Јас направив добра дипломатија, пред веридбата ги прашав како сакате да ве викам, и они нешто се нечкаа, а добро знаев дека свекор ми нема да се дрзне да ми рече ништо, туку она неговото-ќерко како сакаш викај ме, само немој да чекаш во очи да те погледнам за да ми се обратиш, а свеки се истрча јас свекрва ми мамо сум ја викала, дрн, дрн, и пресеков, мама и името и тато и името. Чичко и тетка ги заменив со мамо и тато. Свекор ми заслужува да го викам секако, како и да посака, бидејќи е златен, најзлатн, а свеки, ич не ми се ни прави муабет... Бла... Секако ми е тешко!
интересна тема .. јас не сум мажена ама живеам со дечко ми .. кога бев во мк и бев сингл секогаш викав родителите на дечко ми ке ги викам мама и тато .. ми беше кејф некако ... Ама откако дојдов овде да живеам со нив,сватив дека неможам,мн ми е тешко ни дечко ми не ги вика мамо и тато ,ни по име ги вика .. така вика по нив .. јас на почетокот ја имам речено 2-3 пати мамо кога е во др.соба и кога треба да викнам по неа ама сеа не .. не ја викам никако.. неможам а и жената не е како што се покажа,не е лоша,добра е ме сака ама си има застарено сваќање и не контактиреме многу со неа ни јас ни дечко ми .. а него си го викам чичко Х мн си го сакам идниот свекор и се сложувам мн со него ..тој од секогаш викал пред роднини дека нејќе да го викам тато,дека му е сеедно дека тоа бил застарен обичај ама би му било кејф да го викам така-знам.. а дечко ми моите не ги вика никако .. на моите не им пречи тоа .. тиа и така го сакаат премногу
7godini sum vo brak i nikogas gi nemam receno mama i tato a nitu sum vo plan da gi recam taka se znae znacenjeto na zborot MAMA I TATO nemoze sekogo da nareces mama i tato
Уште малце ќе се вериме со дечко ми, и немам во план неговите родители да ѓи викам мамо и тато. Ќе ги викам како што ѓи викав досега тетка Х и чичко Х. Поздрав
Во мојот случај , свекорот и свекрвата јасно си изразија желба да ги викам мама и тато, тешко се привикнав и против моја волја но ете..
јас три години скоро сум во брак и имам супер односи и со свекор ми и со свекрва ми,премногу добри луге се посебно свекрва ми гледа на сите да угоди,немав некој проблем да ги речам мама и тато,малку на почетокот ми беше тешко некако срам ама се е навика се знае кој ти е татко и мајка.
јас сум една година во брак и досега му немам викнато со мамо и тато... немозам, не ми дава срцево.. добри се за сега се супер, ама немозам... и нисто немаат рецено.. малку некогас ми е глупо ко ке не ме слуснат а со нисто не му се обракам.. и не зивееме во мк и малку си велам помодерни се.. знаат дека времето со виканје мамо тато помина
Сеуште сме во врска, долгаа врска, сериозна ама мајка му луѓе воопшто не е чиста жена, лелее кататрофа, да одлечеш чизми рибарски па да влезеш тоа многу ми смета и на дечко ми нон-стоп се расправа со неа за тоа нон-стоп... само имам срека што многу ретко одам кај нив ептен ретко не сум ги видела од летото, имаат стан и кука и ние цел "живот" си се гледаме во станот исто како да си живееме таму освен што за спиење си одиме дома
кај нас мм не дозволи старите да бираат како ќе сакаат да ги викаме туку еднаш ги седна на меса и им рече: ниту мама ќе и биде нејзе некогаш мајка ниту вие мене баба и дедо. така да нема што повеќе да се зборува на таа тема. моите беа шокирани а неговите само си слушаа и викаа така е така е. лол. јас ги викам чико xxx и тетка xxxx и немам никаков проблем со тоа и мислам дека немат ни они. јас моите едвај ги викам мамо и тато а за нив да не збориме. ги сакам луѓето премногу, предобри се и имам голема почит спрема нив и сигурна сум дека го знаат и го осеќаат тоа така да мамо и тато сметам дека не е репер за да се покаже тоа.
пред да се земеме со мм си мислев дека ке ми биде лесно да ги викам мамо и тато но едно големо но од како се зедовме немозам да си замислам да им реЧам мамо и тато уствари никако не ги викам тетка ... и ЧиЧко ... или госпого и господине или да им се обракам со вие сакам тоа е некакво ресение но немозам бидејки тие се луге од село и иако зивеат многу години во странство сеусте го имаат селскиот менталитет сто ке реЧат комсиите и ти реков ми реЧе свекорот мој многу пати знае да ми казе дека му смета но не го казува директно. и да се разбереме не ги викам мамо и тато не за друго иако мојот татко е поЧинат и усте повеке е теско на друг Човек да му реЧес тато,туку само поради тоа сто не заслузуваат во никој слуЧај
Не знам дали се имам изјаснето овде, јас ги викам тетка и чичко, лесно ми е и едноставно, не планирам да се менувам, после 5 години и кусур да измислувам топла вода. Ним им одговара, повеќе добивам коментари од моиве роднини, да не ќе ми се исушела устата, ама све сум постројала пред веридбата, нели имало адет да се каже кои ти се овие, мајка и татко, како не, мајки шајки на сите, им кажав предвреме дека нив и децата не им викаат мамо и тато а камоли јас, си ги викаат нагалено на име, што сега јас ќе викам ќе припаѓам. Сакала викала и мајчичке ако нешто смрди во државичката наша нема да се поправи од тоа. Кај мене нема коментари, освен либето нормално, он знае да ме зафркава, ама брзо поминува тоа, веќе не се ни спомува тоа, се си се нормализира
Чудни сте ми со тоа "чичко и тетка,, од каде сега тоа? Знам де, домача култура налага на постар да му додадеш некоја придавка, ама па за свекор и свекрва не ми иде, ни тој на татко ми брат, ни таа на мајка ми сестра јас па уште помалце нивна внука. Незнам нелогично ми е, исто ко за мама и тато/баба и дедо, крвна врска-јоктур бурда ама се именуваат ко да се, во некоја извитоперена димензија. Ја моиве на име си ги викам, и нема потреба да елаборирам сега повторно зошто и како, децата ќе ги учам на "баба и дедо,, зошто си е природно и логично за разлика од тоа зетот и внукот/ата на мајката од сопругата да и се обраќаат со истото "бабо,,.
Е како накомшијата му викаш Чичко ХХХХ, на комшивката Тетка ХХХХ, исто му се фаќа, тоа е една култура, мора да признаам некако мора а викаш, ама на име, нит ми е на возраста да му викам, а па и глупо ми е, кога бев мала знаеш како викаа кај нас, не ти е војнички другар па да му викаш на име. Сепак, како и да е, не чини да се вика еј, ма, да чекаш да се сврти да речеш ај подај ми, или па уште повеќе да потчукнеш по рамо да се сврти. Јас си знам и да се развикам низ куќа Тетка ХХХ, подобро така него ли да се туфкам, тоа не трае долго па еден ден ќе пукне, подобро ми е вака.
Ангел реков јас домача култура е, точно тоа ама па на комшијата не сум му снаа, јас рака на срце ретко кој роднина го нарекувам со придавка, а тек комшии уште помалце, такво е моето сфаќање се знае кој е чичко кој тетин и тако даље. Не ве напаѓам, напротив драго ми е што не сте принудени да викате против ваша воља, само во мојов мозок некако се си бара некоја логика, а овде никако не ја наоѓам. Иначе сум против тоа ејјј и чекањето да те погледне, зошто тоа ми е крајна линија мањег отпора, нема да те викам ни по мое ни твое туку ко на улица ќе се довикуваме, а едно семејство сме сега. Чудно, нелогично и неприродно ми е, ама не значи и дека сум во право, само ете ме пецна па морав.
^^Петкоице и мене ми беше нелогично да им се обраќам со чичко и тетка, па едно време ги викав и мајка и тате ....сега ќерка ми ја користам за да ги викнам ако ми притребаат . Значи не ги викам никако, ниту тетка, ниту чичко, ниту ејјјј.... а сигурно веќе никогаш во животов нема да им се обратам со мајка и татко. Значи родете си дечиња и нив користете ги.
јас мама и тато маа јок бре.. како прво не заслужиле. второ мама и тато си се мама и тато и се знае кој се тие де мама и тато
Си ја наредила ти, се под команда . Туку си немам јас проблем со моиве, си ги викам по име или прекар, ко другари да сме, до душа ние и таков однос си имаме, пријателски, али ко што реков ова со теткиве ме брецна. Оскудни ни се изразите, еве да сакаш да испочитуваш а да не се "ородиш" со некој туку да си останеш неутрален не можеш, не само свекор/свекрва туку општо нема како освен да им персираш и обраќаш со г-ѓа и г-дин, ама барем кај нас тоа оди само со непознати и авторитативни персони. Чудно е нели на свекрва ти да и се обратиш со госпоѓо, али ете и така бидува, ама ако се погоди некоја недообразована ем што ќе се навреди, ем што ќе те мисли којзнае каква.
Majka i tatko se sveti zborovi i ne sekoj zasluzuva so niv da gi oslovis.Od sekogas znaev deka idnite 'roditeli' nema da gi narekuvam taka.Sveki ja vikam po ime,a svekorot nikako,direktno go prasuvam ili mu kazuvam sto treba.Tato,mamo...abe ajde...uste da bea zasluzile!