Да чукнам во дрво, овие неколку години се имаат покажано како многу фини, современи и искулирани луѓе. Гледаат ако можат да ни' помогнат и не замараат. Едит: Што се однесува пак до ословувањето, ги викам по име. Најотворен муабет имаме правено на темата и им имам кажано дека дури и некои мои роднини ги викам на име, а не вујче, вујно, тетин, ова она. И не ми се налутија, едноставно мојот однос кон нив им е поважен.
Како да ја наречам "мамо" свекрвата? оние девојки кои имаат искуство нека кажат кој е најлесниот начин да ја наречес свекрвата МАМО (всушност дали постои лесен начин).Многу ми е тешко да го изговорам овој збор,се трудам многу но не успева ПОМОШШШШШШШ
Јас мислам дека нема тежок и лесен начин.Има само САКАШ или НЕ САКАШ. А, чим не ти ,,доаѓа,, значи не сакаш.Зошто толку се измачуваш со такви работи?Биди си таква каква си.Ако ја наречеш МАМО , не значи дека ја сакаш повеќе и обратно. Никогаш не би можела некоја жена да ја наречам МАМО, од љубов и почит кон мајка ми.Но, тоа не значи дека свекрвата не ја почитувам. Мојата тетка од Белград, цел живот на свекрва и и се обраќаше со Вие и со госпоѓо Јела.Ја догледа до последен момент и совршено си функционираа.
Јас за ова ќе си имам проблем..тие шо ќе ми бидат свекор и сверква (ако сака господ) сакат да му викам мамо и тато...а мене некако нема да ми оди...несакам си знам кој ми си татко и мајка...
Не ги викам мамо, тато... а искрено не знам ни дали ќе почнам да ги викам. Отворено им имам кажано дека не ми е мене згодно, а да го прам то сосила ради да им прам нив ќејф нема шанси, па ако сакаат нека се лутат и нека ме зборват. Јас осеќам дека мојата идна свекрва (би дошло и сегашна ако земеме во предвид дека живеам со вереникот и сум една фаза пред брак) сака потајно да ја викам мамо, како тоа да и прави кејф, веројатно дека нема ќерка. Ама излитено и просто за мене, во секој случај. Не можам да разберам... почитта не се мери со викање мамо. Јас искрено сум мн полиберална личност и кога ќе дојде време јас да сум свекрва никогаш нема да ја форсирам снаата да ме вика мамо, туку напротив нема да сакам да ме вика. Прво ми е толку заостанато тоа сфаќање дека тоа претставува почит (ти викај колку сакаш мамо ако зад грб ја колниш и пцуеш) а второ, сакам да си градам онака посовремен однос.
Не ги викам ни мамо ни тато,по име ги викам или никако не им се обраќам,чекам да ни се сретнат погледите ако треба да ги прашам нешто или да им кажам.Според мене најглупо нешто е тоа незнам кој го измислил ама се знае дека на светот ЕДНА Е МАЈКА и никој не може да ја замени.Ја не би можела свекрва ми да ја речам мамо зашто не заслужила,и ако имам син ,ни снаата нема да сакам да ме вика мамо старомодно ми е тоа...
Баш ми е мило за ваквиот однос меѓу вас, прекрасно. Не знам зошто, ама ме иритира зборот свекрва (можеби поради преводот ) и затоа велам мајка му на дечко ми. Сепак, секој според заслугата. Инаку немам ништо против да и викам мамо (кога ќе се земеме). Ќе ми биде чест и задоволство.
Ако не ти доага приридно подобро и да не се трудиш, Јас инаЧе мојата свекрва по име ја викам. А и овде кај што сум не е навика родителите на сопругот да ги викаат Мама и Тато моја срека
Ти можеш да ги викаш како сакаат па и да плакниш уста со ,,мамо и тато,, демек ги уважуваш и подигаш на пиадестал, ама ако нема почитување од двете страни џабе им е се. Ако мислиш дека нема да ти оди тоа условување од почеток си завземи став и кажи си, за да после таа глупост не те вади од такт со нервоза
Јас моите свекор и свекрва не можам да им се обраќам со мамо и тато, едноставно не ми оди. Им кажав дека јас не можам да ги викам мамо и тато и си ги викам како и предходно чичко...... и тетка...... Навистина се ок и не можам да се пожалам ама едноставно не можам да ги викам тато и мамо.
Ги почитувам..и двајцата, но со мама и тато да им се обраќам неможам. Не би била искрена кон нив, а никогаш несакам да ги терам работите на сила.По име пак, уште помалку-бидејќи се доста повозрасни од мене , па повторно би се шувствувала непријатно. Затоа, компромисното решениее чичко-тетка. Кај нас ова функционира.
јас имам проблем не заради викањето мама и тато....туку тоа што лугево се изменија 100% од кога се омазив ...идевме години и години...ама после бракот се сменија некако..посебно свекрвата , нешто као главна да ми се прави , а не живееме заедно па не може многу баш!
Сега за сега се супер. Не се мешаат кај што не им е местото, скомни се, фини.. ќе видиме до кога. е сега мислам дека повеќе кеиф би им направила ако ги викам мамо-тато, ама нема шанси.
јас усте од поцеток немозев да викам мама и тато поцнав некако на поцетокот да викам само мамо само три пати ја нареков и тоа сто мајка ми ме терасе, и се осекав дека немозам па и искрени не сакам да ги викам и онака не ги поднесувам па усте да ги пејам мамо и тато никогас,ако толкусакаат да ги викаат снаите така засто тие не се обракаат со керко
јас нејкев да ја викам ни мама нејкев да го викам ни тато , но додека доага кај нас на гости своите деца ги викаа така и мене ми се научи устата
Oд љубов према мојот вереник а за брзо и мој маж,ке морам неговите родители да ги нарекувм мамо и тато,а не знаете колку сум против ова наша глупава заостаната традиција од памти век!Летово бевме на гости кај вујна му и вујко му заедно со свекривава и свекорчево после веридбата,и јас на вујнаму и се обратив со тетка,и свекривава да се напрајт мангупка пред сите ми викат - како и викна?Јас и викм тетка.Mи викат вујна требит да ја викаш,и јас со мојов јазик долг ко лопата одма ја намавав,и викам ако ги викам вујно и вујче ке требит и тебе да те викам мамо,(таа тоа и го сакаше,секако дека не и го дадов тоа задоволство)а јас мислам дека уште не е дојден моментот за мамо да те викам,поцрвена и се развлече на лицено некоја прозирна насмевка од срам.A тетка ми и чичко ми и викам мислам дека премногу ги почитувам,што е најбитно а се ке биде како што треба кога ке дојди време,и за право ме подржаа и самите тие и повејкето гости.Свекор ми алтан е,и оваа нема лоша душа ама малку чаламџивка,ама и го најдов лекот)Многу ми е мака што не можам лице да прам,го зборувам тоа што го мислам а ич не ме засегат дали ќе и се бендисат или не.Иначе јас кога би дочекала да бидам свекрва,никогаш нема да дозволам снаата да ме вика мамо,имат на име да ме викат!Eдна е мајка и еден е татко!
Јас ги викам на име како се викат и не се лутат и маж ми мајками ја вика на име . Нема никаков проблем.
не ми е сопруг ама ке биде наскоро сега сме верени неговите родители ги почитувам и ке ги почитувам се додека се фини и коректни спрема мене уште на почетокот на мајка му се изјаснив дека проблемите не се прекутуваат туку се споделуват за да бидат решени така да ако нешто ми пречи веднаш се изјаснувам и она се согласи. може малко тешко и падна кога и кажавме дека нема да живееме со нив направи чудна фаца ама тоа е имаат и друга куќа нема сите да се бутаме во една па и плус имам и девер. а за да ги викам мамо и тато малку тешка работа вереникот малку се мршти а воопшто не е традиционален мислам дека е само заради мајка му за да не се лути а таткото е опуштен човек и не се замара со вакви работи со него подобро ке се согласуваме.