И тоа не е само сопирањето на пубертетот само по себе туку како се презентира целава работа ко да е толку наивна и безопасна. Поназад ти викаат нема никакви штети по здравјето од пубертетски блокатори. Па шокур ни е пубертет де ако се може и без него. Па и се даваат хормони на кој се стигне, некаде и без некакви прегледи и без знаење на родители. Баш ме интересира дали за хормоните мораат да работат ко коњи за да ги отплатат како што во Америка мораат дијабетичарите. Да погодам, не. Лани или полани беше во парламент замисли не успеаја да изгласаат закон со кој дијабетичарите би плаќале само 30тина долари за инсулински пенкала. Ама за ова нема проблем, пуцај хормони. И пред да се убаци некој со "едното не го исклучува другото" епа ете очигледно го исклучува. Оти со многу поопасна болест не се замараат ич, а со ова да.
Е ова е една од причините зошто ни фалиш на форумов. Аргументирано и смирено а сепак доминираш со мислењата. I wish that could be me
Дај баш кажи ни нешто и за стапката на самоубиства кај геј луѓето? Сигурно и за тоа некоја мудрост ќе кажеш.
Girl... go get a job or something... Во држава каде што силувачи добиваат два месеци затвор, таа од трансџендери што не постојат се плаши.
За жал, во државава постојат трансродови лица, ама или не транзитираат или се селат од (не)животот што ги очекува тука. Зошто за жал? Оти се осудени на пропаст со нивното постоење во земјава. Дури и факинг Србија со ултра конзервативците е подобра опција за нив.
Чекајте малку. Темава не беше за трансродови лица. https://forum.femina.mk/threads/Трансродови-лица.29501/ Оваа тема е за тоа. Прочитајте го воведот на темата уште еднаш, мислам дека @Lella има убаво образложено за што е темата и за што треба да се дискутира. Можете да продолжите да се цитирате во соодветната тема.
Од тука можи да продолжите со читање и пишување, се пишано после известувањето на Реин е во соодветната тема.
Колку и да е смешно, некои ова го оправдувате и барате: "Родителу 1, Родителу 1, другарчето по крвно сродство од прво колено, ме удри." "Aууу, душо моја, немој да плачиш, дојди кај родител 1 да ми те гушни. Ќе помини. И оди речи му на другарчето по крвно сродство од прво колено, да не те мава повеќе, оти сега ќе си дојди родител 2 од работа, се ќе му кажам."
Душо моја, па ти се одлучи да менструираш. Оди кај родител 2, има способност да менструира, ќе ти даде улошки.
@jacqueline.s, цитирај конкретно на што мислиш, затоа што вака ми делува ко од ракав да си ги вадиш работите. На никој не му е проблем зборот девојче, мене лично ако ме прашуваш, зборот машко ми е проблем. Колку проблеми се туркаат под "Машко е"? И да, мислам дека е корен на многу проблеми. Јас немам никаков проблем со машко, женско, ама кога веќе нешто има историја, малку е тешко да ја поправиш.
На џендер фри градинките во Шведска, ко што пишав поназад. И јас имам проблем со машко е, може, женско е, не може, ама да не му се обраќаш со момче, девојче, мислам да ја избришеш биолошката дистинкција не е во ред.
Па да бе, тоа е. Поентата на просторот кај што се децата да е неутрален е токму тоа - секое да си игра и да се изразува онака како се чувствува, со играчки и бои кои му се допаѓаат. Малце е тажно да кажуваме дека не форсираме родови улоги, кога првото облекиче на бебето е најчесто сино или розево Скоро купував играчка, уште и те како се поделени на "женски и машки" играчки. Идејата е да сфатиме дека тоа не треба да постои. Тоа го збориме на форум каде што 99,99% од мајките се примарен родител, така што да го игнорираме тој момент, е благо речено, смешно. И тоа што го зборам благе везе нема со "девојче" и "момче", туку баш, постои девојче, постои момче, и за сите е еднакво ок да прават еднакво исти работи. Денес, мај 2023, машките и женските деца се нудат со родово предодредени играчки, се кажува "не ти личи, девојче", или "не плачи како девојче". Кога ќе дозволиме да не мораат да конформираат во родови УЛОГИ, облека, однесување, ќе се зголеми андрогинијата и најверојатно, бројот на транс лица ќе се намали - пошто скроз ќе биде ок да се однесува и облекува и изгледа како што се чувствува, а не како што сега сме прифатиле дека треба. Колку од вас ќе дозволите на синот да оди во фустанче во градинка и зошто нема да дозволите?
Е арно де, ете за да не купуваат розово, сино, сега се форсира џентер неутрал бои, и сите се во крем облечени. И детските соби им се крем, и количките и се е крем, и постепено само за да не биди женско во розево, ќе заборавиме како изгледаат боите. За децата и дали ќе дозволиме како облечени да одат во градинка е друг муабет. Ако дозволував сешто, ќе одеше со 2 леви патики, гаќите над пижами... Мислам деца се... додека не разбираат ги облекуваме како што сметаме, после кога ќе потпораснат секако сами си бираат. На моиве сега без да одберат не им купувам. И да, машкото бира спајдермен патики, женското фрозен. Шо, да не треба да се срамам? Да не треба да се осеќам како неуспех оти децава бираат работи што би ги нарекле стереотипни? Сега да не треба да се пазиме розево да им облечеме на девојчињата оти ќе испаднеме назадни и наметнувачи на џендер улоги? И јас сум носела фустанчиња, и розево... па моментално се осеќам за успешна жена, исполнета и кариерно и финансиски. Не сум истрауматизирана, ниту ме осакатило носењето розево. Имав период ко тинејџерка и ко машко се облекував некое време, раперски... толку ли за алиштата и за играчките ќе се врзуваме? Дома имаме секакви играчки од кукли, до коли, играат заедно кој со што сака. Ај наредно ко е побара ќерка ми кукла ќе и речам - не мама... купи пиштол. Со сила нема да форсирам играчки и облеки кои не ги сакаат, ама дека живобитието на 90% од децата ќе им зависи од тоа дали носеле розево или сино како бебиња ама ич нема да им се смени. Треба да се учат децата од мали дека без оглед дали си машко или женско треба да научиш се да правиш (готвење, чистење, перење, возење, бушење со бор машина) да можеш да се снајдиш во животот, да не зависиш од никој за основни работи. Алергична сум на - ајде женско си раскрени, или Остај го него, машко е. Тоа ми смета... ама ова со алиштата и играчките се претера. Ај сите крем ќе купуваме од утре, да не ги уништиме децава.
Тотално ја утна поентата Не бе Џаклин, поентата е дека ТИ имаш предрасуди ако сака синот фустанче Две леви патики се погрешни затоа што на десната нема да одговара лева патика, но, ЗОШТО е погрешно да носи фустан машко дете? На што точно му смета, ако сака да носи фустан? И на ниедно дете не му треба играчка пиштол, независно од пол, род, додај по желба. Ништо поразлично не кажав. Ако читаше, ќе видеше дека според мене на транс не им е местото под ист чадор со хомосексуална/бисексуална популација.
Така си е. Но, мнозинството во минатото исто се однесуваше кон жени, црнци, геј популација. Пак прашувам, каде е поточно грешката во имање ИСТИ играчки, иста облека за машки и женски? Во што поточно е проблемот твојот стрејт колега да дојде со штикли на работа, пример? Останатото (биолошки дел) мислам се согласивме, не знам што да одговорам на тоа бидејќи исто мислам.
Проблем со играчките нема, децата секако играат со сите играчки во одредена фаза на својот развој. Има цели студии/истражувања направени на деца кои тврдат дека имаат природна склоност кон одредени играчки. Децата во градинка сами си ги бираат,но сепак забележливо е дека девојчињата имаат понежна моторика кога играат и со кукли и со колички. Сум ги набљудувала,тоа е природа. Да носат иста облека? А зошто да носат иста облека? Зошто некој решил дека треба да се прекинат друштвените обрасци досега и ке правиме некое ново друштво? Зошто да не носат розево или сино туку беж? Зошто постигнување глупава еднаквост меѓу половите место секој со предностите и особеностите на својот пол?
Не да носат беж. Да носат момчиња розево и сино, девојчиња розево и сино. Што е предност на машкиот пол? Старите обрасци не чинат. Јбг. Ни требаат нови. И жените еднаш во минатото не смееа да носат панталони. Денес носиме почесто него фустани
Па сега, да речеш дека обрасците за родови улоги се исти на Балкан и во Скандинавија, не е баш реално, нели? Никој веќе не носи, ни фустани ни штикли, ниту имале проблем со прифаќање на сексуални групи. Според природата на нештата измислија беж. And yet, there we are...