1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родителите на вашиот сопруг

Дискусија во 'Брак' започната од Unfaithful18, 29 јуни 2010.

  1. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Свекорот не е меѓу живите , но беше прекрасен, културен човек полн со разбирање и почит, и остави убави спомени... Свекрвата во Германија . Така да немам ни свекор ни свекрва .
    Или имам свекрва само неколку месеци во годината . Не дека и е лоша снаата и не и кажала мамо , него не сака да ја напушти Германија :)
     
  2. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Не сум мажена ама да се разбереме кога ќе се омажам многу тешко ќе биде свекрвата да ја викам мамо. :( Па јас си ја имам мојата мамичка а оваа глупа традиција неможам да си ја објаснам. Една е мајка еден е татко. Е сега за свекорот може полесно ќе ми биде да му речам ама незнам дури не се деси да пробам. Зборот мајка и зборот мамо за мене имаат преголемо значење и тешко многу тешко би ги изговорила на друга жена освен мојата мама. Иако мајка ми е таа шо ми вика дека кога се омажам треба така да ги викам.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Родителите на мојот вереник се прекрасни луѓе, и колку и изфорсирано и изглумено да изгледа ова мое фалење јас со нив имам прекрасен однос.
    Ме прифатија како свое дете, ме сакаат и почитуваат, го чуствувам тоа. Јас ги почитувам, пред се зашто му се родители на мојот вереник и поради тоа што го воспитале Петко, онака како што го воспитале-да биде најпрекрасната личност што ја познавам.
    Односот ни е опуштен и слободен, пријателски а не однос снаа-свекор и свекрва, па да фрчат провокации и тензии секојдневно. Од моментот кога се запознавме, па моментот кога јас и Петко се веривме, до денес работите не се промениле, јас не глумев некое бајче, мила и фина девојка, туку од старт бев таква како што сум по природа, темперамента, избувлива, зборлива, искрена и сл. а тие ме прифатија таква.

    Конкретно за блискиот однос, нема тајни меѓу нас, бидејки живееме во заедница уште во старт разграничивме дека доколку има проблем, се разговара, а не се „бута под теписон“ па еден ден да пукне работата, да несакаме очи да си видиме. Имаме целосна слобода да си даваме забелешки, критики, пофалби и сл.

    За она „мамо и тато“ , јас никогаш не планирав на моите свекор и свекрва да им се обраќам со овие зборови, па така и на моите актуелни свекор и свекрва уште пред да се вериме со Петко јас одокулу им дадов до знаење да не го очекуваат тоа од мене ако јас им бидам снаа. И така бидна, се веривме а јас си ги викам по име, нагалено. Мајка ми ќе ме убие, срамота било, од почит требало да им се обраќам така и сл. Но јас и тие го делиме мислењето дека „мамо и тато“ не се искажување почит, преку мал милион други потези можам да им покажам дека ги почитувам, а можам да ги викам „мамичка и татичко“ а да не можам органски да ги поднесам.

    И Петко ме подржува целосно, а и од друга страна јас сум емотивно многу поврзана со моите родители, јас „тато“ не сум изговорила 12 години, сега да го викам „тато“ татко му на Петко неможам, едноставно мојот татко само го викав така и тука таа приказна се завршува.
     
    На roksen, Bozica1980, Hopeful и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    144
    Според мене родителите кои ме создале и израснале ги нарекувам мајка и татко, родителите на сопругот се нарекуваат свекор и свекрва. Немам потреба да ги мешам нивните улоги во мојот живот, посебно затоа што емотивната врска со мајка ми неможе и не е природно да ми ја замени било која друга жена во животот. Свекрвата не може да ми биде мајка исто како што јас не можам да и бидам ќерка од проста причина што не ме носела 9 месеци не ме родила, не ги проаѓала сите тешки моменти во животот со мене...да не набројувам. Исто како што мојот сопруг не му е природно на мојата мајка да и каже "мамо". Не верувам во куртоазија и докажување на емотивна блискост со доделување "прекари" на луѓето, ако се почитуваме - се почитуваме, ако немаме разбирање може и Том и Џери да се викаме - ништо нема да смени.
     
    На scarlet, Li0ness и eli25 им се допаѓа ова.
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    122.028
    Тешко дека ќе ги наречам.Мамо-тоа е величенствен и голем збор и само за моја мама :!: Тато-исто неможам,тој не е меѓу живите и не сакам на секој изговорен збор тато-да имам солзи во очите и да велам на некој "таму " човек.
    Сепак ајде да речам,никогаш не вели никогаш.
    За идниот свекор,ќе кажам дека е прекрасен човек.Ме почитува и сака,тоа го чувствувам и ми го докажал.Еднаш ми има кажано-Да знаеш дека и ти си моја ќерка и како таква те сакам.А дотичната,овај неговата сопруга е глумец и дволично суштество.Глуми само дома,ми се смешка,ми прави муабет,а кога ќе се сретнеме на улица сами,едвај здраво вели,или ја врти главата.А после ако кажеш дека е лоша-нема никој да убедиш пошто пред другите-таа ме сака мене :rock: Слободно можам да кажам дека ја мразам :envy:
     
  6. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    Не сум сеуште мажена, засега му се обракам на име а тешко ке ми биде откако ке се мажам да им викам мама и тато мислам дека никогаш нема да им викам така. Едни ми се родители и само нив можам да ги нарекувам со мама и тато. Тие ниту можат да ги заменат ниту пак сакам да им се обракам така ама кој знае што носи времето можеби и така ке им се обракам ама верувам дека нема :D
     
  7. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Ма каква мама каков татко, со мене добра зад мене крокодил :devil: Затоа и јас ја викам КРОКИ нагалено од крокодил :rofl: :rofl:
     
    На cucii...ii, la-chicka, katalina и 3 други им се допаѓа ова.
  8. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Родителите на мојот сопруг се разведени, татко му го немам видено никогаш, исчезнал веќе неколку години и нема никаков контакт со него и со браќата, а мајка му додека живеевме заедно сите, на почетокот беше се супер, мед и млеко, си викав од оваа поарна жена нема, ја фалев на сите, но тоа не беше за долго, пред неколку месеци пред да се одделиме јас и мажот ми се скаравме и сега контактираме само на Здраво, Пријатно и толку. Подобро 1000 пати за мене. Така да нема никаква мамо кај нив, се знае единствени мајка и татко се моите родители и никој друг, тоа е вистината, што да правиме :P
     
  9. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Ниту мамо ниту тато...мислам се знае кого треба така да се ословува...и ако се старите барем малку од малку модернизирани со сфаканјата ке го прифатат тоа како несто најнормално...
     
  10. zaedno

    zaedno Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    велис дека твојот сопруг на твоите родители им вика бабо и дедо па зарем баба и дедо не мозес да викас на секого на некоја постара коммсивка итн но мама и тато не мозес тие се само едни и мислам дури ако треба некој ден да викам мамо и тато на некој друг со тоа само би ги понизила моеите родители
     
  11. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Mлада сум за мажење, но уште од сега знам дека единствените "мама и тато" се моите родители, и нема да ја почитувам таа традиција затоа што ми е излишана и глупава.. мајка и татко се само едни а нивното значење и почит неможам да го заменам со никој друг ! :)
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  12. chiccush02

    chiccush02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    10
    во брак сум скоро 2 години .. сакам ама неможам да викам ми се заби нож в грло и крај ..а многу им пречи што не се обраќам никако ..а и мене ми е тешко кога треба нешто уффф ... мора да се сопнеш за да те погледнат па да прашаш хихи .. сега малце со бебчево полесно еве ја бабати , дедоти итн .. ама тешко е :worried: барем сопругот да ме подржеше полесно ќе ми беше :sweat:
     
  13. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    е да знајш од првин се лутет погомити ! а после ке се навикнет ха,ха, Јас не и викам мамо на свекрва ми за таков збор треба многу да се зближиш со неја ја викам МАЈКО и за тој збор прво се лутеше и велев ЈАС кога ти е тешко или кога си болен велиш ,,оф леле Мајко,,значи зборот МАЈКО има поголемо значење од обичното,,мамо,,сега не и пречи еве таа е стара и болна јас се грижам за неја и ја почитувам може да се рече дека ми е блиска ама ако му кажеш на некому ке рече ниедна снаа не ја сакат својата свекрва .Не да ја сакам ама ја поштувам и никогаш не ја навредувам .Ама свекорми што ако го викам Тато тој ме навредил и него нити го сакам ниту сакам да го почитувам ама ај заради атер или заради односот кој треба да го учат децата се правам дека го почитувам за децата да не учат не убави работи од семејството ! зато керка ми некогаш ми вели како можиш да му простуваш на таквите глупости Јас да сум никогаш не би му простила ама Јас и укажувам на керка ми дека тоа тој што го зборува е израз на неговиот идентитет и култура а мене ми е под ниво да се расправам со такви простотилоци ! значи некој не заслужува да го викаш со такви свети зборови ! ама од навика со текот на времето ги викаш ! :doh:
     
  14. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    34.262
    Пол:
    Женски
    Родителите на мојот Иден сопруг се Фини.. друг менталитет се . На поЧетокот на врската помегу мене и нивниот син беа сосема во ред . Јас иако Јас од друга земја , со друг менталитет , се привикнавме едни на други. Кога им кажавме дека ке се венЧамé и дека набрззо ке имаме и бебе .. беа изненадени ама пријатно прифатија :?: . Со неговата мајка имам добар однос , си пиеме кафе разговараме, и помагам _Чат пат ако има некоја потреба ... Е сеа дали ке ги викам мама и тато - Е тоа тешко . Иако незнам дали овде тоа се практикува , јас до сега Само по Име ги викам :)
     
  15. dimoska

    dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    47
    Јас сум во брак скоро 5 години и не им викам мамо и тато никогаш не ми префрлиле за тоа важно им е што не сме се скарале не сме се навредиле збор си немаме на страна речено.ја прашуваат некогаш свекрвами ти вика мамо и таа вели не и не ми смета млада е мајка и здрава права има на кој да вика мамо.и мене ми имат речено пред неа а јас им реков оти тоа ја прашувате оти не ја прашате дали се сложубаме дали сум ја навредила дали им изигрувам Бог по дома кога сме кај нив оти сега живееме одделно.а инаку предобри се со мене ме гледаат како ќерка да им сум а не снаа.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Можам да кажам само пофални зборови. Навистина е тешко денес да се погоди на такви личности.
    Вистински од старт и на врската, па се до денес и во брак, тие се непроменети. Во овие години (околу 6 години) не сме си кажале ни збор, па ни сме повишиле тон на разговор, иако живееме заедно и не сме разделени. Се трудиме да решиме се со смирен разговор, може малку да се контраме со некои сопствени размислувања, ама најинтересно е тоа што и едната страна и другата страна го кажува истото, ама на различен начин. На крај завршуваме вака :D :wasntme: .

    Посебно за свекрва ми, немам коментар. Ме чува како сопствена ќерка и што и да и речам нема враќање, ако треба станува и ќе го прошета цел град, само да го донесе она што ќе го побарам. Навистина има големо смирение :bow:, од кое треба многу, многу да учам .
     
    На April87, Divinebutterfly, tinkerbelll и 5 други им се допаѓа ова.
  17. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Не ги викам никако.
    Ги викав мајка и тате, ми беше тешко додека да почнам да ги викам така, ми требаа неколку месеци да се ослободам и така да ги ословувам, ама се навикнав некако, иако при секое викање имав грутка во грлото. Никој не ми вршел притисок, ниту пак ме терал така да ги викам, сметав дека така е традиција и така треба да биде, маж ми дури и се зачуди и изненади кога на татко му првпат му реков тате.
    Пред неколку месеци имавме мал семеен сукоб во кој индиректно бев навредена, со што автоматски си ја изгубија и двајцата вредноста во моите очи и срце, а со тоа и честа да бидат нарекувани мајка и тате. Разговараме формолно и ако треба било кој од нив да го повикам ја праќам ќерка ми или ако треба да им се обратам не употребувам никаква придавка или именка, едноставно им кажувам што треба.

    Сметам дека родители се само оние кои учествувале во растењето, воспитувањето и созревањето на едно дете, оние кои вистински и безусловно те сакаат и кога секое мускулче ги боли за тебе и секоја твоја солза за нив е скапоцена, оние кои искрено се радуваат на секој твој успех, оние за кои твојата среќа е неизмерна радост, и оние кои длабоко жалат за секоја твоја загуба и болка. Доколку свекорот и свекрвата се пронајдат во било кој сегмент од оваа реченица тогаш ќе ги заслужат и овие скапоцени, за мене, имиња.
    Сега за сега, за жал, не заслужуваат.
     
    На MacenceEna, thelittle17, stetoskop и 2 други им се допаѓа ова.
  18. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    5.915
    Истото како јас да сум го пишувала :)
    Навистина , јас ќе ги почитувам нив , нема да се расправам со нив па дури и да не сум во право .
    Сето тоа од почит. Ама да и викам на свекрвата ,,мамо,, неможам . За мене мајка е жената која ме научила на многу работи во животот . Ме научила да сакам,да бидам чесна, да го љубам ближниот. А свекрвата е мајка на мојот сопруг и така ќе остане.
    Евентуално можам нагалено да ја викам :D
    Ако се вика Цветанка, Цвете :rofl:
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Усте за нагалено се :devil: зверови...абе никако да сфатат дека нивниот син пораснал,дека сега има свој зивот,дека има своја фамилија,дека има кој да се гризи за него...фуј...колку стареат-толку будалеат.Во секоја мандза запрска...аман веке...узасно ми идат на зивци и покрај тоа сто ретко ги гледам...а сто би било па по цел ден да се заедно :( А за мамо и тато-се знае кој ми е мајка,кој ми е татко и кој треба така да го викам!
     
    На Mia.MGK му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Нормално дека се знае кои ми се мајка и татко и нив никој нема никогаш да ми ги замени.И јас си викав ауу никогаш нема да ги речам родителите на мојот сопруг мамо и тато.Не сум мажена сеуште,но сега малку поинаку размислувам.
    Па доколку луѓето си се супер и заслужуваат,ме почитуваат,не ми прават нервози и не ми се мешаат,па нема устата да ми падне ако ги речам мамо и тато.
    Тоа не значи ги заборавив моите родители и ги заменив со нови,бог да чува :^) Малку глупаво ќе ми биде да ги викам само по име,поглупо со чичко,тетко како јас од комшии на кафе да сум дошла,а уште поглупо со еј да им се обраќам или да чекам да се свртат да ме погледнат да им кажам нешто.