И јас не сфаќам што е пресмешно. Треба да паѓам во несвест и да се дивам на оние ненормалнине како Дилан и слични на нив, ама овој бил пресмешен. Колку само се заостанати овие екстремни воук левичари, жално е....
@theowndemon Да ти ја активирам и оваа тема. Ќе се надоврзам само на тоа што претходно сум пишувала. Значи имаме пол (биолошки одредено) и род (општествено одредено). Не би рекла дека родот е природно одреден, пошто ко се раќаш со женски полов орган не ти доаѓа природно да се облечеш во розево. Така те облекуваат, затоа што си биолошки женско бебе. И тука е првата диференција според пол, како да изгледа едно женско бебе. Жените се дискриминирани врз база на пол, не на род. Децата уште додека не ни знаат што е род им се наметнуваат улоги и стереотипи врз база на нивниот пол. И така се создаваат родовите, родовите улоги, родовите стереотипи. Е сега пошто веќе не сакаме само сендвичи у кујна да правиме, се бориме да не сме дискриминирани жените и се бориме за еднаквост на мажите и жените. Таа еднаквост се постигнува со кршење на родовите улоги и очекувања од луѓето и според полот и според родот. Значи секое човечко суштество да може да изгледа како сака, да прави што сака (нели се додека не наштетува на некој). Така ова со neo pronouns мене ми е прилично регресивно. Ако си маж според пол и род, ама не се идентификуваш според родовата улога нема поента за нов pronoun. За тоа и е борбата, да ги рушиме овие улоги наметнати од патријархатот, а не да речеме "ОК, јас не се пронаоѓам тука, ама вие продолжете слободно." Делам мислење со @Srckata28 на оваа тема. Мислам најдобро е да нема никакви родови веќе, да се водиме според пол. Машки полов орган - машко си (male, како пол), женски полов орган - женско си (female, како пол). Што не носи до дисфоријата. Ама тоа во другата тема продолжувам. https://forum.femina.mk/threads/Трансродови-лица.29501/page-116
Не ти успеа. Breath of fresh air ми беше се шо пиша во двете теми. Пишам сега само за да речам дека никогаш немаше да можам вака да се изразам, а баш тое-то за мене и она шо мислам. So, thanks fam.
Можеби ќе успее, еве и јас ќе пишам. Гледам не сум коментирала во темава. Да, родовиот идентитет е општествен производ. Сите знаеме што ни е наметнато и во каков калап треба да бидеме како мажи и жени. Ама - ако јас сум женско, и притоа не се вклопувам во сите тие "женски работи", што општеството ги наметнало и ги очекува од мене, тоа не значи дека не се чувствувам како женско, дека имам дисфорија или дека повеќе се идентификувам со другиот пол. Може да си го прифаќам својот пол ама да не ги прифаќам сите тие работи што општеството ги припишува на една жена. Може да сум жена и да се идентификувам како жена, а да не сакам да раѓам. Може да сум жена и да се идентификувам како жена, а да не сакам да се шминкам, да носам фустани. Може да сум жена и да се идентификувам како жена а да не сакам да сум цела мазна со влакна само на главата. Жена сум, ама моја е одлуката како ќе се однесувам и како ќе изгледам. Истово и за мажи важи, само за нив мислам е порадикално, жена да носи панталони и патики е прифатливо ама маж со фустан и високи потпетици, малку потешко. И вака си мислам, дали има повеќе транс жени отколку транс мажи? Оти, жена може да се облекува "машки" и да остане жена, а ако маж се облече како "жена", тој не е маж туку одма е транс жена... хм. Мене родот не ми значи ништо посебно оти го поистоветувам со полот. За мене, маж и жена се разликуваат по пол, па какви сакаат карактеристики нека имаат. Е сега, ако некој е транс и сака да му се обраќаат со другиот пол, добро. Ама "машкуданка" и "женче" за мене нема. Никој не мора да е дел од калапот.
Мене целава иронија ми е што најлиберални (ако се воопшто тоа) истовремено се трудат да избришат родови стереотипи и продаваат огромно значење на родот дека е побитен од полот. Значи општеството е срање ама родот што е општествен продукт е побитен. Ае...
Не се трудиме да бришеме родови стереотипи. Има премногу луѓе на кои им одговараат родовите стереотипи и нема никогаш да се избришат. Тоа што се трудиме да направиме е да се прифатат и оние луѓе кои не ги исполнуваат родовите стереотипи. Не се сите општествени продукти срање само бидејќи општеството е срање. Еве и семејството е општествен продукт.
Ова ми се појави на фб и потполно се согласувам. Во иднина децата во училиште ќе учат за оваа општоприфатена децениска пандемија на полово-ментални нарушувања.
оваа ако е поубава од жена, па и од мене до каде со вилицава и забиве на Мис оценуваат и лепота или вреќа им ставаат на глава?
Чудна работа, сите до една кандидатки се среќни за нејзе, а вас што никако не ве афектира која победила, толку ви смета. Плус па се работи за нешто толку небитно за општеството и обичниот човек. Ај да беше некој спорт а она да е во почеток на транзиција - нормално ќе има биолошка предност, ама вака што побогу ви смета не разбирам, или едноставно се работи за омраза кон трансродовите лица? Овие од преземи одговорност какви шупелки се па...Уште не дознав кој ги финансира.
Во Шкотска "Жена" додека била маж ,во 2016 и 2019 извршил силувања на две жени . Неколку години подоцна "решава" дека се осеќа како жена ,во суд му се суди дека е виновен , пардон Виновна и ќе служи казна во женски затвор. Епа ,мај ес. Еве ви.
Кој кого треба да финансира, за да произнесеш здраворазумски став? Инаку, ич не ме боли уво кој бил мис, кој мисица. Ама проблемот е малку подлабок од тоа.
Мене лично ме интересира кој ги финансира нив - од љубопитност. А мојот став нема да се смени независно кој која организација ја финансира, јас сам градам свој став а не некоја организација за мене, а лично па сосема здраворазумен ми е ставот, тоа што тебе не ти се допаѓа е друг проблем.
Види, мене ми е чудно, пошто не секој фб профил значи дека е платен од некого. Ваљда. Ко да кажам, секој овде што кажува став, е платен од некого, јер бесплатно став се нема. Ама ок, секој од своите перспективи тргнува. Немам појма ни кои се, ни дали се организација, ни какви ставови имаат. Конкретниот скрин има поента, што ти, како не-биолошка-жена никогаш нема да го разбереш.
Стварно незнам кај да го ставам ова. . Ве молам преместете ако треба ,кај треба. Дали ова стварно кај нас постои??????
Стварно ми е пукнат филмот веќе од ова. Што ги мешаат децата бе? Дали е нормален бе овој свет и овие луѓе?
Токму ова ми предизвикува огромна одбивност. Не знаат како да се наметнат веќе, сега и преку деца пробуваат да си ја лечат психичката пореметеност. Странава ми стои како лажна затоа што транс деца не постојат. Мешање деца во пропаганди и идеологии е толку одвратно, болно, надвор од сите граници.
Побогу, кој ви е на вас проблемот. Секое дете треба да е заштитено и безбедно на училиште, заради вас ли да трпат деца што не можете да проголтате дека постојат транс луѓе? Секако дека постојат транс деца. Не се согласувам со транзитирање на мали деца или било какво менување на пол, имиња и слично, ама и да не ја знаат терминологијата, има машки деца што сакаат да се однесуваат и облекуваат поженствено и женски мушкаданки (дури и ако едноставно се изразуваат така, а не се транс). Зарем не треба да биде тоа нормално и да им дозволуваме на децата да се облекуваат како што сакаат без да бидат малтретирани на школо и да бидат нарекувани педери и слично? Јас лично сум сведок на дете во одделението на сестра ми, кое е родено како машко а бараше од сите да го/ја викаат во женски род и со женско име. Родителите ја пратија во ментална установа и отсуствуваше со месеци од школо, а ни тоа не помогна, пошто за полуматура се појавила со направени долги нокти. Што е тоа дете ако не транс? Многу сте чудни стварно и очигледно е кои се родителите кои ги воспитуваат децата да вреѓаат други деца во школо.