и тато, се чувствувам како да ги предавам моите вистински родители мојата свекрва си ја викам свекрвица, јас се шалам нагалено, а таа мене љубичица, и супер ние
Не знам веќе што да правам родителите на мојот сопруг ужасно ме нервираат. Веќе толку се досадни и луѓе без осет што мислам никој не би издржал со нив. Доаѓаат кај мене горе и никакво понашање со ќерка ми,ј а бацуваат, ги плазат јазиците да им ги допира, ја гњават и ако по сто пати им е кажано тие пак исто. Mногу се нервирам, па уште кога ке му кажам на сопругот тој вели се на мене ми сметало.
Штом сопругот така реагира, не му кажувај а со нив двајца друга приказна терај си, како ти одговара така. Твоја куќа, твои правила. Ако попуштиш за ова и ако речеш добро ајде баба и дедо се мерак им е, за се така ке прават, ке те научат дека ти можеш да трпиш се, па после поголеми маки ке си имаш. Кажи им слободно, кратко и јасно, бацување по лице нема, гњавење на детето нема, и крај . На кој му одговара нека седи, на кој не нека си оди . Јас да се мачам да го носам 9 месеци, да го раѓам и да го чувам подобро од очите мои, за друг да дојде да ми го гњави детето- никако! Детето ке ми е најважно на светот, а дали некој се налутил или не, негова работа. Малце дрско и безобразно, ама така е!
абе така е да знам ам дјабе јас зборам мене на памет не ме ставаат нивното мора да биде последно и крај ама добар совет кој сака нека се лути иц не ми е гајле
Сами живеете или во заедница со "мама и тате"??? Се додека сметки не ти плаќаат они, нема што да се прават газди кај тебе дома, нивното да биде последно, како не.
Meне лично не ми се свиѓа таа традиција.се знае-еден е татко една е мајка.како да го наречам свекорот тато кога немам татко а друг да викам? ќе имам кнедла во грлото и ќе ми доаѓа да плачам на тој збор .иако идниот свекор е срце,предобар е ,и неколку пати ми има речено-те сметам за ќерка,иако има и ќерка.на дечко ми не му е филмот да ги викам ,ниту тие ми немаат речено,ама сепак јас ќе одлучм и знам-ќе биде тешко
Извини ама мене не мие нормално да ги викам мамо и тато ги викам или по име или бабо и дедо ако треба да се обратам а за кафе или за нешто друго немора да се дере јатрвати така речено мозе да каже ке пиеме сите кафе, Јас кога се омажив моите му рекоа на маж ми несака ме бабо и дедо затоа што ние несме ти баба и дедо. Како што и нормално и вистинито. За мене многу е глупаво да ги викаш мамо и тато кога се знае кои ти се родители, а неговите во ниту еден момент не замериле затоа што не сум ги кажала. Прави како што мислиш тоа е мојот совет.
родителите на мојот сопруг се свекрва и свекор (и подтеми да се отворат за да убаво се разјасни кој со кого има проблем ) Свекорот не е жив, несум го никогаш запознала а свекрвата не ми е ,,мама,, туку мајка на мојот маж која ја ценам и поштувам поради мојата култура. Не ја викам мамо, ја викам на име ама онака нагалено (пр. се вика Ивана ја викам Иве ). У старт си кажав дека нема да ја викам а и сопругот воопшто не се замараше со тоа, само ми кажа ,,не е битно, битно е да се почитувате бар малку од малку а не да летаат чинии по куќа ,, и толку крај на муабет.
Па ако веќе има дете и као демек детето ги вика така и таа. Познавам многу кои тоа го практикуваат што не мислам дека е во ред. Не мора мама и тато, ама се знае кој треба да ги вика баба и дедо, а тоа снаата не е. А сега на темава: не знам како поинаку би им с еобраќала. Прво, тие не ми се другари да ги викам на име или на прекар. Можеби дури да се мажам би им се обраќала со тетко и чичко, ама после..како?? Нема смисла. Ќе треб господине и госпоѓо да велам од почит, а тоа некако не ми оди. Потоа, имам примери и од мајка ми и од стрина ми-цел живот мамо, тато. И да, и јас би ги викала мамо и тато...