Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родителите на вашиот сопруг

Дискусија во 'Брак' започната од Unfaithful18, 29 јуни 2010.

  1. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    викам мама и тате,ама по потреба,кога не ме гледаат,а треба да прашам,да ги викнам за на телефон......по потреба,а не дека сакам,а да заслужуваат,пак.......воопшто не заслужуваат......
     
  2. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Дефинитивно не сум тип на човек што може да каже „мамо“ и „тато“ и да се носи со тоа. Алал вера на тие што имаат храброст така да им се обраќаат на свекорот и свекрвата.

    Јас не сум мажена. Но дома често се прават овие муабети. Која снаа не ја викала свеки „мамо“ , свекорот „тато“ а која ги викала. Особено кога одеме кај баба ми нагости, на мајка ми мајка.

    Премногу гледаат на тие работи, и секако се големи противници доколку снаата не ги вика „мамо“ и „тато“ .

    Јас се чуствувам како изрод дома. Начинот на размислување ни се сосема различни со километри, во секој поглед. Често ме нервираат со истите работи!

    Ако некоја снаа им се обраќа на свекрвата и свекорот со мамо и тато, тоа автоматски незначи дека повеќе ги почитува од онаа снаа која што не им се обраќа така. :!:
     
    На soledad му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Skorpi

    Skorpi Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    Јас сум тазе мажена,и скоро 6месеци живеам во заедница и никако да ги речам некако,можеби ке ги викав некако ама дојде ред си го покажаа лицето и сеаостана на никако,мада не заслужиле и едвај чекам да се преселиме со сопругот,јас мислам дека ако заслужиле и ако се ок нема да ми се ислуши устата со мамо и тато ама во мојов случај тешко дека ке биде работава,они секоко изгорени се така да ги викам ама тешко...секој според заслуга,а и го подржувам тоа дека они не ме викаат керко па што има јас нив да ги викам :$
     
  4. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Не сум мажена ама уште одамна си имам став околу ова прашање.Не можам да замислам друга жена да ја наречам мамо или некој си тато,се знае кој ми се мајка и татко.Многу ми е старомодно тоа некако али секој со своето мислење.Не мамо и светице да ја наречам ако нема почит џабе е.Ќе ја почитувам,ке гледам да балансирам работи ама така никогаш нема да ги наречам.Тој што ќе ме земе утре не ми е брат па мајка му негова да ја викам мамо.
     
    На Nastjaaa4 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    мојата врска беше ептен долга години.....години,кога стапив во брак некако се привикнав,но откако не живееме заедно раздалечени сме од крај на другиот некако фино изговарам мамо - тато и тоа онака со ќеиф
     
  6. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    Уф јас никогаш не би можела да ги наречам мамо и тато кога ќе стапиме во брак со дечко ми :| сме збореле на оваа тема со него и тој се лути, и сака да ги викам така :tmi: Ама не можам бе, не ми се мајка и татко :doh: а и не сум баш блиска со нив, така да.. :worried: Се надевам нема да се лутат :angel:
     
  7. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Мама и тато?? :^)
    Колку селски обичај!! Јас не сум чула ни мајка ми да ја вика така баба ми, а ни тетка ми, ни стрина ми, ни никој! Нити па јас ако имам некогаш свекрва би ја викала мамо.. Прво не ми е мајка, второ кое задоволство и е неа тоа, мислам... Ми се повраќа од што е селско :puke: :D Дефинитивно сум за културен однос, без кавги, препукувања, секој на своја страна без мешање. Долго сум со дечко ми, со неговите се гледаме само на родендени, матури и такви побитни настани. Имам многу неутрално мислење за луѓето, отприлика знам какви се и што се, но апсолутно не ми значи тоа. Досега во врската не ни се мешале, ако по некој неверојатен сплет на околности со истиов дечко се омажам, сигурна сум дека татко му ќе биде ама апсолутно неутрален за се, а мајка му можеби малце ќе се меша но со усул што се вика :)
    Ич не ми е место на темава ама ептен ми падна во очи тоа мамо тато, јас мислев тоа било така пред 50 години што се вика, стварно ми е многу заостанато, без навреда до оние кои го почитуваат :doh:
     
    На Tashaa, Palchica и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  8. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    28.520
    Нити јас викам ,,мамо,, и ,,тато,, нити пак мојот маж ги вика моите ,,баба,, и ,,дедо,,
    После веридбата јас си се изјаснив дека нема да викам ,,мамо и тато,, па си ги викам ,,тетка Х и чичко У,, Многу ме убедуваа мои роднини демек да направам ќеф на свекорот и свекрвата па да ги викам мамо и тато, ама мене ич не ми се допаѓа тој застарн обичај и затоа го одбегнав! Ги почитувам како родители на мојот споруг, секојдневно времето го минувам со нив бидејќи пола година живееме заедно, досега не сме имале некои расправии, особено не сме имале проблеми околу тоа викањето ,,мамо и тато,,
     
  9. linija

    linija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    19
    Никогаш не би им рекла МАМО И ТАТО, ниту пак моите родители би сакала да ги вика идната невеста МАМО И ТАТО, овие зборови според мене се свети и родителите се родители само на своите деца..можеби сум премногу себична но така размислувам :D
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  10. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    70
    Не би ми сметало да ги викам мамо и тато ако останат вакви како што се досега кон мене. Прекрасни луѓе се и не заслужиле ништо поинаку. Од љубов кон дечко ми и од почит кон нив, ако сакаат да ги викам така нема да ми биде тешко ;) Знам јас кои ми се мајка и татко, тоа е неспорно!

    Инаку, мајка ми си се изјасни дека не сака да чуе за бабо :rofl: :rofl: а татко ми не знам сеуште :rofl:
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Татко нема а свеки си ја викам госпоѓо Даница, кад те видим дан ми пред очима :D
    Свеки ми е српкиња :) како ќе ја викнам така ми се јавува, 8) си е жената.
     
    На tessie, kikav и Hipica им се допаѓа ова.
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    По свекор ми викам тато, на англиски. И тука некои така викаат по родителите од сопрузите, некои на име, не дека е по традиција туку е за кој како си сака. Не ми е ни тешко ни чудно така да го викам. Човекот ме сака и гледа како свое дете. Неговите деца не го викаат тато, го викаат на прекар ама тоа си е нивно така го викале така продолжиле и он така очекува да му се обратат, а јас дојдена, не можам да го викам така, не ми е нормално, а кога по име никој не го вика па ептен формално ми е јас по име да го речам.
    На свекрвата и се обраќам по име, а кога зборам за неа ја кажувам како мајка по закон, свекрвата. Намќор човек е, ни самата не се сака, или превише се сака себе па не покажува љубов ни за своите деца а не за доведените. Мајка е де, верувам дека ги сака, ама е ладна камен да го тоа покаже. Мене ич да не ме сака исто ми се фаќа, ама како јас да ја сакам кога она е таква кон маж ми, да ја речам мамо?! Мачки ќе ја одерат! :P
     
  13. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Исто и мајка ми, вели не сакам да ме викаш бабо :lol: сеуште сум млада :^)
     
  14. majafimceva

    majafimceva Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    оо никако не ги викам мислам ги викам тетка и чичко, кај ке им викам тато мамо кога тие можат баба и дедо да ми се според возраста :rofl: :rofl: :lol:
     
  15. belisima88

    belisima88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене одамна не бев на форумов па ме заинтересира темава па да не бидам оф... Никако не ги викам ни мамо ни тато ни пак чичко и тетка,се лутат ама јас чи гајле не ми е,сега имаат нова снаа па таа ги вика мамичкa,мама и тате аа тие кефни леле леле :lol: :^)
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Зошто да не и онака ми е како втора мајка..:)
     
  17. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Не ги викам ни мамо ни тато, не заслужиле а и никогаш нема ни да заслужат..
     
    На kikav и katalina им се допаѓа ова.
  18. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    12.528
    Пол:
    Женски
    odbegnuvam da gi vikam mama i tato direktno im se obrakam pa i da im se obrakam odbegnuvam!!!!!fujjjj antipaticni mi se so nivnoto NIKAKVO odnesuvanje
     
    На Mia.MGK и Julijana78 им се допаѓа ова.
  19. K-8

    K-8 Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    12
    pa ako te smetaat za nivna "kjerka"(ramo do ramo so nivniot sin-a toa mnogu tesko) bi gi vikala mamo i tato, ali ako te smetaat za otpadok vo kukjata se razbira ii ti taka kje gi smetas pa i da im se obratis( na bilo kakov nacin)kje e mnogu
    a za niv( opsto) posebno gosti da mu dojdat i da im recis mamo tato kje letnat v oblaci:)
    jas ne gi vikam a i nikogas nema ni da pomislam da gi vikam
     
  20. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    злато луѓе како втори родители понекогаш и мислам дека повеќе се грижат за мене отколку моите што се грижеле живеат во хармонија и никогаш не сум слушнала ни видела кавга, попрво најдов душевен мир овде него ли кај моите дома |(
     
    На Lovely93 и Miamigirl им се допаѓа ова.