Не дека одам по трендовите, но многу се зачудив на новиов. Сега било тренд да се исфарбаат прамени или па целата коса во некоја боја како розева, сина, виолетова... Многу чудно... Сепак би изгледало интересно Ама за мене, ни за 100 години што мислите вие, за овој така наречен тренд... Ако не привлекува дискусија, слободно во кантаа
Розева Коса??? Не е предмет на дискусија и не привлекува таква било што кога...е розево у прашање,а не па уште розева коса.
Розева Коса??? Вака нежно розево и виткано ми изгледа примамливо и слатко. Ама да опниш јако розева од оние фуксија,маџента или како и да се викаат,тоа ми е многу селски.
Розева Коса??? Хахаааааааа, оваа се викаше Зорица Брунслиќ нели? Она секогаш ќе е у тренд, пошто нема боја со која не си ја исфарбала косата. Розева, виолетова,портокалова...... Шала на страна, вакво јако не ми се допаѓа, тоа нежното не е лошо. Ама јас не би, никогаш!
Розева Коса??? Колку ми е розев животов уште розева коса ми фали. А понекогаш ме маваат точки и така ќе ја снема пак за некое време, па да пробам
Мојата наставничка од основно ја фарбаше косата во сите бои. Знам дека на мојата полуматура таа се појави со розева боја на косата, на ништо не личеше, ништо
Никако розева! Како лампион ќе се чувствувам. Пред некое време пред Веро видов една баба со розева коса, неможев да воздржам, а да не се насмеам