Навечер после двојно чистење на лицето прскам од Новексперт спрејот со магнезиум, па ставам од хијалуронскиот серум исто на Новексперт, па флуидот. Е сега сакам да ја вметнам и кремава, имам црвенило на образите и челото и ми излегуваат такви црвени, ко спотс не знам како да ги дефинирам, не се акни, повеќе чешаат. Оваа ја видов во Белина, ама може и други да ми предложиш. Сакам . И за што помага уствари азелаичнава?
Кој серум го користиш? Колкав процент на азелаична киселина има? Јас користев долго време скинорен ама сега не можам да ја најдам никаде. Оваа на белина ми е слаба во споредба со скиноренот.
Супер ти е рутината. Епа вака во кратки црти она е за смирување на црвенило,акни,розацеа помага,анти инфламаторно и анти бактериско е ,осветлува дамки и флеќи само зависи се ова од колкав % е . Не е киселина што исфрла како останатите оваа е поинаква и на повеќето луѓе се погодува. Можеш да ја вметнеш таа пример ако немаш крема или ако ти е прикрај за да не додаваш за џабе само. Но имај во памет дека не се знае крема колку ќе помогне, обично серумите се за таква намена се поконцентрирани и подлабински навлегуваат во кожата. Јас до сега две имам видено и истражено едната си ја купив од Олпео серум со 15% ,додека другата во дм ја има ама не е со најчисти состојки барем за мене јас имам пресензитивна кожа и на се ми реагира и е 10% ( ако трпиш парфем во крема нема да ти смета овој ) поевтина варијанта е со причина ама за да се почне од негде е во ред.
Овој го користам со 15% азелаична,има камилица внатре и алое,што помагаат за хидратација и за смирување додатно како главни состојки покрај него. Ова е серум си треба обавезно после него крема хидратантна
Супер. Јас за акни користам азелаична конкретно. Скинорен е 20% ова со 15% е посигурна варијанта за мене него 10%. Супер што прочитав бев во план да порачувам од the ordinary ама и тоа е со 10%.
Фала ти многу на исцрпниот одговор. Како си задоволна од овој серум што го користиш? И јас исто имам пресензитивна кожа и еден куп продукти завршиле во канта, затоа мислење од некој што има слична кожа ми значи многу. Дали би било проблем дампочнам со 15% со оглед на тоа дека до сега немам користено? И кај да го вметнам во рутинава вечерна? Се става на цело лице или само на проблематични места?
Вака јас го ставам на цело лице бидејќи скоро цело ми е проблематично и останато од акни. Јас прв пат користам азелаична и тоа е 15% нема правило тука за него. Ама пробај на проблематичните делови по малце се става минутка да се исуши па добрс крема. Имаат како тестер извадено можеш да пробаш да ставиш на врат/ брадата и до вечерта да видиш дали ќе имаш реакција (пецкање,црвенило) нешто такво слободно можеш да се потпреш на него. Јас така направив и топ ми е сега само морам и витамин ц јас да спојам со него за пеѓиве и од акни што ми остануваат.. Епа јас би после хиалуронската киселина па после азелаичната секако крема. Ама и би ти рекла еден два дена да го ставаш сабајле хиалуронската а навечер само азелаичнава за да видиш како ќе ти реагира кожата и како ќе помине и се тоа па ако е се супер ќе остане така или ќе пробаш и еднаш со хиалуронската пред него и ќе видиш како повеќе ти одговара бидејќи сите имаме различна кожа и различно преферира. Битното е тоа да го пробаш таму на лице место на врат/брада и да почекаш минутка или до вечер да истестираш за да видиш како ќе ти биде .
Моментално користам на ла рош против розацеа имам, приметено дека продукти со термална вода ми помагаат против црвенилото...
Некој совет за лекување на розацеа Не може скроз да ја снема свесна сум, ама да се намали црвенилото некако? Со некои креми или било што? Конкретно на образите е истакната. може слика од производот?
Dali posle prekin na roakutan ti se vrati crveniloto? I jas imam rosacea no i akni zaedno, momentalno sum n2 meseci na roakutan i pocna veke nekoe podobruvanje da ima a crveniloto inaku mi e na momenti odnosno koga menuvam temperatura od ladno na toplo mislam mi gori..
@_beautyy_, @Antebellum Гел е на ла рош, не е крема, кремата не ми одговараше ја сменив по препорака на членката @franca и стварно морам да кажам дека кремата на база канабис ми помогна дополнително лицето да ми се исчисти, не ми е сега толку црвено. Еве го гелот https://www.zegin.com.mk/mk/la-roche-posay-toleriane-neguvachki-gel-za-miene-lice-400-ml А, сега случајно видов имаат и само термална вода околу 700 ден, последен производ е на страната на зегин,ама не знам баш за што е, не сум пробала. Јас ова го користам и кремата на база на канабис и топ ми е лицето.
Здраво феминки. Ги прочитав мислењата погоре и јас се соочувам со розацеа на образите и почна на делови над веѓите и под носот. Значи не сум секогаш црвена зависи од времето, храната и претежно сабајле кога ќе станам највоспалена сум. Користев се што е за розацеа наменето од креми, клинсери, термални води но тоа е моментално и не го решава проблемот. Кожната ми кажа да испитам хелиобактер и сега тоа ќе го правам и здравје ако сум негативна планирам на ласер да одам гледам дека по салониве прават ласер на лице па прашањето ми е дали некоја од вас има правено ласер на лице за розацеа и дали е успешно. Благодарам
За поконкретни резултати мислам дека ништо под 20% , односно 20% за азелаична, послабите може за одржување кога е во мирна фаза. А кремата на баз на канабис која е? Инаку, со храна мора строго (шеќери, брашно, зачини, луто, топло, ладно, риба, месо тоа две најубаво не) бидејќи за розацеата има многу сомнежи, а ништо потврдено. Се смета дека и прележан Epstein–Barr или мононуклеоза (како вирус детски) може да е тригер. Ласерот е напорна работа, јас имам купероза и треба да се пази што каде и како.
Мислам дека не е лошо да си провери, и хелико може да е тригер, ама најубаво да се провери преку фецес, а не преку крв
Наместо да се замара со тоа, нека направи детално чистење на дебелото црево и нека види што ќе се случува, познавам личност која после чистење на црева лицето и светна од црвено, бело во жан митрев мислам сега има таква опција, а за хеликобактер само трошење време и пари.