Има и некои ексцентрични ептен па се занесуваат.Ту розева коса на ништо не личи. Грозно ептен изгледа.За ништо не би си ја направила косата розева !
Мене ич не ми се допаѓа, а додуша и ретко имам видено некој со таква коса Уште што ли нема да се измисли утре нема да ме чуди да видам и девојка со ваква коса
Оф, уште ова го немам видено кај нас. Али нека почне да се објавува по сајтовите дека е тренд сега тоа, нема да ме чуди ако видам.
Па не зошто изгледа мн. вештачко јас сум човек а не кукла впрочем затоа се разликуваме од неживата природа
Пу,пу.Скарај да е. Не планирам розова да се офрабам,па макар и сите да одат розови. Многу ми е грдо,а што е најтрагично ќе се чуствувам како барбика. Инаку познавам една што косата од црвена и се направи ваква : и ептен грдо изгледа.Па за среќа пак си се фарба црвена
Пред 1 ипол година си ја направив ваква косата со колор шампон , не знам што ми бил филмот дефинитивно Никогаш повеќе , се срамам сега ама помала сум била оправдано е.
А поради која причина некој би сакал ваква коса, жити сВе? Не би сакала косата да ми изгледа како зид од детска соба на мало девојче.
Дефинитивно многу ми се свиѓа како им стои на некои, а лично не знам можеби на лето би се офарбала али омбре плаво и доле малце светло розево. Има стварно некои многу интересни бои Ваква би ја направила јас а другиве онака убави ми се боите како бои
па сто знам ова сто ја имам на аватар со малце црно убаво би било али искрено нема да пробам иако сакам
Па би сакала да имам розева коса но не цела сакам само на долниот ден на косата околу 7-12 цм да ми биде офарбано така исто сум видела многу девојки и привлечно ми изгледа На лето сакам да пробам и јас така само на долниот дел на косата светло розева боја
Што има толку лошо во останатите бои? Забележувам дека откако Rihanna стана црвена, гооолем процент станаа црвенокоси (зборувам за црвенокоси со бланш, со основно црвена нијанса). И тоа е неприродна и нестандардна боја но тоа не пречеше бидејќи Rihanna и уште некоја таму личност има црвена коса Башка, има и многу кои се циклама розе во косата и тие поминуваат незабележително. Само чекаме друга попозната личност да се офарба нестандардна боја и да ги тргне периките за да стане нормално и да не подлежи на чудни погледи!